Број 3493  сабота, 29 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Онлајн вести








Site Meter
Политика

ВМРО-ДПМНЕ му посака „среќен пат“ на Црвенковски

„Ако Црвенковски решил да го напушти Собранието за да го заштити криминалот, нека го направи тоа. Со среќа нека му е. Знае дека со тоа ќе и' наштети на европската иднина на Македонија, ама тој се реши да го стори тоа затоа што мисли само на себе и нема што да изгуби“. Откако социјалдемократите ја соопштија одлуката за бојкот на законодавниот дом, вака реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е член на Извршниот комитет на партијата.

„Со среќа нека му е. Ја стави иднината на Македонија како монета за поткусурување за заштита на криминал. Народот разбира, Бранко, што ти правиш и за твојата одлука ќе сносиш последици од граѓаните. На изборите кога повторно ќе те поразиме заедно со народот, ќе се увериш колку си грешел“, рече Јанкулоска.

Според неа, „од една страна се оние што кога беа на власт ја упропастија Македонија, отпуштија од работа 200.000 луѓе и ги уништија фабриките, а денес штитат криминал и не се срамат јавно да го кажат тоа“. Тие, како што рече Јанкулоска, вршат притисок врз судството, спремаат листи за отстрел на судии и обвинители, се закануваат на медиуми, прават поделби, ја ставаат на коцка иднината на Македонија, ставајќи се во заштита на криминалот во вредност од милионски суми евра, за кој е осомничен Велија Рамковски.

„Им порачуваме дека нема да успеат. Ние заедно со народот, со слободните луѓе што не се плашат од Црвенсковски и од неговата тајфа, во интерес на граѓаните и во интерес на Македонија, нема да им дозволиме да ги реализираат нивните аспирации за фотелја по секоја цена. Демократска Македонија застанува против лицето Б.Ц. и против аферата ’Надеж’ што ја креираше тој “, нагласи Јанкулоска. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 1720 пати.

