Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Опозицијата го напушти Собранието

СДСМ, НСДП, ЛП и НА не гледаат смисла за натамошно учество во парламентот

Билјана Јовановска

Собранието останува без опозиција. СДСМ, НСДП, ЛП и НА го напуштија парламентот, а ЛДП и Нова демократија деновиве ќе одлучат што ќе прават. ДПА веќе една и пол година не е во Собранието, така што практично една четвртина од вкупниот број пратеници се на улица.

Одлуката на социјалдемократите за неучество во работата на законодавниот дом вчера прв ја соопшти лидерот Бранко Црвенковски, а веднаш потоа со ист став излегоа и трите други опозициски партии.

Веќе е речиси извесно и излегувањето на пратениците од Нова демократија, но, иако за напуштање на пратеничките клупи размислувале подолго време, одлуката ќе ј�� официјализираат викендов. Според тоа, засега од опозициските партии таму ќе остане единствено ЛДП. До кога - не се знае, но и нивните партиски органи ќе ја разгледаат новонастанатата состојба и ќе заземат став што и како натаму. Со ова на повидок е сериозна политичка криза, иако, гледано само низ бројки, актуелната владејачка гарнитура и натаму го има парламентарното мнозинство.

СДСМ, како што рече Црвенковски, нема да учествува во работата на Собранието, бидејќи „немаат намера да и' даваат легитимитет на оваа недемократска и ненародна власт“. Соопштувајќи ја оваа одлука Црвенковски нагласи дека тој лично никогаш не поддржувал бојкот на институции, секогаш верувал дека во една парламентарна демократија тоа не е вистински начин на водење политичка битка. „Но, во Македонија, со оваа власт, одамна нема демократија. Ете му го на Груевски парламентот таков каков што отсекогаш го посакуваше - без опозиција. Ете му ги Сител и Канал 5, ете му го друштвото на партиски послушници и платеници. СДСМ од денес оди на другата, вистинската и, бидете сигурни, победничката страна од барикадата -со народот и меѓу народот! Македонија под власта на Груевски, дефинитивно, не е ниту слободна ниту демократска држава. Овој режим има опасни намери во однос на нашата земја. Или ќе го запреме или ќе станеме негови соучесници“, порача шефот на опозициската СДСМ.

За пратеничката група на НСДП, ЛП и НА затворањето на телевизијата А1 и на дневните весници „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“ е јасен сигнал дека во Македонија се воведува диктатура. Со затворањето медиуми и ставањето на информативниот простор во државата под директна контрола на власта, во Македонија, дефинитивно, умира демократијата.

И Црвенковски потенцираше дека во Македонија на сцена е еден недемократски, авторитарен, ненароден режим. Ги обвини „премиерот Груевски и фамилијата дека по економската пустош и социјалната беда, по меѓународната изолација и уривањето на сите демократски норми и стандарди, сосема свесно и крајно неодговорно ја внесуваат земјата во тешка политичка криза со несогледливи последици. Нивна цел се постојани поделби, меѓусебни конфронтации, тензии и судири во македонското општество. Дискредитираат, сеат омраза меѓу луѓето, прават црни списоци секој ден и во сите сфери“.

Лидерот на СДСМ потсети на поделбите и на конфронтациите што се случија само во последните два месеца: медиуми со медиуми, новинари со новинари, административци со тутунари, пациенти со лекари, студенти со професори. Според Црвенковски, „никогаш во нашата историја, не само во независна Македонија или во поранешна Југославија, туку и под туѓи владеења македонскиот народ не бил вака поделен и скаран меѓу себе. Тоа што не им успеа на странските поробувачи му успеа на Никола Груевски“.

