Опозицискиот СДСМ во саботата ја блокираше улицата „Мито Хаџивасилев - Јасмин“ во знак на протест поради последната одлука на Општина Центар да го усвои Деталниот урбанистички план „Стара железничка станица“ со кој се предвидува продажба на над 150.000 квадратни метри за изградба на трговско-деловен комплекс на истиот инвеститор што би ја градел и подземната сообраќајница „Јужен булевар“. Според опозицијата, зад целиот проект се крие тежок криминал на Владата, бидејќи сака земјиштето да и' го даде на фирмата „Гема“, која е блиска до премиерот Груевски.
„Го прашуваме премиерот Груевски до кога личните бизнис и партиски интереси ќе ви бидат поважни од интересите на сопствениот народ. Зошто дадовте налог до вашите советници на 31август да гласаат за зголемување на парцелата на хотелот“, праша Мирослав Шиповиќ од СДСМ.
На обвинувањата веднаш реагираше Министерството за транспорт и врски со објаснување дека секој може да учествува на јавното наддавање за земјиштето. Од друга стран��, пак, според Министерството, на тој начин доаѓале нови инвестиции во државата, а со изградба на комплексот и на булеварот ќе се отвореле и нови работни места. (С.Р.)
Steta sto od coekov sto go stavile da dava izjava nema nikakvi poznavanja od problematikava. Ni so citanje nemozese da ja izvlece sustinata na problemot, a i datata na izglasuvanjeto mu e gresna.
Inaku ovoj problem ne samo sto e za protest, tuku i za mnogu poveke. Steta sto go svedoa na mal sobir od polovina cas, trebase poseriozno, so strucni kadri, masovnost i da im se dolovi na graganite sustinata na problemot. Deka vmrovcive ni ja prodavaat sekoja peda zemja sto nasite roditeli ja gradele.