Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Писма
Ако те бидува, секаде те бидува

Коста Николов

Пред неколку дена на Интернет го видов изборниот митинг на Социјалдемократската партија во Босна каде што свое обраќање имаше лидерот на македонската опозиција, Бранко Црвенковски. Гледајќи го митингот, видов дека лидерот на опозицијата Црвенковски беше пречекан со овации од присутните симпатизери за социјалдемократите во Босна.

Неговиот говор беше проследен со аплауз и скандирање, а атмосферата дополнително се загреа. Доаѓањето на лидерот на СДСМ, Црвенковски, и поддршката за сестринската социјалдемократска партија босанските медиуми го следеле со големо внимание, па на Интернет можев да најдам и прилози околу таа посета. Искрено се изненадив зошто би се предизвикал толкав интерес на доаѓањето на претседателот на СДСМ во БиХ. Не очекував дека во Босна ќе биде пречекан така не за друго, туку од проста причина што нормално е дека на митинг ќе го скандирам името на претседателот на партијата, а гостинот што ќе дојде ќе го поздравам.

Токму затоа се изненадив. Тука треба да земеме предвид дека Црвенковски, не е кој било или некој што никој не го знае, што би се рекло ако за нешто те бива секогаш ќе те бива.  

Се прашувам кога Никола Груевски или, пак, Ѓорѓи Иванов ќе дочекаат вакво нешто. Кога ќе бидат повикани на некој митинг или, пак, некоја прослава на некоја партија надвор од Македонија. За волја на вистината, нив не ги викаат на официјална државна средба како премиер и како претседател. Социјалдемократите во Босна издвоија убедлива победа на изборите, ама гледам дека како што тргнало и кај нас истото ќе се случи.


#
Статијата е прочитана 983 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 13.10.2010 12:37:27
Одлично и непристрасно опозициско пишување во кое се гледа радоста што барем некаде лидерот демек собрал аплаузи.Тука му спремаат неговите нешто друго кое на првото патувачко востание лидерот го демантираше и го спореди со бајрам и умот на оние кој внатре му спремале такво нешто.Анкетите од сите профили длабоко го демантираат пишувачот,но надеж сие надеж па нели таа последна умира.
Од: gimi
Датум: 13.10.2010 12:45:00
Tolku mnogu sto go biduva 4 pati gubi ubedlivo i kako sto stojat rabotite serijata ke prodolzi, a za tvoja informacija i Socijalistickata partija vo Bosna ja ima istata sudbina kako i SDSM.Znaci tvojot idol govorel na sobir na " luzeri".
Од: Нека си го земат таму!
Датум: 13.10.2010 13:10:30
Само не ми е јасно зошто Бранко не се кандидира во Босна? Таму можеби ќе има поголеми шанси за успех.
Од: b
Датум: 13.10.2010 13:42:16
Не, Иванов и Груевски неможе да бидат повикани. Тие можат да викнат некого, да лаже за нив! Како, Поселт, на пример! Или Јанша.
Од: Elena
Датум: 13.10.2010 14:28:01
Mene Branko poveke ne me cudi. Me cudat lugje sto uste mu se voshituvaat. Ako ne e odraboteno, sekako.
Од: Без паника
Датум: 13.10.2010 14:47:39
Се возбудија вмровчињата и побрзаа со коментариАх,Бранко,Бранко,што им правиш?
Од: spire
Датум: 13.10.2010 14:54:02
Восхитените чеда на Груевски и Иванов како Феликс и другите можат да се тешат со фактот дека Груевски и Иванов не може да се повикаат за да држат говор вон од нашата држава, нивните говори и овде се очајни, ама за ЛОПАТАРЕЊЕ им нема равни......
Од: R..
Датум: 13.10.2010 18:21:25
Kako da nekoi zaboravaat deka Branko ni napravi drzava. Ne spasi od eden Vukovar, ne vnese vo ON i ne donese do vratata na EU. Zarem toa nema vredonst za nas? A nadvor od granicite na Makedonija go cenat,docekuvaat i slusaat so voshitubanje; sekogas propraten so aplauz .Kaj nas ostana nerazbran i odmognat. Nema da recam deka od nego trebe da se pravi "kult na licnosta" ,no poznavajki gi nasite pretendenti,ne gledam lik raven na nego, pa se soglasuvale razni Feliksi ili ne! Dodeka bese Pretsedatel, mu napravija se sto mozea za da go spracat vo negovata rabota, duri od neg se kriese i onaa cuvena "crvena linija" koja sega ete ja "oteravme "vo prvalija, zaedno so site nas. A za sinokjasniot sobir,mozat nekoi drugi, samo da sonuvaat da soberat po takvo vreme tolku lugje za da go slusaat, ipokraj zaplasuvanjata na koi moraa da podlegnuvaat del od priepcanite!
Од: od marika
Датум: 14.10.2010 09:30:00
Pazi bratce da ne e vistina toa sto si go napisal,pa site znaeme deka vie ,,miluvate,, da preuvelicuvate ili ako se slusnal eden glas vie avtomatski go slusate kako 1000.Pa kako da ne go poznavaat tamu koga covekot na vremeto placese za Jugoslavija baska i tamu e roden,a toa deka bozem ke se vrati malku ke priceka.
Од: Djamlii
Датум: 14.10.2010 10:55:27
SIROMAV feliks.Nemoze da se pomiri so faktot deka za ovie polni cetiri i pocnata peta godina ,lidero nikade ne go pokanile osven vo sestrinski partii kade nema sredba so najvisoki pretstavnici ,kako na primer so g- Merkel,nitu doaga nekoj kaj nas ,osven koga treba nekoja vospitna da dobijat ili da se rezilat so rekla kazala so evropski pratenik i posle toa da gi vednat glavite.A i nema komentar za sredbata na Crvenkoski vo Njujork so eks pretsedatelot na SAD Klinton. Pateticno ,pateticno i vo isto vreme i zalno kako nikoj nesaka da gi igra . Feliks igrajte djamlii ,eve na primer so pratenikot Poselt.

Најди! во Утрински
Писма
Газда Дејан и неговата тајфа
Еднонасочно Куманово






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia