Број 3380  понеделник, 13 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ договорија закон за попис

Министерот Адеми апелира да не се политизира и етнизира пописот 2011

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ совладаа уште една пречка што се закануваше да ги наруши односите во владејачката коалиција. Партиите на власт ја договорија правната рамка за претстојниот попис на населението и за тоа вчера ја информираа јавноста.

На заедничка прес-конференција во Владата, министерот за правда, Михајло Маневски, и вицепремиерот, Абдулаким Адеми, соопштија дека Владата го утврдила Предлог-законот за попис на населението, така што тој во скоро време би требало да се најде пред пратениците. Населението, становите и домаќинствата ќе се попишуваат во периодот од 1 до 15 ап��ил следната година. Пописот ќе го спроведе државна пописна комисија, во соработка со Државниот завод за статистика, а целата операција ќе ја следи ЕУРОСТАТ.

„Владата ги презема сите мерки пописот да се одвива во добра атмосфера и законски, со почитување на меѓународните стандарди и препораките на ЕУРОСТАТ“, рече Адеми, апелирајќи да не се политизира и етнизира процесот. Успехот на пописот, според него, е успех на секој од нас и на Македонија воопшто.

Министерот Маневски информира дека попишувањето ќе се спроведува на македонски јазик и кирилично писмо, а во деловите од земјата каде што над 20 проценти од населението се припадници на немакедонска етничка заедница, населението ќе може да се изјаснува по сопствен избор - на македонски јазик или на јазикот на етничката заедница на која и' припаѓа.

Првичните резултати Заводот за статистика ќе ги објави 60 дена по завршувањето на пописот, а конечните најдоцна до јуни идната година.

Според директорката на ДЗС, Благица Новковска, направени се сите подготовки за успешно реализирање на оваа најкомплексна и најсеопфатна активност. Во мај минатата година е спроведен пробен попис, како една од клучните подготовки за старт на официјалниот.

Последниот попис на населението е спроведен во 2002 година, по донесувањето на Рамковниот договор. И тогаш на чело на Државниот завод за статистика беше Благица Новковска, која деновиве доби уште еден директорски мандат од Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање за евентуалната застапеност на албанската етничка заедница, Адеми апелираше да не се шпекулира со бројки. „Влегуваме во процес на пописот и не би сакал да зборувам кој колку ќе биде застапен“, истакна Адеми.

Новковска, исто така, потенцираше, дека никакви лицитации со бројки не се потребни додека не се објават конечните резултати од попишувањето. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 658 пати.

Испрати коментар

Од: tino
Датум: 13.09.2010 12:31:32
Problemot e koj dokumet ke bide validen za popisot a ne od stari licni keri i zdravstveni legitimacii, zavisi koj ke bidat vo komisiite kaj t.n. albanci
Од: Artan M.
Датум: 13.09.2010 14:11:30
Popisot treba dase izvede so validni dokumenti izdadeni od soodvetnite institucii, ne znam sto e tuka sporno za komsijata t.n. "tino"??? Spored Ministerstvoto za Obrazovanie vo vkupniot broj na osnovci zapisani od 1992 godina pa se do denes, brojot na Albancite se dvizel okolu 34% od sevkupniot broj na zapisani vo sekoja naredna godina. Ovaa procentualna zastapenost ne e promeneta od 1992 godina!!! Kade se gubat najmalku 8.5% od vece vozrasnata Albanska poulacija, gi prasuvam nesposobnite politikanti od DUI i DPA?
Од: andon
Датум: 13.09.2010 15:46:27
demokratijata konecno navleze vo makedonija i na popisot vo 2011 ke mozat i makedonskite bugari slobodno da se popisat i da gi dobijat svoite prava sto im sleduvaat kako gragjani na makedonija isto kako i na albancite turcite romite srbite bosnjacite vlasite i makedonskite bugari
Од: мене
Датум: 13.09.2010 18:44:28
Браво!!! Г-а Новковска го среди минатиот попис, па сега ќе го раководи и овој, или системот е веќе разработен? Каква врска има бројот на албанчиња во прово одделение со вкупниот број на албанското население? Новковска треба да се прати во Зимбабве (како експерт) границите да се затворат и во ист дена да се извши попис во Македонија, Србија, Косово, Албанија, а не едни исти „согрѓани’ и „граждани“ да се попишуваат по три пати. Инаку штом е договорен законот за попис, веројатно се договорени и бројките. Ни Господ не знае веќе каде оди оваа држава...
Од: zoki
Датум: 13.09.2010 21:24:40
G-gja Novkovska, kako eks clen na VMRO-NP, posebno se zalozi za Bugarite vo noviot popis( ne me cudi zosto).Me interesira, za da ne dojde do zabuni posle, jasno da ja objasni metodologijata, koja ljubi da ja spomenuva,na primer pri presmetka na potrosuvackata kosnicka.

Најди! во Утрински
Втора страница
Тивки чистки во владиниот двор
Ватерполо и веронаука
Вербатим