За поранешниот премиер е неразбирлив молкот на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски
Оливера Војновска
Експремиерот Љупчо Георгиевски се фрапирал кога ја видел информацијата за досието под псевдоним „Ибар“, кое води до врвот на ДУИ и „мозокот“ на битката за човекови права и воениот конфликт во 2001 година, што избувна во време кога тој беше претседател на владата. Георгиевски неколку пати го читал и го препрочитувал досието што го објави „Дневник“ и не можел да си дојде на себе. „Текстот го прочитав најмалку три пати и не можев да се приберам од шок, не верував дека тоа може да биде вистина. Приказната дека во раководството на ОНА седат соработници на СДБ, во раната криза беше пласирана од ДПА. Но, вакво досие надминува каква било размисла во тој правец. Шокот е огромен. Излегува дека тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА е соборена со воен удар. Така што мојата љубопитност да се открие вист��ната дали тоа е вистина или не, е огромна“, ни раскажува поранешниот премиер како го доживеал обелоденувањето на досието што се однесува на поранешен командант на ОНА, висок функционер на ДУИ, а сега пратеник. Тој смета дека „Ибар“ сам треба да сака да се расчисти мистеријата со досието, бидејќи тоа изобилува со тешки обвиненија за албанската кауза, но и исклучително деликатни персонални квалификации за „хомосексуални склоности и педофилија“. „Обелоденети се многу сериозни тврдења за негово дејствување против албанската емиграција, но и многу чувствителни лични обвиненија. ’Ибар’ треба да се бори тоа да се расчисти и да бара вештачење за веродостојноста. Бидејќи, ако е така, тогаш тој треба да си прострела куршум в глава“, вели Георгиевски. За него е неразбирлив молкот на ВМРО-ДПМНЕ и на нејзиниот лидер Никола Груевски.
Расветлувањето на ова кодошко досие, кое ја фрли на колена целата лустрација, според него, има клучна судбинска важност за иднината на државата, но и пошироко. „За Македонија е од животна важност да се открие вистината за ’Ибар’. Битни се три моменти: позицијата на денешна Србија, внатрешните албанските односи и дали ќе излезе дека НАТО, кој тогаш застана на страна на ОНА, всушност, наседнал на најголемата игра на УДБА. Многу нешта треба се разјаснат докрај. Ако се покаже дека станува збор за веродостоен документ, тогаш се поставува дилемата дали Србија ја организирала војната во Македонија. Но, прашањето е која Србија. Јас сум убеден дека тоа не е демократската власт на Зоран Ѓинѓиќ и затоа сметам дека е во интерес и на Србија, поради нејзиниот имиџ, нештата да се расчистат докрај“, вели Георгиевски.
Тој се потсетува на еден официјален настан со српските власти што се случил непосредно пред почетокот на конфликтот, а кој го доживува како искрено пријателство. Имено, тогаш неочекувано била иницирана средба со поранешниот српски премиер Ѓинѓиќ. „Десет-дваесет дена пред избувнувањето на кризата добив ненадејна покана да го посетам Белград. На средбата со Ѓинѓиќ присуствуваше и Зоран Живковиќ, тие настапија многу пријателски. Ни кажаа дека нивните тајни служби ги информирале оти во Македонија се подготвува голем бунт на Албанците. Ни посочија десетина села каде што имало активности во овој правец. Тој момент долго го анализирав и тогаш, но и подоцна. Убеден сум дека тогаш Ѓинѓиќ и Живковиќ настапија искрено и со добри намери да не' предупредат. Претпоставувам дека удбашките структури ги информирале, меѓутоа, тие не знаеле што се готви во кујната на тајните безбедносни служби. Затоа велам дека треба да се разграничи која Србија“, нагласува Георгиевски. Како интересен момент посочува дека истиот ден кога тој бил во Белград, ексминистерот за внатрешни работи во неговата влада, Павле Трајанов (кој тогаш веќе не беше на таа функција), одржал прес-конференција на која ги кажал истите работи.
Георгиевски тврди дека како премиер никогаш не добил сериозен извештај од која било институција задолжена за безбедносни прашања, што ќе го предупреди дека во Македонија ќе има голем бунт на Албанците. Затоа се изненадил од информацијата што му ја кажал Ѓинѓиќ.
