Камион се преврти на пат, а автомобил излета

Четириесет и двегодишна адвокатка од Кавадарци е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Кавадарци - Неготино кај селото Марена. Товарно возило се преврти на патот, а автомобилот „опел корса“, управувана од кавадарчанката, излета од коловозот. Сообраќајот беше во прекин неколку часа, а истражните органи вршеа увид и ги утврдуваа причините за незгодата. (А.Д.)
|