„Нема информации во учебниците за сексуално и репродуктивно здравје за лица со ХИВ/сида за користење контрацепција итн. Прегледот на постојната образовна програма и учебниците укажа дека информациите од доменот на сексуалното образование се недоволни, а често и неточни“, рече на вчерашната прес-конференција Драшко Костовски, програмски директор на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА.
Асоцијацијата годинава одбележува десет години работа во унапредувањето на сексуалното и репродуктивното здравје. Една од главните цели на ХЕРА е воведување сексуално образование како предмет во училиштата во Македонија. Беше претставена и публикацијата „Љубов само по часови“.
Костовски посочи дека во текот на 2009 година ХЕРА спровела истражување чии резултати покажуваат дека наставниците, родителите и учениците имаат потреба и се согласни дека во училиштата во Македонија треба да се воведе сеопфатно сексуално образование. (МИА)
Podrska za ovoj predmet koj e poveke od potreben za da ucenisite imaat jasna prestava za ovaa oblast a ne da bide tabu teme i da se slucat nepozelni nesta za maldite od neznaenje.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 16.04.2010 10:05:02
Редно е младите да ја дознаат вистината дека Безгрешно може да Зачне единствено Марија од Бајките! Зголемениот број Абортуси на малолетни лица, ја докажува итноста за потребата од овој предмет! Обидите за прекин на бременоста со пиење Кока Кола(без прирачници:) само ни отсликува до кој степен владее неинформираноста кај малолетниците! Се надевам дека учебникот нема да го пишува Авторот,кој напишал дека Хомосексуалците и лезбејките (кои,по авторката,не се хомосексуалци) се „личности со психички потешкотии и пречки“, а силувачите се „појава која е рамна на криминал, луѓе со садистички став кон спротивниот пол и нецивилизираните мажи“!?!?Сходно на ваквата глупост, авторот има титула доктор (!?), испаѓа дека „мажиштата“силуваат единствено жени,но и дека мажите не можат да бидат силувани! Каков врвен егземплар на високообразована дебилност и примитивизам!
Од: barbarosa
Датум: 16.04.2010 10:50:28
Za upotrebata na kondomite treba da im kazete najprvo na decata deka spored Svetska zdravstvena organizacija tie se 30% nesigurni i postoi moznost od prenoslivost na HIV. Znaci ne e siguren seks tuku opasen!!! Mnogu vazno. Edna druga rabota sto e zapostavena e toa deka zemeno vo Makedonija srednoskolcite se 90% maloletnici, a tamu ako skate preku kondomi, piluli i sto ti ne se naveduvaat na SEKS....Pa nemojte barem takvi raboti vo uciliste...
Од: SPIRIDON
Датум: 16.04.2010 14:59:05
Voa so sekso ubava rabota.Za mladite da znaat kuga,kako i kolku.Bravo be.A na mladite ne im treba etika,a?Mislam kako predmet u školoto.Oti treba da znaat da se seksat sigurno i bezbedno,a ne treba da znaat zašo se seksat,so kogo,ne treba da znaat na roditelite i postarite da im iskažat ljubov,počit.Ne patrijahalnos,neli ne i matrijahalnos i materijalnos,ama etička norma na odnoso prema sebe,okolinata i životo.Ili moderno e da si demokratičen do krajnos,pa šo dae gospod.Pa doktore sum trudnila,moda šo da praeme,a i sovremeno so veronaukata,kako Bogorodica,neli toa se uče u školoto.Pa ne činal sveto.Pa koj go napravi vakov?