Број 3380  понеделник, 13 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Тивки чистки во владиниот двор

Се најавуваат нови разрешувања и ротирања во редовите на функционерите

Александра М. Митевска


Дваесетина функционери од третиот ешалон на власта се сменети, а барем уште толку допрва ќе заминат од функциите или ќе бидат ротирани, откако премиерот Никола Груевски реши да ги искористи наметнатите околности како изговори за прочистување на владејачките редови. Извори од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека проветрувањето нема да заврши со разрешувањата, преименувањата и назначувањата што се случија кон крајот на минатата недела. Кадровската чистка во наредниот период, веројатно, ќе ги зафати и редовите на ДУИ, каде што, наводно, веќе подолг период темелно се анализира работата на сите партиски функционери.

Во саботата не се одржа прес-конференција за директорските смени што ден претходно ја најави премиерот Никола Груевски. Тој вчера, во изјава за медиумите, избегна директен одговор и на прашањето дали разрешувањата се вовед во генералка, односно во реконструкција на Владата. „На директорите што ги именува Владата им истекуваат четиригодишните мандати.

Таму каде што ќе процени дека директорот го дал максимумот, тој ќе биде сменет или ќе добие друга функција. Онаму каде што ќе процениме дека директорите се' уште можат да придонесат во работата, ќе им бидат продолжени договорите за уште четири години“, објасни Груевски. Тој се пожали дека има чувство дека што и да направи тоа ќе биде протолкувано како грешка - и ако не смени никого и ако смени некого.

На повеќето директори што беа именувани во 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ја преземаа власта, навистина им завршуваат мандатите. Но, ако се анализира функционерскиот список што во петокот го лиферуваше Владата, неизбежен е впечатокот дека е поголем бројот на директори кои добиле нови четири години, но и дека на добар дел од разрешените или преименуваните, сепак, не им завршил мандатот.

Ванчо Шехтански, на пример, беше директор на неодамна формираната Агенција за конфискување имот. Упатените велат дека, иако станува збор за агенција во која се вртат многу пари, таа немала речиси никакви услови за работа, така што е тешко да се каже дали префрлањето на Шехтански како директор во Инспекторатот за локална самоуправа е унапредување или деградирање. Прав се крена и околу разрешувањето на Илчо Захариев, кој долги години беше директор на Бирото за лекови и кој важи за многу компетентен во оваа област. Овој потег на Владата веднаш се поврза со политичката заднина на Захариев, кој едно време важеше за кадар на ВМРО-НП. Но, партиски извори велат дека тоа едноставно не држи вода, бидејќи некогашните кадри на ВМРО-НП сега имаат најудобни положби во власта. Благица Новковска, на пример, која своевремено, исто така, беше блиска до ВМРО-НП, овој пат ја задржа директорската позиција во Државниот завод за статистика.

Целата приказна со кадровските чистки, всушност, почна кон средината на летото, кога Ване Цветанов поднесе оставка од директорската функција во Управата за спречување перење пари. Веднаш потоа Владата соопшти дека го разрешува Цветанов, повикувајќи се на барањето на Антикорупциска комисија за негова смена. Станува збор за истата сугестија од Антикорупциска што Владата, претходно, со месеци ја игнорираше и која се однесуваше и на други функционери, кои засега не се на списокот за разрешување. По истиот принцип, ВМРО-ДПМНЕ реши да покаже слух и за инсистирањето на Антикорупциска за решавање на случаите со судир на интереси и со кумулација на моќ кај владејачките функционери, за што претходно, исто така, не беше заинтересирана. Благодарение на партиската директива функционерите да се ослободат од вишокот фотелји се ослободени советнички места за кадри на ВМРО-ДПМНЕ, што беа на кандидатските листи на локалните избори, но тогаш, во согласност со изборните резултати, не освоија мандат во советите на општините. „Тоа беше вистинскиот модел за амортизирање на незадоволството меѓу членството кое во изминатите четири години не ги оствари своите амбиции“, коментира функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Со операцијата наречена „Декумулација на функции“ беа ослободени и дел директорски места во државни институции, од каде што заминаа партиски кадри за кои се процени дека може да дадат поголем придонес како членови или претседавачи во општинските совети. Некои од тие фотелји, како престижната директорска во МЕПСО или директорската во Градската болница во Скопје, допрва ќе се пополнуваат со нови вмровски кадри.

Во наредниот период, според информации што ги објави телевизијата Алсат, може да се очекува смена на заменик-секретарот на Владата, Абдула Азири, на чие место би бил именуван сегашниот заменик-министер за внатрешни работи, Џеват Бучи, чиј, пак, наследник не се открива. Наскоро би требало да се назначи и нов заменик-директор во Управата за јавни приходи, по разрешувањето на Алаудин Зекири, поради злоупотреба на службената должност. Со владина одлука е разрешен заменик-директорот на Агенцијата за вработување, Рахим Лимани, кој решил да остане советник во Град Скопје, а на негово место е назначен Абдулсамет Шабани.

Во изминатите четири години, колку што е на власт, Груевски само еднаш ја реконструираше Владата, кога оставки си поднесоа Ивица Боцевски, Перо Стојановски и Ацо Спасеновски, а Трајко Славески беше разрешен. Во министерскиот состав на ДУИ, пак, воопшто не е интервенирано во последните две години. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 5020 пати.