Тој не ја исклучува можноста нашите служби за безбедност да знаеле, а да не му кажале и за „Ибар“ и за подготовката на конфликтот. „Секој премиер, секој претседател на држава може да биде манипулиран од тајните служби. Секаде во светот е така, службите се посебна приказна. На сите министри за внатрешни работи - Павле Трајанов, Доста Димовска и Љубе Бошкоски им велев да ги отвориме тајните досиеја. Сите тврдеа дека документацијата е уништена. Не знам дали и нив службите ги манипулирале“, вели Георгиевски.
Во настапите на некои од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ (Трајанов) и тезите дека војната во 2001 година била договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, препознава тенденции нештата да се пренасочат во сосема погрешна насока. „Војната почна на врвот на економските резултати на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, кога имавме идеални коалициски односи во власта. Човек треба да е тотално луд да прави договорено сценарио и самиот да се минира кога е на врвот“, вели Георгиевски. Во прилог на тоа дека конфликтот не бил во негова режија, посочува дека ВМРО-ДПМНЕ и ДПА по војната ја изгубија власта.
И поранешниот премиер Владо Бучковски, кој во времето на кризата беше министер за одбрана, тврди дека ништо не знаел за досието „Ибар“ и оти се фрапирал кога го прочитал новинарскиот текст. „Од ниту една служба, структура не ми беше навестено дека постои та��во нешто. Затоа кога ја видов информацијата за досието се шокирав“, вели Бучковски.
Ексминистерот Павле Трајанов воопшто не сака да го коментира досието „Ибар“. „МВР нема увид во досиејата што ги правела СДБ на СФРЈ, затоа не сакам ништо да коментирам“, се оградува Трајанов.
Според документите за „Ибар“ што ги објави „Дневник“, формирањето и раководењето на штабот на Оружената војска на Косово (ОВК) било во организација и под директна команда на српските тајни служби.
Од досието се гледа дека за активностите и за ангажманот на „Ибар“ знаела и СДБ на Македонија. На еден од документите на ресорот за ДБ на српското МВР, кој датира од 1 март 1996 година, класифициран како државна тајна, има рачно запишана забелешка „Итно! Види со СДБ на Македонија“.
Абе Љубче, до вчера ја обвинуваше опозицијата, сега ти е крива УДБА, а фактот што си ги имал инструментите на државата во раце за да превенираш една ваква ситуација, посебно откако те информирале “добрите Срби“ и што не си преземал ништо, тоа не те секира. Па и самиот конфликт не морал нужно да значи соборување на твојата Влада, ако си знаел да одиграш. Впрочем сети се на изборните резултати на локалните и претседателски избори само една година по твоето доаѓање на власт; уште тогаш се виде дека ќе траеш максимум еден мандат, не треба за тоа ни УДБА, ни КОС.
Од: Dobronamernik
Датум: 28.10.2010 12:40:23
Premiere poleka pocna da ti teknuva sto se slucuvase 2001-ta godina no moras da promesas podobro za da se dojde do vistinata od koja ne si mnogu daleku
Од: Mirjana
Датум: 28.10.2010 13:06:28
Zatoa i padnavte od vlast. Vakvi raboti da ne gi znaete i da ne gi koordinirate, so stavanje nestrucni lica na odgovorni funkcii, treba krivicno da odgovarate, bidejki zaginaa mnogu nevini zrtvi od vaseto povrsno odnesuvanje so seriozni raboti. Sram da vi e.
Од: Vuk
Датум: 28.10.2010 13:38:38
Уште пред нова 1991 година излезе информација од страна на ЦИА - „Дека СФРЈ ќе се распадне за девет месеци.“
Тогашните политички и воени структури се супротставија дека земјата ќе ја бранат од секој надворешен непријател. За внатрешните непријатели во земјата сите молчеа како риби во вода.
СФРЈ се распадна за шест месеци а за девет месеци од неа не остана ништо сем „крв и пепел“.
Македонија живееше во облаците - и се надеваше дека Југославија по секоја цена ќе опстане.
