Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
На прво место

Тодоров и Стојковски во четири очи

Билјана Јовановска


Министерот за образование Никола Тодоров и ректорот на Скопскиот универзитет, Велимир Стојковски, иако ненајавено, вчера имаа получасовна средба во Ректоратот. По ова, двајцата не беа расположени за изјави, а на прашањето дали го надминале актуелниот спор околу идејата за расцепкување на УКИМ, Тодоров само кусо одговори: „Разговаравме“.

Пред средбата, прашан за жешката тема што наиде на исклучителен отпор кај универзитетската јавност, министерот одговори: „Слободата за отворање прашања и за широка дебата за нив е основна карактеристика на едно демократско општество и обратно - неовозможувањето дебата и неотворање прашања од типот - некои прашања не заслужуваат одговор - е карактеристика на тоталитаризам и недемократско општество. Јас ги почитувам принципите на демократијата и среќен сум што можеме отворено да дебатираме за сите прашања во Македонија како една висока демократска придобивка на нашето општество и на нашата демократија“.

Ректорот Стојковски, пак, рече дека тој секогаш е отворен за средби, за консултации, за разговори, за дискусии: „Кога министерот ќе биде слободен и ќе има време, вратите на Универзитетот се отворени. Но, и да се видиме и да разговараме, јас како ректор немам мандат да ги менувам одлуките на Ректорската управа и на Сенатот, кои се едногласни“.

Што било разговарано во ректорскиот кабинет, засега е тајна.

Но, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ цврсто останува на ставот дека идејата за негово раситнување е штетна и е во спротивност со европските трендови во оваа област. Неофицијално дознаваме дека деновиве се вршат интензивни разговори и притисоци на одделни декани и видни универзитетски професори за прифаќање на новата организациска поставеност. Дури, се тврди, во неформални разговори пулсот на челни луѓе на атрактивни факултети го испитувал и директорот на Државниот просветен инспекторат, Џорџе Арсов. Бидејќи се работи за тема на која Универзитетот е исклучително чувствителен, професорите го сметаат ова како своевиден индиректен притисок и испитување на евентуалната подготвеност за отстапки. Главниот инспектор се интересирал како се гледа на иницијативата за трансформација на најстариот државен Универзитет за кој власта цени дека е обемен и нефункционален, па оттаму треба да се раситни на пет помали универзитети. Дознаваме, на Арсов му било речено дека професорите не ја прифаќаат идејата за растурање на УКИМ, а доколку министерот чувствува потреба за реформи, таа задача треба да му ја препушти на Универзитетот. Претходно, серија разговори со челните луѓе на неколку факултети остварил и министерот Тодоров.


#
Статијата е прочитана 712 пати.

Испрати коментар

Од: b
Датум: 29.10.2010 13:45:24
Што се случи со Ректорот. А беше голем послушник и подржувач на власта.
Од: mitre
Датум: 29.10.2010 14:08:24
Toj li e Djodje Arsov sto topese akumulatori i zagaduvase okolina, sposoben biznismen, koj ne vraca krediti na banki, gradonacalnik koj napravi haos vo K.Voda???
Од: Марко
Датум: 29.10.2010 16:46:16
Токму тој Џорџе Арсов е. Откако ја упропасти Кисела Вода како градоначалник (за дебело мито кое го зема за партијата), го ставија Директор на просветна инспекција. За да им покаже како се исполнуваат партиски задачи со закани и „пријателски„ убедувања на сите тие што не им се по воља. Исто така да го упропасти образованието, како и се претходно што работел.
Од: Дибек
Датум: 29.10.2010 18:06:35
Тој е тој! ...само што сега е главен инспектор... како награда дека крадеше многу.
Од: Трпе
Датум: 29.10.2010 19:13:21
Дали има маж во ова мала напатена државичка,да му каже на ова детиште дека резултати нема од квантитет,секој бара квалитет.А овој Џелатот сигурно има некои неостварени желби во образованието па редум се става на ѓилотиња.
Од: Trpe
Датум: 29.10.2010 19:42:17
Каква Блада имаме. Прво го отворија прашањето за непотизам во поедени факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ , потоа следеше правата идеја. Да се расцепка и уништи единствено нешто што моментално произведува квалитет во Р.Македонија. За позадината можеме да нагаѓаме, бидејки дечките немат пардон. Ако министерчето со правен факултет сака да се боре за непотизмот, нека направе Ѓорѓе контроли по училиштата и има што да најдам, ама они го тоа знајат бидејки сето тоа оде со нивен амин. Само нека ви биде јасно нема да застанат, идеите на Пастирот мора да се остварат, макар било на штета на секој граѓанин во оваа напатена државичка.
Од: Професорка
Датум: 29.10.2010 21:27:44
Кога ќе си ја продадеш душата на ѓаволот Ректоре, тој ќе си дојде по свое. Решиле: детето-Министер, Ѓорѓе капиталецот од Кисела Вода и бившите исфрустрирани студенти на УКИМ (што не можеа да добијат диплома, пред Вие да ги магистрирате) да Ве укинат. И никој нема да мрдне со мал прст, како и Вие што дозволивте Вашата багра да Ви ги тепа студентите. Сега е доцна. За Вас не ми е жал, ќе се снајдете, но отиде курбан нашата гордост и светиња, каква-таква.
Од: цобе
Датум: 30.10.2010 02:25:09
па навистина жално...... па добро нема да ве наречам господин министер затоа што не заслушувате а плус сте премногу млад и не заслужувате таква титула во општеството заедно со тој ваш инспекторат кој предходната година ја докажа силата кога успеавте по прпорака на на вашите ситни келли во мозокот да истерате од образование неколку стотина просветни работници па нормално дека ќе ви пораснат апетитите почнувате да гледате само пред вас запомнете ништо не е вечно на овој свет.... оставетеги тие работи не ви личат
Од: krenar
Датум: 30.10.2010 10:17:47
ех баш ми е мило за вие македонци да видите кој е тој министер што играше некогаш со тетовскиот универзитет сега трпите.

Најди! во Утрински
На прво место
Каде сте Македончиња?
Швајцарија ја скрати помошта
Европскиот парламент загрижен






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries