Хрватска ќе избира eвровизиски претставник на реално шоу
Фестивалот „Дора“, на кој Хрватска досега го избираше својот евровизиски претставник, од оваа година станува реално шоу, пресече организаторот ХРТ одлучувајќи да ја промени досегашната практика.
„Почнавме подготовки за голем, нов проект. Во соработка со хрватското радио и музичката продукција ќе направиме серија на седум големи шоу-емисии в сабота навечер во прајм тајм“, изјави уредничката на Забавната редакција на ХРТ, Елизабет Хомси.
Изборот се прави според германскиот и шведскиот начин на избирање песна и наместо една вечер, ќе трае два месеца, а ќе се одвива во загрепското студио на ХТВ. |