Испрати коментар

Од: mark
Датум: 29.01.2011 12:22:55
Ministerke kazi nesto za dobienite invalidski penzii na del od tvojata familija ne se pravi kako od mars padnata do gusa si vo kriminal i svesna si sto ke se sluci po zaminuvanjeto od vlast i zatoa kolku i da sakas nemozes da go skries ona sto ti go citam na liceto tebe na grujo,Kanceska,Janakievski,Konjanovski,stavreski gospod neka vie napomos covek da nee vo vasa koza .
Од: грев
Датум: 29.01.2011 12:55:37
Ееееееее.За свами што ќе биде народот ќе попричекате.Кој аир видовме сполајви.
Од: Хитлер во Груевски
Датум: 29.01.2011 13:01:09
Ако еден ден станам лидер на една голема партија ќе работам само за партијата, но ако станам и лидер на државата ќе биде следново сите мои не истомисленици ќе ги ќе ги газам и ќе правам од нив најдолни да бидат и ќе им земам се што имаат и поседуваат. Но најпрво ќе го здробам својот народ, па потоа ќе удрам на медиумите и на крај ќе бидам владетел на оваа земја ќе нема кој да ми се спротистави ќе имам мед и млеко овој народ ќе страда и ќе ми се поклонува... Ако оваа земја Македонија го дозволи од овој Диктатор ова тогаш е она што мислам дека е препородениот Хитлер во Груевски. Господ нека ни е на помош. А1 биди медиум на демократијата и така остани оти на овој т.н лидер му се приближува крајот верувајте ми така е само храбро и смело против власта на диктатурата, на овој диктатор ќе му пресуди овој народ. Силата е во народот Власта е само двигател на земјата.
Од: Трпе
Датум: 29.01.2011 14:18:04
Госпого министерке ,ич не се секирајте за Бранко.Кој како ке си зготви такво и ке си го јаде.Чие е повкусно има право народот да одлучи.Точнио е дека криминал и корупција не треба да се остават да се развиват како плевел.Грабеж е ако се украде и 1кг, и ако се украде и еден тон или при затајување на данок.Но не треба да се има селективност.Велија бил криминалец а што се другите кои ги имате и во вашите редови.?Што со криминалот кој го трасира владата и тоа со стотици милиони евра.?Некои се зафатиле само со тат па тат,како други криминали да не постојат.Нормално е сега да не се плашите од ништо додека сте на власт.Кај вас е и стапот и морковот(моќта).Но никој не е вечен на власт.Што потоа...
Од: jovan
Датум: 29.01.2011 14:21:22
Sto tolku licemerno zalis po Crvenkovki, Gospoza Ministerka. Pa koga veke si mu posakala sreken pat, poracajmu i da ne se vrati.
Од: krste
Датум: 29.01.2011 14:36:23
Ah devojce, devojce.... do smeenje li ti e.....
Од: diplomat
Датум: 29.01.2011 16:22:00
Kakva cinicna nasmevka na slikava... Abe od vas pogolemi kriminalci vo Makedonija, vo momentov ne postojat. Samo toa sto e deneska, ne e i utre. Ke si odgovarate site vie ministri vo ovaa vlada pred sud naskoro.Za kriminal nanesen na sopstveniot narod i na idnite generacii, sto gi zadolzuvate so milionski krediti, a potoa gi kradete i delite pomegu sebe.
Од: Hari
Датум: 29.01.2011 16:24:23
Malecka, vo tvojata nasmevka se krie se a najmalku zadovolstvo. Se gleda strav vo ocite kaj site vas nepismeni dpmneovci. Samo vo Makedonija moze deca od ulica da go prevarat narodot i da si igraat ministri, da kradat do besvest i da lazat bez sram. No za 5 godini go pokazavte liceto vistinsko i tek sega moze da ja uvidime razlikata pomegju SDSM i DPMNE. SDSM, svojata najgolema greska a toa e sto na racew ve donesoa na vlast, ja plati i sega e vreme da si ja ispravat greskata i da ne dozvolat propast na drzavata. Tvorec na TAT e Nenovski zewtot na Kljusev DPMNE, ne moze kriminal bez DPMNE.
Од: ivo
Датум: 29.01.2011 16:37:36
Se nadevam deka ministerkata za vreme na svojot nastap kako clen na Izvrsniot Odbor na VMRO DPMNE ja stavila funkcijata Minister za Policija vo miruvanje! Ne za drugo, ama da ne se pocustvuva opozicioniot lider zagrozen od Policijata ! Od druga strana, koga tolku se povikuva na narodot, da ne pomisli nekoj deka vo ovaa drzava ima "narodna milicija"! Toa bese vo minatoto koga Aleksandar Rankovic, Stane Dolanc i drugi "prvi policajci " vo isto vreme drzea i partiski i drzavni funkcii ! Treba da vnimavaat clenovite na VMRO koi vrsat funkcii vo partijata, da gi zamrznuvaat drzavnite funkcii koi na koi se imenuvani, za da ne dojde do vakvi situacii! Mene ne me interesira sto praat tie vo partijata , ama sakam da znam koga drzavata , zaradi partiski obvrski nema Premier, Minister , vakov ili onakov funkcioner! Osven , ako ovie "nasite " mislat deka toa e bas seedno, kako sto mislea gorespomenatite komunisticki policajci!
Од: tito
Датум: 29.01.2011 17:05:18
E ministerke mnogu go zalis BATE BANE ne go zali tolku zosto vi se gleda krajot a toa se gleda i po vasite smackani faci a koga ke dojde BATE BANE na vlast veruvam deka nema da ve zali zasto ako ve zali ke go razali i clenstvoto na SDSM. Ednas go razocara 2002-2006 i veruvam deka vtor pat nema da se povtori zosto treta sreka ke nema/ Poz.Komunist!
Од: pop
Датум: 29.01.2011 20:43:46
Rabotata ne e za cinicno podsmevanje.Razmislete dobro sto pravite.Kako vlast (vlada) vie ste domakini na ovaa zemja,a celo vreme nepristojno se odnesuvate prema del od familijata.Toa neminovno vodi kon raspravii,kavgi i raspganje na zaednicata.Neizvesnosta za idninata e golema i ke bide od korist sekoj pa makar ponekogas bil i ne "poslusen"
Од: dixi
Датум: 29.01.2011 21:47:14
Blaze si im na site sto se rodile vo ovaa dupka Fyrmska i fatile pati4ka koj EU,Ch,Canada,USA Australia,N.Zealand sto podaleku sto poarno!Od ovie dve partii (Vmro i SDSM) u bestraga se !Ovaa e zemja raj za barabi i lopovi
Од: patriot
Датум: 29.01.2011 22:21:41
do site komunjari ocaen poteg probavte so mitinzi ne ide probavte so tutunari ne ide so "mlekari"opet isto pa ajde sega so bojkot i od toa nema da bide nisto,nesto mnogu ste nervozni tropa idrizovo na bihacka bb nekoj ke mora da odgovara???
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.01.2011 10:24:19
Hari дете па што него реши проблемот со ТАТ твојот лидер а тогашен премиер,па нели има октопод и дека нема ,,свети СДСМ,,и што бидна од целата работа огромно ништо.Добро имаше министер во тренерка,па министер со џип и кофери.Дури и дадовте награда за бизнисмен на годината на г-ѓа Соња.Зарем не си приметил да кога вие давате награди на бизнисмени овие заглавуваат во затвор за криминоген бизнис. Ептен лоша карма им носите со наградите.
Од: dacko od Suvora
Датум: 30.01.2011 16:11:43
ludje, dajte da bideme iskreni - kolku sme glupi dosta e i sto imame drzava, denes nemozes ni da kazes deka sekoj VTOR e politicar zatoa sto sekoj prv SE (sve) znae , koj vmro koj sdsm koj kradel ,koj ke krade ,kolku ,kade, a nemame za leb doma a vie pak koj krade ,kolku krade, kradel ,krade , ke krade - stvarno mi e sram kolku sme glupi
Од: andrej
Датум: 30.01.2011 19:26:51
devojko ce se smees ovci ne pravite se ispolagavte breslplatno zdravstvo,skolstvo,centri za invalidi..a se obratno napravivte...more kako causesku ce zavrsite.............
Од: Коле
Датум: 30.01.2011 22:59:44
Среќен пат во неповрат- нормално кога виде дека не вродија со успех сите сплеткарења, фингирани протести, пропагандни дезинформации очекуван беше и овој кукавички чекор со кој се докажа дека Б.Ц воопшто не мисли за доброто на Р.М и секогаш бил на страната на криминалот.
Од: torbes
Датум: 31.01.2011 06:03:36
znaci ovie od VMROfcive nego poznavale zborot ,,sram,, pa tie se tie sto i nastetie na patot za evropa na drzavata , pod vlasta sdsm makedonija go dobi statusot zemja kandidat za clenstvo . a vmro go zakopa seto toa a sega se brani deka drugite bile krivi, moj sovet e,, fatetese malce za vasit nos,,

Најди! во Утрински
Политика
Петмина кандидати за фотелјата во скопска Апелација
Опозицијата го напушти Собранието
И маглата против името