Швајцарија ја скрати помошта
Од амбасада на Швајцарија во Скопје информираат дека не е одобрено ниту едно од барањата за азил на македонски граѓанин, бидејќи Македонија не се третира како земја чии граѓани имаат основа да бараат политички или каков било друг азил. Швајцарија, во која алармот беше вклучен откако азилантите од Македонија станаа трети според бројност, по Еритреја и Нигерија, уште во февруари ја намали и еднократната помош, па сега наместо 600, им исплаќа само 100 франци. Инаку, Швајцарија е држава каде што македонската дијаспора е осма според застапеност и сочинува 3,5 проценти од вкупниот број странци ��о земјата, или изразено во бројки, таму легално живеат и работат речиси 60.000 македонски граѓани. (Т.Г.) |