Број 3405  среда, 13 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Писма

Газда Дејан и неговата тајфа

Група ловци од ловното друштво „Кајмакчалан“ с. Старавина


Со договор за концесија на ловиштето бр. 4 „Ниџе“ во Битола, во 2010 година, а на период од 20 години, доделено е на фирмата „Еуроимпекс“, односно на газда Дејан од Скопје. Досега со ова ловиште стопанисуваше ловното друштво „Кајмакчалан“ од с. Старавина и во него членуваа над 300 ловци од Битола и населените места од овој регион. Сега кога ловиштето му е доделено на газда Дејан, не може да се лови, бидејќи тој го прогласува теренот забранет за лов, со изговор дека сака да се спречи недозволен лов и дека тој ќе инвестира во инфраструктура и во објекти во ловиштето. Меѓутоа, уште во почетокот на ловната сезона јасно е дека ловиштето ќе служи само за лов на газда Дејан и на неговата тајфа од Скопје, затоа што веќе си лови и во недозволени денови за лов, за што имаме докази за отстрел на четири диви свињи. Никој од ловците од Битола не сака да има неред во ловиштето и никој не е против да се инвестира, но сметаме дека не е во ред некој моќник што има пари да ни го скрати и ова мало задоволство што ни остана во оваа држава.

Концесијата за ловиштето е добиена на нелегален начин, по партиска линија. Газда Дејан има канцеларија во Битола во куќата на началникот на битолската полиција Бранко Ристески на улица „22. јули“ бр.14 . Не знаеме колкава е киријата, која за закуп на канцеларијата газда Дејан му ја плаќа на началникот на битолската полиција, но сигурно е јасно дека во таа цена e вклучено обезбедувањето кое полицијата му го дава на истиот. Доказ за ова е тоа што ако тргнете на лов што не е на теренот на газда Дејан, туку на теренот на Ловното друштво „Сокол“ на патот Битола - Старавина уште во три часот наутро ќе ве пречекаат десетина полицајци и специјалци и ќе ви приредат утринско тормозење како да сте криминалци, па ќе ве прашуваат на кој терен ќе ловите, па ќе ви побараат возачка и сообраќајна дозвола, па ќе ви побараат дозвола за поседување и носење оружје и после тоа ќе ви го проверуваат оружјето, постапка од која ќе ви се смачи.

Нашите протести од 2 октомври 2010 година на патот Битола - граница со Р. Грција не дадоа плод. Ловниот терен на газда Дејан граничи со теренот на ловното друштво „Сокол“ од Битола, но без усогласување со него се поставени табли на кои пишува „Забранет терен за лов“, а притоа приграбена е доста голема површина, која со години беше терен на ловното друштво „Сокол“. По нашите протести, газда Дејан попушти и најави дека ќе прима уплати за членарина во неговото ловно друштво само пет дена до 9 октомври 2010 година, но со услови, кои ви велат подобро да не се зачленувате таму. Го забранува за лов најубавиот и поголемиот дел од теренот, а дозволува лов во терен што е многу далеку за нас, а блиску за Грците, кои сега слободно си ловат на наша територија. Имено, членарината изнесува 100 евра, за секој ловен ден секој ловец треба да плати дневна карта од 600 денари и за отстрел 1.000 денари. Но, пострашно е тоа што не смеете во теренот да влезете пред шест часот, а морате да излезете од теренот во 16 часот. Ако во теренот ви остане куче, не можете да си го побарате. Знае ли газда Дејан дека до ловниот терен кој го дозволува за лов се потребни два часа возење, што значи дека во ловниот терен ќе стигнете во осум часот, а за да излезете од ловиштето и да стигнете до вашето возило ви се потребни уште два часа, што значи дека за лов ви остануваат само шест часа во денот.

Да напоменеме дека пред две години кога на Кајмакчалан беснееше пожар, на апел од Министерството за земјоделство, сите ловци од ловното друштво „Кајмакчалан“ со свои возила и алат беа да го гаснат пожарот. Не дај боже, ако сега се запали шумата на Кајмакчалан, никој од нас нема да помогне во гаснење на пожарот, па него нека го гасне газда Дејан со неговата тајфа.


#
Статијата е прочитана 1106 пати.

Испрати коментар

Од: Alek
Датум: 13.10.2010 16:41:25
Аман веќе од такви битанги како овој „газда Дејан“ и од поголемите битанги кои ги штитат и кои 99,9% ништо нема да преземат по ова пишување.

Најди! во Утрински
Писма
Ако те бидува, секаде те бидува
Еднонасочно Куманово






Analysts critical of Hungary's extra taxes
New Dutch government to take tough stance on Serbian accession
EU and US have 'converging' views on Kosovo and Serbia