Испрати коментар

Од: PRECIZEN
Датум: 13.09.2010 12:11:09
Vie novinarite kako ne se secavate deka ne e Vane Cvetanov prv razresen,pa neli bese razresen Pande Lazarevski od CUK,otkako vie od utrinski ja iznesovte vesta za koristenje na stanot za posdiplomski....pa toj se pofali oti vednas ce dobiel nova funkcija,,,,,,,,,
Од: aco
Датум: 13.09.2010 12:23:59
А што е со стоматологот кој како лице кое дало особен придонес во социјалата е Државен секретар за труд и социјала и во исто време е и советник во Општина Аеродром
Од: ја
Датум: 13.09.2010 12:37:10
Зошто за кратко време се поставуваат нови раководители кога треба сите од прв до последен да си заминат (за што ќе им пресуди народот на вонредни избори).Па нели им поминал четири годишниот мандат.Пастирот треба да започни од себе.Море ај СИКТЕЕЕЕЕР!
Од: Deja vu
Датум: 13.09.2010 13:09:59
Se iznakradija, pa sega gi stavaat na novi funkcii. Izgleda nemaat cesni lugje vo DPMNE?
Од: krste
Датум: 13.09.2010 13:47:40
Мразам лопатаааааааааа.........................
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 13.09.2010 13:58:18
До „АЦО’! Синко АЦО ногу си погрешие к’д си поставие питање за ПРИДОНЕС на лекара СТОМАТОЛОГА к’ко ДРЖАВНИ СЕКРЕТАР у Министерство за труд и социјауну политику. Ај ојди пред министерство и види к’ко се службеници од портира до министра СВИ СМЕЈУ. И ќе ти биде јасно. За све ово време што не се појавие у јавност (оној бивши Дуле Миновски с’с изјави на ТВ беше како пеницилин, сваки 5 саати ете ти га). Он ПОПРАВЉА И ПОПРАВИЕ ЗУБЕ НА ЗАПОСЛЕНЕ. После, за д’н-два ќе прејде да ординира у финансие... Не итај, ќе бидне...
Од: izi
Датум: 13.09.2010 15:41:33
stotolku sefatil ovaj samo zalopta pazadruga rabota negobivat samo natoj nacin mak keizleze od kriza
Од: tafo
Датум: 13.09.2010 15:58:53
se cudam na konstatacijata zosto ne se smeneti ministrite i drugite funkcioneri na dui, pa kako da gi smeni gruevski niv koga tie se beszvucna bukva, tie se na kolen apred gruevski, zosto da gi smeni niv, nema rezon neli
Од: Blue fighter: DPMNE na vlast = dvacija na site etablirani vrednosti
Датум: 13.09.2010 16:24:07
Politikata na ,kobajagi kontinuirana proverka ,na rezultatite na vmrovskite portokali a la Grujo model e samo obicna kamuflaza za lesnovernite i predizboren trik so koj se propagiraat t.n. visoki "kriteriumi" pri izbor na "soodvetnite"(citaj obratno).Klikata na poslusnici i glavoklimaci koi go ispolnile najbaraniot kriteruim za zadovoluvanje na egoto na Pastirot ne e pomrdnata.Promenite na vtoriot i tretiot esalon,od koj potencijalno se regrutiraat diplomati-amateri za sram na MKD sekade vo svetot,ostanuva opcija za uteha od smenata na funkcionerite.Zatoa,site molcat i ne smeat ni da kazat zosto se smentei.Se nadevaat na unapreduvanje.Kolku poveke se na vlast,tolku vrednosnite kriteriumi se dvirani,coveckite resursi pobedni vo intelekt i znaenje,zasto,neli ,nikoj ne smee da bide popameten od prilepskiot mediokritet.More,neznajko.I mediokritet mu e mnogu.Zatoa,pocnete da razmisluvate,sporeduvate,merite i premeruvate za sekoj poteg na Potemkinovi sela so koi ve lazat sekoj den
Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.09.2010 17:16:09
Оваа чистка можеби ќе биде заразна па така некој ќе го повика ексминистерот за здравство да дојде тука и да се одбрани од нападати,а и живот во бегство нее живот.Исто така ќе си ги открие некој другарите кој 2005 год. се офајдија од телекомот, барем така се надеваат Германците.Некој ќе го натера оној од ЕСМ да се соземе и дани објасни како се добива провизија и т.нИмаме цел куп надежи дека опозиционите одговорни ќе не просветлат.
Од: јас
Датум: 13.09.2010 21:17:40
Среќко пак го живее филмот на овчарот и портокалите...Се враќа назад во времето и ни кажува дека СДСМ правел вака или онака кога бил на власт.Со тоа мисли дека се амнестирани од сегашна одговорност и овчарот и неговите портокали!! Ама грдно се лаже и Среќко и овчарот и портокалите ( дебело ќе одговарате сите до еден)..И еден совет Среќко , не ја гледај раската во окото на другиот , поради гредата во твоето око!!!

Најди! во Утрински
Втора страница
Ватерполо и веронаука
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ договорија закон за попис
Вербатим