Унијата од почетокот на наредната година комплетно ќе ги затвори сега малку подотворените врати за вината од земјава
Александрија Стевковска
По Нова година, македонското вино ќе може да се продава, ама само во Македонија. Европската унија од почетокот на наредната година комплетно ќе ги затвори сега малку подотворените врати за нашите вина. Забраната за продажба на виното во Германија и во Словенија, за која досега се веруваше дека се однесува само на одредени вина што во своето име го содржат поимот Македонија, како Македонско бело и Македонско црвено вино, всушност, е проблем што ги погодува сите вина произведени во Македонија.
„Од почетокот на идната година ЕУ комплетно се затвора за нашите вина и тоа не само за некои туку за сите. За да влезат на тамошниот пазар, тие мора да имаат назначено потекло, а согласно со измените во Законот за вино, ние во земјава немаме заштитено ниту географско ниту регионално потекло на виното. Во него е испуштено и регистрирањето на Повардарскиот регион, од каде што потекнува голем дел од виното. Се' на се', пласманот на вино во ЕУ се очекува да биде целосно блокиран“, информираат од винарниците.
Производителите на вино се во безизлезна ситуација. Соочени со банкрот, тие не знаат што да прават за да обезбедат иднина на овој наш извозен производ. Најголемиот притисок го чувствуваат оние што извезуваат во Германија и во Словенија.
„Сега извезуваме под ФИРОМ и ги менуваме етикетите. Сепак, тоа претставува голем проблем. Моментално извозот е во застој што поради кризата, што поради притисокот од Грција“, вели Зоран Даневски, од винарската визба „Џумајлија“.
Од нас крева раце и ЕУ. „Европската унија нема дадено налог за повлекување на македонското вино, односно ембаргото за продажба е индивидуален избор на поединечните земји. Причина за тоа е Грција, која прави проблем за продажба на македонското вино, на кое е означено дека потекнува од Македонија. Со оглед на тоа дека во ЕУ потеклото на виното се води по катастарски регион, како што кај нас е Тиквешкиот регион, а Грција веќе го има регистрирано регионот на Македонија, македонското вино по редот на нештата, не може да го користи истиот регион. Значи, Македонија во рамките на тоа не би требало да го користи терминот Македонија за да го означи потеклото на виното, бидејќи тоа е името на државата“, велат од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.
Словенија нема проблем со името „македонско вино“, е ставот на словенечкиот министер за земјоделство Дејан Жидан, по информациите дека македонско вино се повлекува од продажба во Словенија по притисокот од Грција.
„Името Македонија не е спорно на виното. Спорен е географскиот термин. Се' настана поради тоа што Грција веќе направи чекори за да го заштити пред ЕУ. Но, одлуката на земјоделската инспекција се' уште не е правосилна и остава простор да се реши овој проблем. Не можам да кажам каква ќе биде конечната одлука зашто тоа е правен проблем. Ќе треба да почекаме да видиме како натаму ќе се одвива овој процес“, вели Жидан.
Информациите од Словенија, пак, говорат дека таму има притисок за повлекување од продажба на нашето вино. Притисоците станале посилни во изминатите два месеца кога Винарскиот инспекторат на словенечкото Министерство за земјоделство неколку пати излегол на терен и укажал дека треба да се повлечат вината што биле назначени како македонски.
Ваквата реакција доаѓа по инсистирање на грчката амбасада во Словенија, која барала повлекување на нашите вина што го содржат зборот „Македонија“, кои тие ги имаа регистрирано како свој бренд уште пред дваесетина години. Слични проблеми нашето вино имаше и во Германија, по што винарниците почнаа превентивно да го избегнуваат овој збор во своите производи.
Според македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски, одлуката за повлекување на виното не е правосилна, иако неговиот заменик пред неколку дена изјави дека нашето вино има проблем да се продава во Германија и во Словенија. „Не станува збор за потеклото на виното, туку за името. Импортерот треба да ја обжали одлуката на надлежната институција, во случајот винарската инспекција, до второстепената комисија ��ри Министерството за земјоделство на Словенија. Оваа одлука се' уште нема правно дејство. Се надеваме дека второстепената комисија ќе најде разбирање, дека правилно ќе го толкува европското законодавство, во прилог на македонското вино“ изјави вчера Димовски.
Македонија да биде хомоним
Нашиот јужен сосед се повикува на официјалната банка на податоци на вино на ЕУ, според која, вината од грчкиот регион Македонија се признати како вина со заштитени географски податоци. Од нашето Министерство за земјоделство велат дека единствено решение за проблемот е терминот Македонија да се употребува како хомоним за двете страни, без ексклузивно право на соседна Грција.
Пак некој ќе биде кривец.Соголен газ секој ќе го плука.Кај се тука тие што требало да го заштитат????.Ама ДРЖАВА тисме се чурук до чурук.Никого за ништо не го интересира сем да се наполни и замине.Абре копуци за да опстанеш на тој пазар треба да бореш и бидеш ВОЛК.Ако си овца ќе те изедат.После ни била крива Е.У.Таму не може да се продава мачка во вреќа.
Од: vesna
Датум: 10.11.2010 12:50:17
pa ima marketi i nadvor od unijata.
Ako ni gi zatvaraat vratite ke mora da barame novi pazari.
