Две неделни извлекувања на „Ново лото 7/34“
„Државна лотарија на Македонија“ воведува две извлекувања на играта на среќа Ново лото 7/34. Покрај извлекувањето во понеделник, се воведува и извлекување секој четврток, а стартува од 11 ноември.
Играчите ќе можат да вршат уплата за „Ново лото 7/34“ до 18 часот, на овластените уплатни места низ Македонија.
„Воведувањето две неделни кола на играта на среќа „Ново лото 7/34“ е со цел да се збогати динамиката и да се скрати периодот од уплата до извлекување и дознавање на резултатите, што е по барање на македонските играчи, но воедно е по углед на државните лотарии во регионот, како што се Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора“, се наведува во соопштението од „Државната лотарија на Македонија“. (Ек.Р.) |