Се излажаа љубителите на спортот кои помислија дека викендов без пречки преку програмата на МТВ ќе можат да ги следат завршните натпревари од Европското првенство во ватерполо. На многумина вниманието, веројатно, им го одвлекувал телопот што со часови минуваше низ телевизорот, а со кој родителите на петтоодделенците се повикуваат да им овозможат на своите деца да учат веронаука. Пардон - етика на религии.
Кој тоа ги советува родителите каков избор да направат остана непознато, бидејќи никаде не пишуваше кој ја плаќа пропагандната порака. Ако некој воопшто платил за долгометражното користење на рекламниот простор на националната телевизија во ударен термин!?
Дали раководството на МТВ, чиј основач е Собранието, а која би требало да биде сервис на сите што плаќаат претплата, на своја рака решило да го популаризира проектот што ВМРО-ДПМНЕ го турка уште од доаѓањето на власт? ��ли, пак, станува збор за уште една од мноштвото владини реклами, иако никаде не беше назначено дека е во прашање платена политичка пропаганда? Единствено, беше наведено дека предметот што се рекламира е „своевидна замена за веронауката, откако Уставен суд донесе одлука за нејзино укинување“.
Сеедно, по читањето на топлите препораки, тешко е да се поверува дека има родител кој нема да му овозможи на своето дете да го изучува предметот што нуди „содржини што промовираат љубов и доверба, запознавање со вистинските вредности на религијата и кои учат што е добро, а што зло во животот“.
На човек, просто, да му стане жал што генерациите досега немале можност да ги совладаат овие лекции и што етика не учеле оние што сега толку упорно ја туркаат веронауката во училишните клупи. Човек да помисли дека ќе беше подобро да се укинеше Уставен суд, наместо да му се дозволи тој да ја укине веронауката.
Nasite Talibanci ne mozat da razberat deka za da bides moralen,altruist ne trebe da bides vernik Toa e prasanje na moralot na licnosta i se izucuva od edna ubava nauka koja se vika "ETIKA" i koja ne se ogranicuva samo na 2-3 bozji zapovedi.
Од: Rage
Датум: 13.09.2010 12:30:16
Pa navistina na covek da mu e zal sto mladi lugje se zrtvi na prostitucija i narkomanija, pa sto ke ni e veronauka koga i onaka covestvoto i demokratijata imaat odgovor na site prasanja. Bog go oddalecuvame od nasite zivoti vo sekoj segment, a postojano barame nesto od Nego, pa dali sme iskreni???
Од: Itar Pejo
Датум: 13.09.2010 13:30:10
„содржини што промовираат љубов и доверба, запознавање со вистинските вредности на религијата и кои учат што е добро, а што зло во животот“. Zatoa vo drzavite kade sto se uci "veronauka" nema kriminal, nema drogiranje, bema pedofili. Site nie se secavame kakov kriminal i nemoral vladeese kaj nas koga komunjarite bea na vlast i religijata bese zauzdana.
Од: Вераг
Датум: 13.09.2010 14:07:53
Бидејќи нашиве политичари немале можност да учат за етиката на религиите јасно е зашто немаат морал-крадат, лажат, прават прељуба итн.Инаку дали е важно како ќе се нарекува предметот,како што и самите велат е замена за веронаука,всушност истото но со друг назив. Затоа да имавме правна држава за оваа влада ќе следуваше затвор за непочитување на Уставниот суд.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 13.09.2010 14:26:38
Rage, dve race sto rabotat mozat da napravat mnogu povekje od 100 sto se molat. Vo sekoj slucaj, nema Gospod so da bara vo ucenickite klupi.....isto kako sto Darwin ne go primaat vo crkva/dzamija/sinagoga....
Од: Пинг
Датум: 13.09.2010 14:48:43
До Rage, друже многу лесно судиш. Дали си сигурен дека меѓу оние кои го стимулираат тој вид на криминал нема верници, и тоа ВЕРНИЦИ. Ех, мој Rage, гледај си го својот бог, бидејќи во денешницата најголемите зла се прават токму во името на некој од боговите. Инаку, тоа е длабоко интимно чувство, и со такви ефтини штосови никого нема да придобиеш.