Војната започна од Словенија ’91и се пренесе и прошири во Хрватска. Следуваше БиХ во 1992/5 година а потоа Косово ’98 и Бомбардирањето на Србија (СРЈ ) во ’99 година. Воениот конфликт во 2001 година во Македонија го предизвикаа истите структури кои ја уништија СФРЈ и до денешен ден сме сите нивни заложници. Расчистувањето со овие структури макар преку „Улична лустрација“ ќе придонесе за демократизација на сите држави од т.н. Западен Балкан. Македонија е последниот заложник на старите безбедносни стуктури.
Од: caki,germanija
Датум: 28.10.2010 13:39:03
Ovoj covek kako osvedocen neprijatel na svojata zemja nema sto da kazuva,i zar seuste ima lugje sto go slusaat?Strasno
Од: Blue fighter: Koja Srbija,no i chij Dzaferi ?!
Датум: 28.10.2010 13:52:02
Zosto vcudovidenost,ako se znae backgroundot na Dzaferi i za kogo rabotel? Naivno e da se misli deka visok pristinski funkcioner od kabinetot na Kakjusa Jashari (ex-CK SKJ) e samo zalutan na takvo mesto.Vo toa vreme i so tolku golem interes za odrzuvanje na vlijanieto vo MKD!Jasno e deka ova e dobrodojdeno da se otfrli vistinskata pricina ,koja po sovet na istiot,ja prifati Ljubco za "kontrolirana nestabilnost" samo poradi zataskuvanje na aferata "Golemo Uvo" na Dosta i MVR.No,go izigra partnerot vo Vladata i ja ostvari namerata na negovite nalogodavci.Zatoa,treba da mu se luti na Arben,ne na UDBA. Iako,indirektno mu bila vo Vladata,kako sega na Nikola sto izleguva deka mu se partneri isto kodosi.Dosta glumite kobajagi raskaranost so Grujo,koga agendata za MK vi e ista.Malku istok,denes povekje sever,kjarot konstantno od jug ,za zapad - uste malku kje se vidi sto.Partijata vi ja formiraa istite strukturi i sega ke si gi nosite kako obvrska.No,cehot go plakja narodot .Ne vie.Ofajdenite!
Од: aspirin
Датум: 28.10.2010 13:55:49
Да бе Љубче само што ти требаше да бидеш доволно паметен и на време да ги согледаш тие игри. Целта е постигната. ВМРО е растурена на фракции, патриотите се избркани, и внатрешно е рерганизирана при што се вметнати сомнителни фаци. ДУИ е контролирана од страна и до бескрај може да ја уценува било која власт со разни барања и дестабилизација. Па сега, бидете паметни, решението само се наметнува.
Од: ?!
Датум: 28.10.2010 13:57:39
Не собориле на сите уште пред да почнеме да се искачуваме.Кој не бил за соборување ,немал шанса ниту да да направи чекор.Таква е судбината на малите.Ни останува уште да из(умреме)машки.И едните и другите и третите,поместувајќи го ридот.Се додека не се сожали спасителот,ако се сожали.Грешката е што премногу си дозволивме да бидеме умни,особено храбри.А храбар е оној кон не знае во каква битка влегува.Но,животот е школо.
Белким за наредните епизоди ќе знаеме како.Ако сеуште има конзументи за нашиот филм.
Од: b
Датум: 28.10.2010 13:59:25
Грешка, ,,војводо,, грешка! Не те соборија со никаков удар. Те соборија со тежок изборен пораз од кој никогаш нема да се опоравиш.
Од: Laze
Датум: 28.10.2010 13:59:53
Како што тргнало ќе излезе дека и Ратко Младиќ го чуваат во Македонија
Од: goli otok
Датум: 28.10.2010 14:05:05
Od koja sluzba ste vie so bugarski pasos eks premiere?Ili ce cekame i za vas nekoe strogo doverlivo drzavna tajna.
Од: xxL from Prilep
Датум: 28.10.2010 14:07:23
ma i za ova e B.C. kriv... nali...
