Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Политика

И маглата против името

Шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, не учествуваше на неформалниот министерски состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Будва, поради маглата и снегот на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Откажана беше и средбата со грчкиот министер за надворешни работи, Димитрис Друцас, што требаше да се одржи на маргините на состанокот.

„Се надевам, средбата со колегата Друцас ќе се одржи кога ќе има помалку магла во билатералните односи“, изјави Милошоски по добивањето на информацијата за неможноста да стигне навреме на состанокот во Будва.

„Атина има политичка волја да се најде решение за спорот и јасно ја кажува својата позиција за име со географска определница за севкупна употреба“, реплицираше шефот на грчката дипломатија, Димитрис Друцас, кој за разлика од Милошоски, стигна во Подгорица.

„Сакаме да видиме прогрес во разговорите што се водат под покровителство на ОН и уште еднаш го повикуваме Скопје да покаже конструктивност и да избегнува активности и изјави што ги поткопуваат грчките искрени напори“, порача Друцас.




#
Статијата е прочитана 792 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 29.01.2011 13:35:50
Штета,голема штета баш за нас големите патриоти.За патриотизамот на земјата ако треба и 7 планини пеш ке поминеме и 7 мориња ке препливаме,ама ако заврне дожд немој да не очекувате ке си останеме дома за да не накиснеме.
Од: valerija
Датум: 29.01.2011 14:57:28
Do Budva se stignuva so avtomobil za 3-5 casa.
Од: Ambasador i profesor
Датум: 29.01.2011 15:07:25
Problem so imeto e nastanal preku multilateralen mehanizam koj ja natera makedonija da koristi nelegalnata referenca i pregovorite, kako uslovi bez koi Makedonija nemozheshe da se zacnleni vo OON. Problemot e multilateralen i od efektite koi se odnesuvaat na fakt deka pri nametnuvanjeto na nelegalnite uslovi, e napraven Ultra-Vires akt (akti) od strana na ON, kako multilateralnata organizacija !
Од: boro
Датум: 29.01.2011 20:48:37
Premnogu magla ima okolu nas zatoa" letame"kako guski vo magla.
Од: Turcin
Датум: 30.01.2011 13:20:00
Sto magla se ovie nasi politicari abe Gospod(Allah) da cuva ,so kola se stigniva vo Budva ako e prasanje imeto na nasata drzava i peski trebit da odet nasite pametni politicari,a za platite nivni da ne zboruvame tesko nas cccccc....
Од: Realist
Датум: 30.01.2011 23:20:44
Valerija aj objasni kako da stignam do Budva za 3- 5 casa,navistina sakam da znam
Од: torbes
Датум: 31.01.2011 05:55:36
zarem i taa glupost ke ti ja poveruva nekoj?? sramni ste pred site pa vi e sram da se pojavite pred cesni politicari, pa i lice nemate dobro sto ne otidofte mozese uste nekoj sram da i donesete na makedonija kako sto dosega ix pati go pravefte.

Најди! во Утрински
Политика
Петмина кандидати за фотелјата во скопска Апелација
Опозицијата го напушти Собранието
ВМРО-ДПМНЕ му посака „среќен пат“ на Црвенковски