Кралска турнеја
Вилијам и Кејт во Холивуд
Принцот Вилијам и принцезата Кејт, по деветдневна интензивна посета на Канада, преполна со настани, ја продолжија својата кралска турнеја во Калифорнија, што е нивна прва официјална посета на САД.
Пристигнувањето на војводата и на војвотката од Кембриџ во Лос Анџелос предизвика огромно внимание во јавноста и во сенка ги фрли и најголемите актерски имиња што беа присутни на специјалната Бафта-вечера, во чест на британскиот креативен талент, на која Принцот Вилијам одржа говор.
Кејт и Вилијам им ја украдоа вечерта на познатите холивудски актерски имиња. Дочекани како најголеми ѕвезди, на црвениот тепих пред театарот „Беласко“ во Лос Анџелос ги поздравија стотиците фанови што ги извикуваа нивните имиња. Кејт блесна во креација со потписот на Александар Меквин, а познатите, меѓу кои беа Том Хенкс, Никол Кидман, Џек Блек, Џенифер Лопез... добија прецизни инструкции да не бидат нападни со кралските гости.
Истиот ден, малку порано, принцот Вилијам учествуваше и во добротворен натпревар во поло на кој постигна четири гола, а за награда доби трофеј и два бакнежа пред јавноста од својата сопруга. „Мислам дека се прекрасни“, додаде Никол Кидман.
Кралската турнеја завршува денеска кога се очекува Вилијам и Кејт да се вратат во Британија. |