Најмалку 25 загинати во пресметка во затвор во Сирија
ДАМАСК - Резултатот од пресметките меѓу стражарите и затворениците во еден затвор во Сирија е голем број на жртви, соопштија групите за човекови права. Најмалку 25 лица се убиени откако воената полиција отвори оган врз исламистичките затвореници, соопштија групите. Сириските власти досега не излегоа со коментар за ситуацијата. Затворениците наведоа дека судирите биле предизвикани од рациите во кои стражарите ги тепале затворениците. Еден затвореник за Би-Би-Си рече дека голема е веројатноста бројката на загинати да биде многу поголема. Има информации дека затворениците држат заложници. (Би-Би-Си) |