Број 3428  среда, 10 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Економија

Македонските компании очи в очи со инвеститорите

Водечки претставници од 21 компанија од осум земји од Југоисточна Европа учествуваат на регионалната инвеститорска конференција во Виена, на која ќе се одржат 170 „еден на еден“ состаноци со австриски и со други меѓународни инвеститори. Организатор на состанокот е Раијфаизен банка заедно со берзите од Југоисточна Европа, меѓу кои е и Македонска берза. „Навреме ги препознавме можностите што се нудат на просторите на Југоисточна Европа и ги интензивиравме нашите активности во рамките на регионот“, истакна Михаел Спис, главен извршен директор на Раијфаизен банка. Оваа година вкупно 21 компанија од Југоисточна Европа ја прифатиле поканата за учество на настанот и можноста да се претстават пред стручната инвеститорска заедница, што претставува нов рекорд. Од македонските компании учествуваат „Алкалоид“, Комерцијална банка и Стопанска банка Битола. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 706 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Се спушта рампата за нашето вино
Колку е безбедно македонското небо
Две неделни извлекувања на „Ново лото 7/34“
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language