Од: G. Stojanovic
Датум: 10.11.2010 13:52:41
Steta sto nie nemame patent za imeto! A sega bez namera da navredam nikogo da postavam edno prasanje: zosto 'nadelznite' kaj nas koisto zemaat plati za toa - ne gi registriraat / patentiraat geografskite iminja / terminologija za potekloto na nasite vina kako sto se: povardarski, negotiski, tikveski itn? Vaka poradi moknata pozicija na nasiot juzen sosed, moze da ni se sluci i tie da ni gi zemat (bidejki neli Vardar tece i kaj niv). Da se prevzeme konkretna akcija, bidejki od imeto Makedonija, na naseto makedonsko vino - ke treba da se prostime ili ke se upotrebuva samo kaj nas.
Од: SPIRIDON
Датум: 10.11.2010 14:27:04
Dali se spušča rampata za cisternite so vino koj slovencite i ostanatite evropejski đambazi go flaširat i prodavat kako nijno,a?Tuka leže zajako.Grčka e izgovor za mizernata eksploatacija.A pa samo oni li sa.Ja Rusija,Ukraina,drugjo svet.
Од: Nikola-Germanija
Датум: 10.11.2010 15:06:15
Slatko se nasmeav koga citav ova vest :-).GR si raboti na slucajot po principot "traj i praj",a samoproglasenite prerodbenici muva ne gi laze,znaejki deka vodat 2Mio.ovci,koi seuste mu veruvat na pastirot.Odvaj cekam koga ke se rasonite i zabelezite deka vsusnost ziveete vo rezervat:-)-ama sigurno ne po evropska vina...aaa stom sme veke kaj "vina"...vo idnina verovatno ke se prodava "Vine made in Kavadarci (FYROM)".Samo vie spiete i kukajte "kolku los bil svetot so MK,namesto da ja ceni bibliskata vrednost na ova parce zemja":-)HEHEHE,sutraci moi...ako prodolzi Gjole da mu se sprotivstavi na Fuere,ocekuavjte deka vo nebliska idnina odnovo ke dremete pred ambasadite za vizi,bez pritoa da imate garancija deka ke ja dobiete.Poznato vie e,neli?:-)No koj e kako vas...imate spomenici na Aleksandar srede Skopje,no steta sto ni eden Evropeec ke dojde da mu drzite lekcija za Ace,namesto toa ke pie "Makedonsko vino"-ama od GR!:-))Ajvarot odmna e slovenski;a sto ke bide so Mastikata?Bugarska?:-))
Од: Od Prijatel
Датум: 10.11.2010 15:45:15
E pa odete vo vero i kaj pitacite sto poveke pati vo godinata...
Од: Stojko
Датум: 10.11.2010 16:37:41
Прашањето е што понатаму? Винарската индустија е стратешка стопанска гранка. Што планира Владата да стори? Под итно треба да се регистрираат и заштитат географските подрачја на Македонија. Потоа заеднички Владата и винарската индустрија да изработат долгорочен макетиншки план. Пазарите на Русија и Кина бргу ќе се затворат затоа што и тие земји како членки на WTO мораат да се придржуваат кон наметнатите правила. Грција, како сопственик на регионалното име Македонија, е во силна правна позиција и тоа ќе го брани на сите пазари.
Од: od SAD
Датум: 11.11.2010 01:19:21
Prvo, koga se oformuvase Makedonija kako samostojna drzava, tebase da se misli na site ovie momenti, ili oni mislea, op-trup, pravi drzava. Ne odi toa taka.
Ne ni se krivi grcite, gledate oni si go imaat registrirano potekloto na nivnoto vino sto go sodrzi imeto Makedonija uste pred 20 godini.
Sega koga veke go imame problemot, zalno e vinoto da ni ostane vo Makedonija.
Ili da se probiva na novi pazari, ili da se registrira pod drug region pa da si se probie so kvalitetot, a pak ke kazam odredeni nasi vina imaat kvalitet.
Jas sum prezafaten so moi proekti vo momentot, no ako ne vidam nikakov progres vo plasmanot na makedonskoto vino na amerikanskiot pazar, moze i da se zafatam da go ovozmozam toa.
Од: Mite
Датум: 11.11.2010 07:55:46
problemot e mnogu star.. pa uste vo SFRJ eden germanec, siten privatnik se dosetil i go platil nazivot "dalmatinsko vino" po sto izvrshil nekoe vreme blokada na pazarot, a od svoja strana prodaval nekoj buckurish kako dalmatinsko vini.. znaci uste pred 20 godini trebalo ili da se obzali brendiranjeto na Grcija ili da se brendirat regionite Tikvesh, Povardarie i slicno.. no nikoj ne sakal da plati bidejki se izvezuvalo vo cisterni na Rusija ili slovencite pa i srbite go prepakuvale nasheto vino kako svoe, sto po se izgleda ke prodolzi i ponatamu...
Од: ice
Датум: 11.11.2010 09:37:12
Imam predlog koi merki da se prevzemat.
-Na site etiketi od site tipovi na vina so golemi bukvi na prednata strana da pisuva od Makedonija.
-namerno da ne se izvezuva za EU, a za inat za da znaat kolku e dobro da se deli samo na ambasadori i stranski diplomati koi doagaat vo poseta.
-Makedonskite ambasadori vo sekoja prilika da delat samo nasi unikatni prefineti vina, i pri sekoj priem vo ambasadite da se sluzi samo makedonsko vino.
-da se zabrani uvoz na site vina od Grcija