Од: tomo
Датум: 28.10.2010 14:14:15
Ljupco, velish ako Ibar e vistina, togas Ali da si strela vo glava bidejki go predal svojot narod. A ti sto velis deka nasata istorija do 1945 e bugarska, zar ti ne treba isto da si strelash vo glava kako predavnik na svojot narod?
Од: Петре-1
Датум: 28.10.2010 14:19:12
Е ЉуБчо ЉуБчо, ти си потписникот на Охридскиот договор со кој Македонија престана да подтои како вистинска држава. Предавнику низаеден. Марш да не те гледаме и слушаме повеќе. Такви предавници како тебе во секоја вистинска држава одат на бесилка.
Од: Mali Vuk
Датум: 28.10.2010 14:43:48
Za Vuk.... se e toa vo red sto go kazuvas samo doobjasni koi i civi bezbednosni strukturi... inaku uste vo 1982 Mladite Evropski Federalisti na svoite pamfleti za evropa bez granici ja imaa podeleno togasna SFRJ na dva dela po tecenieto na Drina a kaj nas nikoj toa ne go svati seriozno.a Sloveneckite politicki strukturi imaa bilateralna sorabotka so niv...sto se slucuvase podocna znaeme i sami....
Од: martin
Датум: 28.10.2010 15:00:38
borbata vo celoto vmro a ne samo vo vmro dpmne prodolzuva pomegu udbaskosrbomanskite strukturi koi sega se na vlast i vo predimstvo vo site vmro-ovski organizacii vo makedonija od edna strana, a od druga strana se bugarofilskite pro makedonski strukturi koi se momentalno vo podredena strukrura no koi od den na den so indirektna a za brzo vreme i so direktna pomos od bugarija i evropa ke trgnat na prevzimanje na vlijanieto od udbaskosrbomanskite otpadoci vo vmro
Од: Тута Бугарин
Датум: 28.10.2010 15:05:21
Да!Познато е дека извикот „Сатари за шиптари“,беше изустен од устата на еден Србин (добро де,со Бугарски корени и државјанство:),но исто е познато и дека истиот („Србин“) заговараше теза за делба на Македонија по Бугарски рецепти од 1941! Ах,тие лоши Србишта!Токму тие ги цртаа мапите,тие ги внесоа единиците преку Косово,така барем изјавуваше „патриотот“кого го собориле пучистите! Јака е приказнава-Слобо му се намерачил на ЉуБчо! Ех,што уште нема да му текне!
Од: borce
Датум: 28.10.2010 15:29:37
Neprijateli kodoch imalo i ce ima.No zochto nikoj ne se prachuva kade beja nachite bebednosni sili policijata vojskata i drugi koga site kazuvaa deka po Chara se chetaat luge vo uniformi a vlasta ne ubeduvache deka ne e vistina i nema nichto a posle izleze deka e tocno.Zochto na ovie koj dignaa oruzje protiv drzavata ne im se sudi nego sedat vo vlasta ova go ima samo vo Makedonija.
Од: mihajlo
Датум: 28.10.2010 15:41:03
KOga covek ce zeme da razmisluva na kogo sme mu ja doverile ulogata da ni ja vodat zemjata jasno mi e do kade sme dojdeni.Zamislete dvajca poranesni Premieri se vdjaseni koga go slusaat i citaat ova sto ovie denovi ni se desava.Ako tie seto ova ne go znaele togas edino mi ostanuva da ja prasam babami,belkim taa ce mi objasni na kogo da mu veruvam.Georgievski zaborava deka desna raka nemu mu bese izdajnikot i pobornikot na bugarskata kauza,Dosta Dimova,koja bese zainteresirana od Grupcin navamu.Denes taa ista osoba komotno raboti vo Sofija,za kogo Ljubco najdobto treba da znae.Isto taka simtomaticno e otvaranjeto na vratite za doverlivite dokumenti na Vojvodata Taci.Dali se ova e slucajno ili namerno ako toa ne go znae toj togas veruvam deka od mene ne ocekuva.Smetam deka ako ova prodolzi tek stojat iznenaduvanja i sokiranje na onie koi im ja poverivme ovaa Drzava.Steta,jas sum sokiran od vremeto koe ide,i sudbinata na ovaa moja Makedonija.
