Број 3638  сабота, 23 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Хроника

Измамник продал туѓи обврзници за 12,7 млн. денари

З.И. ја сторил измамата уште во јуни 2006 година, но таа била откриена кога сопственикот на обврзниците се вратил од Германија

Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство против лицето З.И.(55) за сторени дела измама и фалсификување исправа.

Според наводите на пријавата, З.И. во периодот од 19 до до 27 јуни 2006 година со намера да се стекне со имотна корист, употребил фалсификувана лична карта, со која лажно се претставувал како Глигор Ш. од Берово. Тој во Комерцијална банка АД Скопје, односно во Експозитурата во дирекцијата на банката отворил денарска штедна книшка, а со фалсификувана лична карта во брокерската куќа „Илирика инвестмен“ склучил договор за посредување при купопродажба на хартии од вредност, со што ги довел во заблуда вработените во двете компании да склучат договори со него.

Имено, еден од оштетените бил сопственик на 243.000 евра во обврзници, кои потекнувале од старо девизно штедење, а биле евидентирани како негова сопственост во Централниот депозитар за хартии од вредност.

Осомничениот откако прибавил податоци за сопственоста на обврзниците и висината на износот, пристапил кон обезбедување фалсификувана лична карта на име на оштетениот Глогор од Берово, по што со вметната негова фотографија, на ден 19 јуни 2006 година во Комерцијална банка склучил договор за отворање денарски штеден влог по видување. Тој се потпи��ал во име на оштетениот, по што се упатил во брокерската куќа „Илирика инвестмен“ каде што побарал склучување договор за посредување при купопродажба на хартии од вредност. Брокерите, сметајќи дека пред себе го имаат вистинскиот сопственик на обврзниците, склучиле договор за посредување при купопродажба на хартии од вредност. Осомничениот и' издал налог за продавање обврзници на брокерската куќа во вредност поголема или еднаква на 83 отсто од номиналната вредност. Тој потпишал и овластување за брокерското друштво да може да пристапи на неговата сметка за да можат да ја извршат продажбата. Брокерот на куќата откако го добил налогот за продавање преку берза, извршил продажба на обврзниците на берза во три наврати, а во вкупен износ од 12.762.054 денари, или повеќе од 210.000 евра. Прибавените средства тој ги префрлил на штедната книшка во банката, а потоа ги подигнал. Инаку, оштетениот, кој живее во Германија, увидел дека е измамен во почетокот на јули кога се вратил во земјава, односно кога сакал да ја провери состојбата со неговите обврзници.

Од МВР потврдуваат дека З.И. отпорано е познат како сторител на кривични дела за што кривично бил пријавуван, а два пати и осудуван. (Љ.С.)


#
Статијата е прочитана 691 пати.

Испрати коментар

Од: Ranko od Puzderci
Датум: 23.07.2011 11:44:20
MVR veli deka prestapnikot i bil od PORANO POZNAT? Pa sto cekate, majka mu stara, zemete go kaj vas ili vo Vladata.DA SE DOKOMPLETIRATE!
Од: bejbi
Датум: 24.07.2011 08:36:19
eve vi nov parlamentarec veke dokazan i proveren sigurno nema da potfrli!!!!!!!!!!

Најди! во Утрински
Хроника
Притворен скопјанец поради полов напад врз шест деца
Камион се преврти на пат, а автомобил излета
Малолетен крадец се уплашил од метла
Тинејџер пронајден мртов
Фалсификувале сини картони за преглед
Куќен притвор за возачот што усмрти велосипедист

"""