Тој го повтори ставот дека ако Велија Рамковски го прекршил законот треба да одговара, но праша: „Кој и со што ги спречува да го докажат и да расчистат со наводниот криминал? Обвинителот и истражниот судија, кои го водат случајот, сами ги избраа. Обвинетите се во притвор повеќе од еден месец. Целата документација од фирмите е во нивни раце. Сведоците редовно се одѕиваат на поканите и сведочат пред судот. Зошто и по толку време не ја завршат истрагата и не ја поведат постапката пред судот? Зошто блокада на сметките на А1, на ’Шпиц‘, ’Време‘ и ’Коха е ре‘?“

Црвенковски рече дека Груевски не е заинтересиран ниту да открива ниту да се бори против криминал. „Тој е единствено заинтересиран да го скрие сопствениот криминал и последиците од своето погубно владеење. Груевски сака да ја снема, да ја закопа вистината. Да настане целосен мрак, целосен молк и да остане сам со своите лаги и медиумски мегафони“, рече шефот на СДСМ.


#
Статијата е прочитана 2851 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 29.01.2011 12:40:48
И редно беше,,,,,,,,,,Нека си работат коалицијата како што си работеа.Сега можат да убацат у 4 брзина.Што побрзо да стигнат до Провалијата,Од кај нема враќајне.
Од: 3G
Датум: 29.01.2011 12:43:22
Cinis na Agrokomerc od Velika Kradusa mu bila blokirana smetkata. Ili dolgogodisnoto spasuvanje na staklarata. Ajde sega koj se uste zivee vo nepostojnata bivsa jugoslovenska mentalna realnost. Tesko im e na komunistite da se razbudat vo nov poinakov svet i zatoa povikuvaat da se sonuva so niv. Mediumite ke srkaat toa sto si nadrobile. I sto se vinovni graganite ta da bidat tormozeni so nivnata losa sudbina poradi nivnoto loso rabotenje. Demokratski i sovesno e da se razmisluva dali instituciite postapuvaat spored zakonot i vo interes na drzavata a ne koj e na celo na drzavata i koj gi rakovodi instituciite. Ili taka treba da bide se nadevam vo normalno demokratsko opstestvo? Tesko deka ke mu uspee trikot na sonuvacot i tormozot na nesovesnite mediumi. Vo Makedonija etickiot element e amputiran vo site sferi na opstestvenoto postoenje. Ovie nastani i primeri toa go pokazuvaat i dokazuvaat. I za pisaniot zakon verbalno se fakaat za da s izbegne moralniot aspekt-dolznost.
Од: Сергеј
Датум: 29.01.2011 12:51:35
Погледнете, колку е неодговорна владата! Наместо да барем некој од нив искаже загриженост, вчера сите во врхушката на ДПМНЕ ликуваа! Еве, му се направи ќефот на Груевски, расте неговата контрола врз се’. Но, пропаста на тој апстолутизмот на Груевски ќе биде толку побрз колку што расте неговото самоволие! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Трпе
Датум: 29.01.2011 13:03:39
Се сеќавам кога ВМРО не влезе во власта 1996 тогаш СДСМ ги потполни пратеничките места со следниот по ред од изборите.Тоа треба и ВМРО да го направи.Доста веќе си имаме работа со луѓе која стојат на страна на наркопроизводители и затајувачи на данок (криминалци)Има една стара поговорка со кого си таков си.
Од: Plakack na danok
Датум: 29.01.2011 13:07:32
Jas so krv davam danok za drzavata a vie ke si lapate plata za nisto sraboteno od tie drzavni pari.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 29.01.2011 13:23:06
Ili nemame komentari na ovaa stranica ili redakcijata ne gi objavuva?Dosegasnata podelenost trebase da ja ispolni ovaa strana so komentariza i protiv ili site imaat strav so sopstvenite kalkulacii sto bi bilo koga bi bilo pa kade sum jas-of lele golema dilema. Ni vo tursko ni vo kaursko ovaa podelenost sme ja nemale pa vredi da se proba da se turnee vlasta koja ja napravi ovaa ujdurma.
Од: kiko
Датум: 29.01.2011 14:21:14
Mislam deka vesta e nekompletna, nedostiga odgovorot na slednovo prasanje: Ke zemat li plata ili...?
Од: mihajlo
Датум: 29.01.2011 14:58:08
Se secavam na periodot 1994-98 godina.Vo toa vreme,ako dobro pametam VMRO i DP ne sakaa da bidat vo parlamentot.Vo toa vreme tie koi bea na vlast kako i nivnite simpatizeri ne se "podnesuvaa" so svojata arogantnost.Bidejci pred toa so dosta moi "prijateli" se druzev,mojot odnos na neopredelen,ni go skrati "prijatelstvoto".Koga ce se sretnevme ili pojdeme na vikend vo Ohrid,ja nemase taa dotogasna prsnost.Znam deka im deluvav kako "crna ovca",samo zaradi mojot odnos da ne komentiram za politika.Pred toa 30 godini bev vo edinstvenata partija i zatoa ovoj moj stav ne im bese logicen.Vremeto donese novi promeni na politickata scena a jas ne se promeniv.Kriminalot,korupcijata,privatizacijata,nepotizmot,laznoto patriotsko odnesuvanje,bea i ostanaa moi najgolemi neprijateli.Od ovoj aspekt kako patalec,ne sum ubeden deka denesnava opozicija se bori NAVISTINA za iskreni DEMOKRATSKI vrednosti.Jas ednas se "izgorev",i zatoa sega duvam i na ladno. Mislam deka ce go razberete mojot komentar.
Од: torbes
Датум: 29.01.2011 15:20:11
Ke se razbudi narodot,no kasno ke bide,bidejki demokratijata sto ja imame,a kolku ja imame ke se vidi,kasno ke bide.Pretsedalo Gligov pred 17 god.rece vo edna izjava deka vo Makedonija posle 2013 god.albanskoto malcinstvo ke dojde vo ista brojka kako naseto.A znaete zosto zatoa sto vladite ponazad ne go gledat nacionalniot interes,tuku odat po malcinstvata vo Grcija,Albanija,Bugarija i t.n.Edinstvena nacija Makedonskata(so hristijanska vera),sto nesi gi priznava Makedonskite muslimani kako svoj narod,a toa ne e kaj Albancita,Srbite,Bugarite,Grcite i.t.n.Pravite Makedonci vo ova drzava se t.n.Torbesi doprva toa ke se vidi.SOCUVAJTEJA MAKEDONIJA !
Од: pirgan
Датум: 29.01.2011 15:37:42
sugareski od prilep,go glasavme za da bide vo parlament,a nevo negovite 3kafeani vo gradot.za sramota.ova e propast za opozicijata
Од: Luj XIV
Датум: 29.01.2011 16:14:21
Ostavete mu na Grujo kako Luj XIV da vladee so negovoto kralstvo. Najdobro i skroz da go ukine parlamentot koj i onaka sluzi za potsmev.
Од: Stojko
Датум: 29.01.2011 16:35:31
Taka treba, a mozea i porano..A vlasta ako misli deka moze da donesuva odluki bez opozicija, neka poveli. Imaat dovolno glasaci vo parlamentot, ama ne e se vo brojki.
Од: Regan
Датум: 29.01.2011 17:09:49
Срамота од СДСМ и нивните приврзоци што отворено застануваат во одбрана на криминалот.
Од: Karokan
Датум: 29.01.2011 18:20:18
G-dine Mihajlo,jas go razbrav tvojot komentar,no mi se cini deka ne e dovrsen. I jas ne sum ubeden deka opozicijata navistina se bori za iskreni demokratski vrednosti,no zatoa sum ubeden deka vlasta se bori za voveduvanje ednoumie ili ona sto cesto se spomnuva i vo mediumite i kaj nas komentatorite,za diktatura. Ete,samo vo toa e razlkata pomegju nasite gledista. Za ednite ne sum siguren zaborbata,za drugite sum siguren vo nivnata borba.Za razlicni vrednost,se razbira!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!i