Од: Томе
Датум: 28.10.2010 15:47:30
Фактот дека сме максимално поделени и раскарани и 20 години тапкаме во место, јасно говори дека некој ги влече конците од страна и си игра со нас како сака. МАКЕДОНЦИ ОСВЕСТЕТЕ СЕ!!!
Од: nepartiski
Датум: 28.10.2010 15:58:18
Se slozuvam deka Makedonija i Srbija se poslednite zaloznici na tajnite strukturi na SFRJ.
Од: Никола
Датум: 28.10.2010 16:48:37
Војната беше за да се собори Љубчо од власт, не знам што блебетате глупости сите п��отив него. Туку, на здравје нека ви е 15-ти септември 2002 хахахахаха кога ќе помислам па и не ми е така криво кога Бране ве соголи сите што гласавте за него. На здравје нека е сиромаштија.
Од: Сергеј
Датум: 28.10.2010 16:56:07
Што сте се распенавиле овде со вакви хистерични коментари?! Не знам кој е возрасниот профил на лицата кои овде коментираат, но од никого не го прочитав овде фактот кој (веројатно) ја крие во себе целата вистина за војната во 2001 година: наредбата од НАТО за стопирање на борбите во Арачиново, после кое се случи извекување на странските „инструктори“ (читај: ороводци). Тоа беше нашиот „момент на вистината“. А оној „момент на вистината“ кој се случи вечерта на истиот ден пред Собрание, тоа беше моментот на револуцијата. Луда среќа имаа и Љупчо и Бучко и Бранко и Трајко што таа револуција се поколеба во најкритичниот момент. Штета! Немаше Македонија да личи на ова на кое личи сега! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: ФЕЛИКС
Датум: 28.10.2010 18:09:51
Благонадежниот експремиер заборава многу нешта,да негов министер за одбрана овозможи воено профитерство на женината фамилија,па како последица имавме труење на ,,Волците,, со конзерви како да се правени за време на 1-та светска војна.Па имавме криминални продажби на фирми во исто време,па имавме набавка тенковски делови како да ќе се оди во светска војна и т.н Има уште ама нема простор за пишување.
Од: lenin
Датум: 28.10.2010 18:21:02
Imate li nekoj saglam politicar vo vasava MAKEDONIJA. SE KODOS DO KODOS. No takva vi e matricata. Od koga postoite samo kukate. Najgolemeta greska mu bese na mojon prijatel TITO sto ne me poslusa. A mu velev NE IM DAVAJ DRZAVA NA ONIE SLEPCI MAKEDONCI> TIE NE ZNAAT STO E DRZAVA?
Од: Bivs rabotnik od YU-MNR i MK-MNR
Датум: 28.10.2010 18:25:04
Edno pojasnuvanje. Od SDB na Jugoslavija, site cisti dosiea se predadeni na R. Makedonija nekade vo proletta 1992. Nekolku meseci posle proglasuvanjeto na nezavisnost. Vo 1993-1994 rabotnik na SID (moj prijatel) kako i ambasadorot Janackovic od srpskata ambasada vo Skopje gi imaat informirano togasnata sluzba za drzavna bezbednost za aktivnostite na OVK vo zapadna Makedonija. Negiranjeto na MVR deka nisto "ne znaat" ednostavno ne e vistina i odbegnuvanje na odgovornosta. Spekulaciite deka Srbija ja formirala OVK se cista izmislica. Srpskata tajna sluzba ednostavno vmetna spiuni vo OVK i nivnoto rakovodstvo so cel da ja prati situacijata vo Kosovo i Makedonija. Inaku OVK e formirana od CIA i MI6. Se drugo e spekulacija i nevistina.
Pozdrav
Doktor
Од: OZNA
Датум: 28.10.2010 18:39:17
LJupco vaseto dosie e zavedeno kako ,,Mona Liza,,. A zosto ne ti gi dale bezbednosnite strukturi da gi vidis O.A ,,Zlatar,, , O.A ,,Zlatar1,, , O.A ,,Zlarar2,, ili postaro O.A ,,Marksisti,, treba da se zaprasas mozebi bile sigurni deka ne si na ista strana so majstorite na operativnata igra pa ne te stavile kako faktor i te zaobikolile so drugi IGRACI .........
