Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Струјата за „Топлификација“ по џебот на станарите

Граѓаните се во недоумица во чија сопственост се потстаниците за парно

Снежана Калабакова

Дали практичната примена на Законот за домување ќе им донесе уште еден издаток на граѓаните што живеат во колективни станбени објекти?

АД „Топлификација“ веќе достави соопштение до куќните совети што не ја платиле потрошената електрична енергија од потстаниците да си ги намират долговите доколку сакаат да добијат парно на стартот на грејната сезона. На граѓаните што редовно плаќаат за греење, сега не им е јасно дали тие треба да се грижат и за струјата што и' е неопходна на „Топлификација“ за да им дистрибуира топлинска енергија. Прашуваат во чија сопственост се потстаниците, дали нивни газди се тие или, пак, „Топлификација“. Ако одговорни лица од претпријатието заклучуваат и отклучуваат, значи ако газдуваат со потстаниците, тогаш дали „Топлификација“ треба да им плаќа кирија на куќните совети? Доколку плаќа кирија, тогаш куќните совети ќе бидат правни лица, кои остваруваат профит, што значи ќе имаат обврска да плаќаат и радиодифузна такса, која повторно ќе ја намируваат станарите.

Граѓаните се категорични дека се' додека редовно си ги плаќаат сметките, воопшто не ги интересира какви трошоци има „Топлификација“ за да им дистрибуира греење. Еден скопјанец, за споредба вели дека кога влегува во градски автобус, плаќа 30 денари за возење, а возачот не му бара дополнителни пари за горивото, што е слично со сметката за парно, плаќа колку што му е фактурирани и бара да му се обезбеди греење.

Од друга страна, има случаи кога струјата во некои објекти се регистрира на струјомерот на еден влез, иако потстаницата е заедничка за повеќе влеза, што може да предизвика недоразбирање меѓу станарите, чиј трошок ќе биде струјата од потстаница.

Но, и од „Топлификација“ и од Регулаторната комисија за енергетика во старт ги демантираат ваквите размислувања на граѓаните. Тврдат дека топлинските потстаници се сопственост на станарите, односно на инвеститорот на зградата, кој, пак, со договор и' ги дал на управување на „Топлификација“. Од Регулаторнат�� комисија велат дека и во Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија стои дека потстаниците се на граѓаните, додека од „Топлификација“ појаснуваат дека со купувањето на станот, тоа го прифатиле и неговите сопственици.

Регулаторите, пак, објаснуваат дека и за потрошената струја во потстаница има решение. Доколку сакаат станарите, таа може да се регистрира на одделни броила во секој влез или да се подели меѓу станарите во сите влезови на станбениот објект.

„Потстаниците се на станарите, а тие ни ги отстапуваат на управување. Наша обврска е да ги одржуваме електричните инсталации од разводната станица до потстаница. Замената на електрични кабли и слични исталации до потстаница е обврска на станарите, бидејќи регулаторот не ни ги признава таквите трошоци. Ние не сме должни да ја плаќаме потрошената струја за работа на потстаницата. Но, со потстаницата мора да управуваат наши стручни лица и затоа клучот го имаме ние. Не е исклучено присуство на претставник од куќниот совет при секое наше влегување во потстаница“, вели Методија Стојчев, директор на „Снабдување запад“.

Тој додава дека со новиот Закон за домување очекува да им се олесни комуникацијата со станарите, бидејќи ќе им даде можност да испраќаат една фактура на име на куќниот совет, односно за цела една зграда, а потоа станарите да се договорат кој колку ќе треба да плати. Како ќе се договорат, тоа „Топлификација“, очигледно, не ја интересира.


#
Статијата е прочитана 1218 пати.

Испрати коментар

Од: igor
Датум: 06.09.2010 13:58:37
ајде тогаш ревизија на приватизацијата и да им се земе дистрибутивната мрежа што е градена со наши пари и да се воведе конкуренција. а богами и калориметри да се воведат! ама за жал, ние не сме држава ...
Од: Korumpirani regulatori
Датум: 06.09.2010 15:27:13
Klasicen reke i aramilak od Toplifikacija. a spoznzoriran od korumpiranata Regulatorna komisija.ne popyusto se " tepat " da stanat clenovi na takvi regulatorni komisii, bidejci pokraj odredenite pausali se dobiva ogromni sumi pod raka za zastita i povolni odlkuki po9 vakvite monopolski organizacii. Narodot toa go znae no za cudo i za zal seto toa so godini go trpi, a t.n. " regulatori" si gi polnat dzebovite na kriminalen nacin. Duri ima ovci ce ima i volna.
Од: Ѓоко
Датум: 06.09.2010 16:57:02
Јас сум доброволно исклучен од топлификационата мрежа и се греам самостојно на струја. Спорд горниов текст испаѓа дека ќе треба и јас да плаќам дел од струјата што ја троши подстаницата, а која што не го грее мојот стан.
Од: darko
Датум: 07.09.2010 00:22:36
Toplifikacija e najdrskata, najbezobraznata, najneprofesionalna firma koja sto postoi na ovaa planeta. ova veke ne se trpi site isklucuvajte se

Најди! во Утрински
Скопје
За поплавената „Јане Сандански“ виновна бугарската фирма
Протест поради ДУП „Стара железничка“