ИГОР МИТРОВИЌ
Ќе пее на турскиот фестивал „Чешме“

Младиот пејач Игор Митровиќ ќе настапи на интернационалниот музички фестивал „Чешме“, кој ќе се одржи на 2 и на 3 јули во Турција. Тој ќе настапи со песната „Сам без тебе“, чиј автор е Бобан Апостолов-Џани (музика и аранжман), а текстот го напиша Ивана Николовска. На фестивалот ќе учествуваат претставници од 15 земји, а на него досега пееле ѕвезди од калибарот на Ерос Рамацоти, Таркан и други. |