НАОМИ КЕМПБЕЛ
Се бања во шампањ

Откако наполни 40 години познатата манекенка не престанува да го слави својот роденден. Наоми Кемпбел, очигледно, малку и занесе за време на ручекот на терасата
на еден ресторан во Сен Тропе. Останатите гости во ресторанот беа примерни, а Наоми се забавуваше со шампањот. Таа го зеде шишето, го протресе и почна да прска наоколу. Иако внимаваше да не го намокри својот бел фустан, сепак, на крај беше мокра од глава до петици. Прославата на Кемпбел почна со роденденска журка за познатите на која таа и Џенифер Лопез разуздано танцуваа цела ноќ. Подоцна таа со своето момче Владимир Доронин одлета за Русија на уште една роденденска прослава, а неодамна посетија и повеќе забави во Кан. |