Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Политика

ИВЗ условува за религискиот собир во Охрид

Исламската верска заедница го услови своето присуство на Меѓународната конференција за меѓурелигиски и мултикултурен дијалог што ќе се одржи на почетокот на мај во Охрид, со решавањето на повеќе прашања што ја засегаат. Тоа, пред се', се проектот „Скопје 2014“, возобновувањето на Бурмали-џамијата, денационализацијата на вакуфскиот имот, прилепската џамија и верскиот објект во село Лажец, Битолско.

За проблемите што ја преокупираат ИВЗ, како што беше соопштено на вчерашната прес-конференција, во изминатите денови е разговарано со претседателот Ѓорѓе Иванов, со премиерот Никола Груевски и со неколкумина министри, меѓутоа, и покрај искажаната желба да се најде решение, ИВЗ нема ниту еден конкретен предлог за надминување на кое било од отворените прашања. Доколку тие не бидат решени, а со цел „да се избегне натамошна дискриминација на ИВЗ“, Собранието на Заедницата бара од Ријасетот и од поглаварот Сулејман Реџепи за своето неучество на Меѓурелигиската конференција да ги информираат исламските заедници и меѓународните асоцијации за исламско верско организирање. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 648 пати.

Испрати коментар

Од: SPIRIDON
Датум: 16.04.2010 08:44:15
IVZ pred da uslovuva da dade popis na izgradenite đamii od 91 navaka,so mesto,dozvola za gradba,broj na vernici u taj region.Državata treba da ima red za site,ne staname selo bez kučinja.

Најди! во Утрински
Политика
Потребно е сексуално образование
Топи пречекан во Тетово само со албански знамиња
Посетите го прават Скопје затворен град
Софија нема да се меша за името
Мостот кај Катланово црна точка
Професионализација во односите со јавноста