Од: snajper
Датум: 29.01.2011 19:09:42
Sprema scenarioto na stalinistckata koalicija sdsm-dpmne ova e vo kontinuitet smisleniot plan kako da se predizvikuvaat predvremeni izbori ili ednostavno da se predade vlasta od strnan na grujo na branko, pri toa da se suspendira voljata na narodot izrazena na izborite koja e jasno protiv stalinistickite strukturi, a na slednite ke bidi i protiv dpmne koj e del od koalicijata sdsm-dpmne, kako i da se spreci resavanjeto na problemot so imeto i vlez na drzavata za vlez vo NATO i EU.
Од: Goran
Датум: 29.01.2011 19:30:26
Do Sergej: Gruevski ne gi izbrka nego tie samovolno si otidoa kako sto i Taci si napravi. Nemozat da dobijat podrska od narodot i gledaat deka nemozat nisto sami da napravat pa si otidoa. Kojznae mozda ke si najdat nova rabota. Cel zivot na grbot na narodot ziveat, mozda najposle ke najdat nekoja rabota, samo sto ne se klalificirani da rabotat nisto. VO zivot nemale vistinska rabota. Za toa i ke se vratat so opasot pomegu nozete. Nekoj treba da im plaka za stan i za odmori vo Grcka.
Од: Професорка
Датум: 29.01.2011 20:49:03
Доста е!!! Да ги пуштиме разните платени коментатори да ја бранат Власта со прости и глупи аргументи. Но, да знаат дека со секој збор и постапка се одговорни исто колку и Власта за разнебирување до конечно уништување на нашата земја.
Од: rasta
Датум: 29.01.2011 22:09:07
Pozdrav do komentatorot 3G.Barem ima nekoj so vizija razlichna od ispranive mozoci na site bi-polarni gragjani.Vtoro:nesto se slucuva vo drzavava-toa e dobro.Treto-Gruevski ima legitimen mandat,jas ne glasav za nego,ama chovekot si e ok.Si ima mandat,si ima programa,si raboti-nekomu mu odgovaralo nekomu ne-mene nesto ne mi odgovara ,a nesto mi e ok.Chetvrto-se e do realnosta-sekoj od nas ima svoja realnost,taka da ediot tabor ima svoja realnost/ubedenost deka e vo red toa sto go pravat,drugiot tabor isto taka ima svoja realnost/ubedenost deka drugachje treba da bide.Sega vo momentov ednata realnost e posilna i poizdrzana,taka da drugite ne treba da ja sabotiraat.Ama treba da greshkite gi predochat.Bi go povikal Gruevski da se zafati so namaluvanje na administracijata na brojka od 75-80 000 sto e realen broj na administrativci za ovaa drzava,ama profesionalni.Dosta plakjam danok za trutovi,mrzlivi,podkuplivi,neefikasni,prebrojni,neintelegentni,neusluzlivi jadachi na mojot leb.
Од: zbor- vreme e za otpor
Датум: 29.01.2011 22:30:31
Neznam no kako vremevo odminuva se poveke veruvam deka vo ovaa drzava se potesko i se poloso ke sezivee a zosto zatoa sto sekoj misli deka od nego se pocnuva deka on je toj sto treba da predizvika da se srusi se sto toj sam go gradel vo site ovie godini. Nastrana se toa sekoj ima pravo da misli kako saka no edno denes me razocaruva a toa e izjavata na Jovo Manasievski on po sekoja cel ke ostane vo parlamentot se prasuvam zosto sto e toa sto go tera da razmisluva taka i neli nejasno. E toa esto Jovo razmisluva deka negovit CRN Sv JOVAN e dojden tokmu sega. Posle ova nisto nema da e taka oti pajton partijata koj site ovie god e ni riba ni devojka seka ke mora da se izjasni oti redovno obezbedenite mesta sto nekoj drug gi odrabotuva tuka zavrsuvaat .E posle ova i nego i negovite pajtsi neka mislat oti brodot toni gluvcite... No ne mi e jasno sto cekaat vlasi srbi turci bosnjaci kade ke bidat i dali gi branat interesite na svoite populacii vo Makedonija. Redno e i tie da razmilat .
