Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Политика

Професионализација во односите со јавноста

Стандардизација на професијата односи со јавност, основање професионална асоцијација и донесување етички кодекс, како и континуирана едукација и утврдување на терминологијата во ова поле се дел од заклучоците на вчерашната тркалезна маса на тема „Професионалните стандарди во односите со јавноста“, што ја организира Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во рамките на Деновите на образование на Скопски саем.

На тркалезната маса беше претставено и истражувањето што го спроведе Центарот за истражување на комуникациите и репутацијата на Високата школа на истата тема во изминатиот период, опфаќајќи претставници од приватните компании, државните институции и јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, агенциите за односи со јавноста, непрофитниот сектор, како и меѓународните организации. „Односите со јавноста се' уште не се доволно развиени, а причините за тоа, меѓу другото, лежат и во недоволното разбирање на оваа професија“, истакна Владимир Мисев, предавач на Високата школа.

На тркалезната маса беа претставени и трендовите на професијата во Европа и начинот на управување со односите со јавноста. „ПР- професионалците во Европа се поблиски до стратешкото управување за разлика од македонската практика и многу повеќе ги користат социјалните медиуми во својата работа, за разлика од печатените“, рече Снежана Трпевска, виш предавач на Високата школа.

„Доколку пред десет години искуството важеше за најважен фактор во вршењето на ПР-професијата денес, пред се', влијае образованието во оваа сфера“, е заклучокот на Лара Чашуле-Гонев, директорка за односи со јавност во „Мекен Ериксон“. Според последните сознанија, околу 400 лица се занимаваат со односи со јавноста во Македонија. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 627 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Потребно е сексуално образование
Топи пречекан во Тетово само со албански знамиња
Посетите го прават Скопје затворен град
Софија нема да се меша за името
Мостот кај Катланово црна точка
ИВЗ условува за религискиот собир во Охрид