Карла и Никола Саркози
Последен одмор во двојка
Првата дама на Франција, Карла Бруни, и нејзиниот сопруг Никола Саркози уживаат во романтичен пребејби одмор на француската ривиера. Се чини дека го вадат максимумот и уживаат во секоја секунда од летниот одмор пред доаѓањето на свет на нивната прва заедничка рожба, која се очекува кон крајот на годинава. Папараците ги уловија додека се шетаа на плажата во Fort de Bregancon, каде што се наоѓа претседателска резиденција. Двајцата постојано се држеа за раце и уживаа во серијата бакнежи и прегратки додека се возеа со брод и шетаа на крајбрежјето.
Карла е во поодмината бременост, но во големината на стомакот слободно може да и' парира и Никола, кој очигледно се олабавил малку повеќе во јадењето...
И додека јавноста чека на официјално соопштение за приновата, стомакот беше повеќе од забележлив под нејзината виолетова кошула. Саркози, пак, кој се одлучи за бела маица и црни бермуди, се однесуваше многу заштитнички кон својата сопруга, постојано внимавајќи на неа, помагајќи и' да се качи на бродот �� галејќи ја по стомакот.
Приновата во семејството Саркози ќе биде втора за Карла, која веќе има 10-годишен син, а четврта за Никола, кој има три сина. Бруни и Саркози ја почнаа врската во ноември 2007 година, а се зедоа три месеци подоцна на приватна церемонија во Елисејската палата на 2 февруари 2008 година. |