Од: kic
Датум: 30.01.2011 03:10:41
BRAVO 3G..komentar na mesto!!
Од: Миле
Датум: 30.01.2011 05:00:24
Овој чекор на СДСМ е чисто попречување на работата на Судството. А камо да е само тоа! Да не ги споменувам македонските евроинтеграции, стабилноста во нашата држава, воопшто иднината на нашата Македонија. И поселе се ова СДСМ биле за Македонија и нејзиниот народ, како да не! Брука, чиста брука. Бранко скриј се и откажи се од политиката, заврши твоето, не ја уништувај иднината на нашата ни мила Македонија!
Од: ниџо
Датум: 30.01.2011 09:36:22
Се е легитимно во демократијата. Но, мислам дека сега не време за тоа. Тоа може да ја дестабилкизира државата. Цената ќе биде ,многу поголема од фотељата и суетата на Бранко. До власт во демекратска држава се доаѓа со добра програма и луѓе кои можат да ја реализиараат. Ти и твоето опкружување. Не сте во состојба тоа да го направите. Ако расчистивте со една стара генерација, но поспособни од овие околу вас. Што чекате со криминалците од меѓународен калибар како што е Бучко и итн...
Од: Реалист
Датум: 30.01.2011 10:28:49
Нека не се чуди Црвенковски,оти ученикот негов е подобар од него,треба да му е тоа дика. Нека не ги напага членовите на ВМРО-ДПМНЕ, не е состојабата во која се наога државата од членовите -туку од раководствата ,а тие од крај до крај се одпадници од неговата партија. Сиромашките вмаровци,сеуште не се свесни дека Бранко им ја зеде партијата преку оваа гарнитура внедрена на перфиден начин во името на ВМРО.
Од: Hari
Датум: 30.01.2011 11:56:20
Gorane, na cij grb ziveat decata od vladata, pa toa se mladi direktno od ulica dojdeni za edna cel , da ispokradat sto moze i da si zaminat. Opozicijata vo uslovi koga e vovedena diktatura ima legitimno pravo da go napusti parlamentot, trebase i porano. Dikratura se voveduva vo Makedonija, a kolkava e namerata na SDSM da vospostavi vistinska pravna drzava e prasanje. Grujo e diktator toa e sigurno.
Од: maja
Датум: 30.01.2011 12:45:14
grujo ce zavrsi kako causesku grujo ne napravi da trpime izmisli prisilni naplati kako nikade vo svet pa duri i nagrada da im dava za izvrsena rabota...glavno da zeme on narod ne da dade ukina site blagodeti kao sini kartoni za nevraboteni a lazese se med i mleko koga dojde na vlast..more na ulica site nie ne samo sds...bravo sds vie ste narod...........
Од: Трпе
Датум: 30.01.2011 13:57:58
Овој чекор требаше да се напраи уште минатата година.Со деца кои си играт власт нема разбирашка.Од нив очекувај само белји.Кога дпмне-овците се на власт,се ке испокакат и по нив треба друг да чисти.За нив се друг е виновен,тие се уште мали.Во 2002 год.СДСМ требаше да врака бегалци и да поправа рушевини.А власта си замина со полни џепови какло големи патриоти(како секој бизнисмен).Сега ке остават исто така пустош.Кој ке дојде на власт ке мора со непопуларни мерки да чисти по нив.
Од: napaten
Датум: 30.01.2011 15:14:26
