Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

За поплавената „Јане Сандански“ виновна бугарската фирма

Поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром вчера беше експресно покриена откако завчера дождот поплави повеќе ординации. Објектот беше оставен отворен, бидејќи моментално се работи на реконструкција на стариот покров. Бугарската фирма, која ги изведува градежните работи на поликлиниката, ќе ја надомести штетата направена од поплавата. Ова го соопшти Министерството за здравство, по направениот увид на поплавените простории. Согласно со договорот, а поради ненавремени превентивни мерки, сега фирмата-изведувач ќе мора да ги санира оштетените делови и да ги покрие трошоците за штетите на опремата.

Повеќе од 50 ординации во скопската поликлиника „Јане Сандански“ завчера беа поплавени поради тоа што фирмата ГБС од Благоевград, која ги изведува градежните работи околу реконструкцијата на покривот, остави непокриен голем дел од објектот. Иако, како што рекоа вработените од поликлиниката, работата требало да се одвива фазно, изведувачот одеднаш го кренал целиот покр��в и го оставил незаштитен објектот. Дождот почна да паѓа во саботата ноќта и иако врнеше непрекинато во текот на целиот ден, работниците се појавија дури попладнето и почнаа да ставаат најлони. Дотогаш, штетата веќе беше направена.

Дел од вработените во поликлиниката кои биле дежурни велат дека околу 3 часот по полноќ алармите се активирале сигнализирајќи дека има вода во просториите. Тие се обиделе нешто да сторат, но биле немоќни, бидејќи била поплавена голема површина. Кога утрото дошле вработените, биле запрепастени од тоа што го виделе. Ординациите, документацијата, скапа опрема, се' било поплавено. Струја немало, а постојано имало искричење од местата каде што допирала водата до инсталациите.

Од Министерството за здравство вчера соопштија дека бугарската фирма ГПС била избрана за изведувач на реконструкцијата на покривот на „Јане Сандански“ на јавен тендер спроведен под мониторинг на Банката за развој при Советот на Европа и надлежните државни органи. Истовремено, била избрана и фирмата која го врши надзорот на работата, а тоа е Градежниот институт „Македонија“. Како се случ��ло надзорот да дозволи објектот да остане непокриен и незаштитен со ништо и дали и тој ќе понесе дел од вината, од Министерството не кажуваат. (С.Р.)


#
Статијата е прочитана 833 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 06.09.2010 13:09:00
И нека никој не ми кажува дека за ова не е виновна СДСМ и лицето БЦ.Па и нив 1936 годима им се случи вакво нешто!
Од: Феличита
Датум: 06.09.2010 13:18:12
Ах,Бранко,Бранко,малку ли ти беше што направи поплави во Пакистан и Кина,мораше ли и овде?Така ли е,Среќко?
Од: Makedonia
Датум: 06.09.2010 13:24:57
Фирмата не е бугарска,ами е таму регистрирана од наш МАКЕДОНЕЦ.За све ви се виновни бугарите,па и за тоа што тие се европејци,а ние не сме.БГ е најтолерантна држава спрема нас....па мислете му е кога и таа ке не замрази како што не мразат „андартите“ грчки.
Од: grobar
Датум: 06.09.2010 13:33:08
Pa nemase li firma od Makedonija da ja zavrsi ovaa rabota???Ama koreni si se koreni gi vlece sto da praat
Од: Alien from Space
Датум: 06.09.2010 13:33:15
Вината е целосно кај оној кој го најмил изведувачот!Докторите од Поликлиниката „Јане Сандански“ треба да го тужат и Министерството за здравство,што одбрало на тендер,работите да ги изведува Шарлатанска фирма!
Од: забеган.
Датум: 06.09.2010 15:34:25
Море да неје ова фирма на некој наш Патриот?.Паричките да одат таму за секој случај,Да се најдат за недај боже црни денови.
Од: sasko
Датум: 06.09.2010 21:48:57
bugarska rabota, kaj gi nasle ovie laici

Најди! во Утрински
Скопје
Струјата за „Топлификација“ по џебот на станарите
Протест поради ДУП „Стара железничка“