Од: bogitheman
Датум: 28.10.2010 18:47:59
Bugaras, so 99% popust zena mu go kupi Sandanski kombinatot bez pari a go prodadoa 1000 pati poskapo godinava.
Од: Do Amselacite
Датум: 28.10.2010 18:48:04
Eh be AMSELACI izaedni site davate komentari kako da vie se ovaa ste go znaele pred vreme i deka ste celi mozoci.
Uste raboti ke izlevat na videlo a vie pak ke davte komentari kako mnogu pametni da se.
Mozebi Lubco napravi nekoj greski ama vo negovata vlada ekonomijata bese vo najgolem razvoj a ovie sega Bozemni patrioti sto ni pravat dve ipol milijardi budjet sto pari ke gi iscicat od narodot ti se za pistolza tie ne pisuvate
Од: nordpolen
Датум: 28.10.2010 20:33:57
Odisi vo bugaria i planiraj kako kene pravis bugari.Prestani so tvoi gluposti neprijatel na Makedoncite.
Од: beso od tetovo
Датум: 28.10.2010 21:32:13
Lupco e najuspesen makedonski premier vo poslednite 20 godini vo ekonomski plan a i vo gradenjeto na sozivot megju makedoncite i albancite. za 2001 se gleda koi se akterite udba so Ibar, vujko idr.
Од: 3G
Датум: 28.10.2010 22:20:36
Pa i vrapcite znaat deka DPMNE bese soborena od vlast so voen udar a najgolema pricina e slobodnata patem i uspesna ekonomija. No nelogicno e zad seto toa da stoi Srbija uste poveke sto mnogu logicno e toa da bide delo na NATO odnosno negovite tajni sluzbi. Isto taka logicno e deka nikoj sam ne si stvara nered dodeka e na vlast. DPA dvapati e soboruvana od vlast.
Од: Mit od UDBA
Датум: 28.10.2010 22:57:19
Vo 1981 godina bev vo stranstvo i na BBC slusav poopsiren navoresno politicki komentar za SFRJ vo koj i se predviduvaa crni scenarija, odnosno raspad za 7-8 godini. Covekot pogresi za 2 godini. Pokasno soznav deka Zbignjev Bjezinski, sovetnik na 4-ca pretsedateli na SAD uste vo 1976 godina predviduval krvav medjuetnicki raspad na SFRJ,posle smrta na Tito za 7-8 godini, a toa istoto go tvrdela i CIA. Pa ako bila UDBA tolku mocna, kako gi nemala ovie podatoci i ne sprecila takov rasplet. Mislam deka ulogata na UDBA premnogu se glorificirai koristi za licni presmetki. Pa vo nea bile vmetna mnostvo na sorabotnici na tajnite sluzbi na golemite sili koi imale golem uloga vo nejzinoto rabotenje i usmeruvanje. A za Pavle Trajanov mi e vecita enigma: kako eden covek so mediokritetski spsobnosti so godini bil i se izdignal na takvi vlijatelni pozicii?
Од: antibugarofil
Датум: 29.10.2010 00:37:37
Kako dokazan bugorofil, iskazite na Ljubco odat vo prilog na moeto mislenje deka toj e vsusnost "Ibar" na bugarskite tajni sluzbi.
Од: dejan kumanovo
Датум: 29.10.2010 07:39:09
sekoja cast na pravite vmro-vci vo dpmne samo bi sakal da se zaprasaat (za kumanovci) koi gu prezemava partiju u kumanovo (mislam na dpmne)srbomani i jugonostalgicari i cetnici doma imav sajkace a ovamo se kazujev vmro-vcisvaka cast na pru pop arsova sobragi u partiju i rasturigu dodeka e pero vo ku-vo nikad nema da padne sdsm
Од: Феличита
Датум: 29.10.2010 09:02:44
Освен бившиот благонадежен премиер,сеуште имаме и благонадежен министер на МНР и благонадежна претставничка на Македонски културен центар во Бугарија!Освен тие работи што ги наведе Среќко,имаше и мами што купија четири стана,во екот на најжестоките битки!