БАЛКАН
Пронајдени три тела по трагедијата во Словенија...
Уште три тела се пронајдени вчера од страна на спасувачките екипи, во акцијата за потрага по удавените во инцидентот што се случи во четвртокот на хидроцентралата Бланца, во Словенија.
Првото тело спасувачите го пронашле околу 9 часот утрото, приближно на три километри низводно кај местото Брестанице, откако го забележале полицајци од хеликоптер. Еден час подоцна се пронајдени уште две тела на околу 200 метри од местото на несреќата. Официјално е потврдено дека во несреќата што се случи во четвртокот кај градилиштето на хидроцентралата Бланца кај Севница загинале 12 лица, а за еден исчезнат уште се трага. Само едно лице ја преживеа несреќата во двата кајака. (Макфакс)
Брисел ќе соработува со проевропска српска влада
Брисел - Портпаролот на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кристина Галах изјави дека српската влада треба да биде побрзо формирана поради продолжување на процесите на европските интеграции на земјата и оти Брисел е подготвен да соработува во новата влада.
„Како што спомнавме во повеќе наврати, подготвени сме да работиме со сите влади кои сакаат да работат со ЕУ. Таа на прашањето поради што Социјалистичката партија на Србија „сега е добар партнер“ на ЕУ, истакна дека Унијата „не работи со политички партии, туку со влади“. (МИА)
Илјадници грчки домаќинства се во финансиска криза
Атина - Илјадници грчки семејства се во финансиска криза поради скапотијата и безработицата со која се соочуваат, пренесуваат грчките медиуми. Оптимизмот за развој на економијата кај Грците се наоѓа на најниска точка во изминатите 15 години.
Потврда за ова е и фактот што моментно 40 проценти од Грците не можат да си дозволат основни работи за живот. (Макфакс)
И Републикa Српскa ќе ги тужи ОН и Холандија
Бања Лука – Премиерот на Република Српска Милорад Додик н��јави дека владата ќе поднесе тужба против Обединетите нации и владата на Холандија, бидејќи холандскиот баталјон стациониран во Сребреница не ги заштитил околните српски села. Додик рече дека холандските трупи на ОН дозволиле „три години командантот на муслиманските сили во Сребреница Насер Ориќ да остане вооружен со своите единици, да излегува од заштитената зона и да врши масакри врз српското население“. (Макфакс) |