gospodine crvenkovski te pocituvavme kako makedonski pretsedatel i tamu vi zavrsi politickata kariera . .hmm . .za postignatite rezultati dosega?- ne sum idealen da sudam no deneska sdsm ne postoi!!razbudetese vi treba nova 'krv" !!a se toa sto go pravite . .napustanje na parlament . . poveke na vasa smetka odi . . ne deka so ovie rascvetavme no treba vo makedonija pod hitno opozicija!!e pa vi treba strategija i mudrost!!imate li kapacitet?? kako i da e premnogu komentari i filozofiranja no makedonceto gladuva . . S.O.S!!!!!!!!!
Од: Штипјанче
Датум: 30.01.2011 22:50:03
Е ова им беше најпаметното нешто до сега на овие истрошени политичари препознатливи по својот неуспех. Во недостиг на конструктивни политички идеи и рејтинг и не можевме друго да очекуваме, па уште подобро би било да ја напуштат политиката воопшто бидејќи во секој поглед и штетат на овој народ и оваа држава.
Од: Germanec
Датум: 31.01.2011 00:14:20
Branko da ti dadam eden Sovet: pobrgu zaminuvaj od politichkata Scena na Makedonija!!! Zarem seuste ne ti e jasno oti politicki si poodamna mrtov??? Napravi mesto vo tvojata Partija na mladi Lugje zada ja spasat Opozicijata,.oti bez jaka Opozicija nema nikade dobra "Pozicija"!!! Ne e Fer i demokratski so tvoite istomislenici koi te slepo sledat da mu nastetuvas na makedonskiot Narod!!!
Од: sebastian
Датум: 31.01.2011 00:18:47
парламентот стана како јавната администрација - многу вработени, земаат плата, а не доаѓаат на работа...
Од: CACKO E OD KAVADARCI
Датум: 31.01.2011 03:03:57
Igri bez granici .....DA no igri bez pravila NNNEeeeee.E pa Brane ova e tvojata igra ocigledno ni ti samiot ne gi znaes pravilata koi ti gi postavi.Neka ti e so sreka a i na nas narodot Gospod da ne cuva od besniloto na Grujo.Samo vo nas e problemot nie sme si krivi.Neka ni e nazdravje
Од: Tina
Датум: 31.01.2011 07:44:21
Koga ke dojde red na niv da si ja pokazat silata i tie ke morat da podlegnat na svetskite ucenuvanja. Nie Makedonci treba da zemame inakov stav. Se za nas, i nisto za tie sto ne manipulirat. Do kogo nie ke se poklonuvame na se, sto ne ni treba. Deka e toj spomenik na logikata?
Од: NIN
Датум: 31.01.2011 08:49:33
Не е ништо чудно ни страшно. Ова бидејќи и СДСМ - Бранко има „владеено“ без опозиција. Но очекувам СДСМ, како што и сугерираше на тогашната опозиција, сега да го помине демократскиот пат и собере 300.000 потписи па за сите нив да се обезбеди проверка на матичните броеви за секој потпис, па да му дозволи на премиерот (онака како и што себи си дозволи) да се консултира со сите посоечки партии во Македонија (околу година дена) за тоа кога да се одржат вонредните избори и тие на крај да бидат закажани една недела пред редовните.
Од: Markes
Датум: 31.01.2011 10:19:26
apelite kako ovoj na "napaten" se mockanje niz vetar.kako ne mozes da razberes deka ne da ne saka, Branko ednostavno ne moze da pomogne. Saka, ama ne moze, do tolku e.Tito, Orovcanec, koj bese drug, kutroto dete na generalot? Nikako.Opasnosta od novi 4 godini za DE PE ME NE ETO im stoi nad glava na sivite opozicioneri.Ova so bojkotov e eden od nacinite za provociranje na izbori, a niv i ke gi ima vo oktomvri.No koja e korista od izbori na koi Branko ke izgubi pak.Ni treba sveza krv, novo lice ili opcija so politicki manifest levo od centarot. Levo od centarot e prazno, furi, bie promaja, tamu nema nikogo, a na narodot mu fali.

Најди! во Утрински
Политика
Петмина кандидати за фотелјата во скопска Апелација
И маглата против името
ВМРО-ДПМНЕ му посака „среќен пат“ на Црвенковски