Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника

Не палете оган или ќе платите казна од илјадници евра

Во план е да се набават уште еден авион и 40 противпожарни возила

Горан Адамовски

Рекреативците да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите и да не користат запаливи материи на отворен простор, работниците да ги зголемат мерките за претпазливост, возачите и патниците да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари по должината на патните линии, а земјоделците да не ги палат стрништата. Ова се дел од советите што Координативното тело за заштита од пожари секое лето ги упатува до граѓаните.

Високите температури во изминатиот период ја зголемија опасноста од пожари. Гореше речиси низ цела земја, но, сепак, за разлика од изминатите години, не стануваше збор за големи опасности. Превенцијата е најдобар чувар, па од Координативното тело за заштита од пожари потсетуваат дека казната за физички лица, кои ќе се затекнат како се движат во шума за време на забраната, а немаат посебно одобрение, изнесува од две до три илјади евра, а казната за правните лица што не презеле мерки за заштита на шумите од пожари е од 15 до 20 илјади евра. Казната за палење на стрниште, плевели и други растителни отпадоци, според Законот за ловство, се движи од шест до осум илјади евра за правни лица и од 1,5 до три илјади евра за физички лица. Освен казните за прекршокот, сторителот ќе треба да ја надомести и штетата.

„��е надеваме дека ќе имаме помалку работа, но ние сме подготвени за интервенција“, уверува Шабан Салиу, прв човек на Дирекцијата за заштита и спасување.

Трите нови авиони за гаснење пожар што се набавени лани од Шпанија, кои не' чинеа повеќе од осум милиони евра, кружат низ земјава и гаснат каде што има потреба. Во план е набавка на уште еден авион - двосед.

„Освен што ќе гасне пожари, леталото ќе ни треба и за тренажни активности, за обука на пилоти и сл. Во Авиоодделението ќе имаме потреба од доекипирање на стручниот кадар, нови техничари, механичари, пилоти“, објаснува Салиу.

Освен авион, ДЗС наесен ќе побара и набавка на 40 противпожарни возила, бидејќи општините се жалат дека има недостиг. Лани беа набавени 35 противпожарни возила, беше набавена униформа за тимовите за брз одговор, специјални ранци за гаснење пожар...

„Опремени сме како никогаш досега, но знаете како е, секогаш има потреба од уште. И во најразвиените земји, кои се сто пати подобро опремени од нас, има примери каде што ќе се покаже недостиг од опрема“, признава директорот на Заштита и спасување.

Граѓаните можат да пријават пожар или опасност од пожар на бесплатниот телефон за итни повици 195 во Центарот за управување со кризи, на бројот 193, како и на отворената телефонска линија 02-155-22 на јавното претпријатие ,„Македонски шуми“.


#
Статијата е прочитана 906 пати.

Испрати коментар

Од: trpe
Датум: 01.08.2011 00:18:17
Direktore kade se naogja taa silna oprema za koja zboruvate, i koj mislite deka gi gasi pozarite niz drzavava. Profesionalnite pozarnikari ili tie sto gi vikate od doma po potreba. Taa silna protivpozarna oprema treba da bide podelena na PP-Edinicite niz drzavata , vaka se se sveduva na falbi i zalazuvanja na javnosta.
Од: eu
Датум: 01.08.2011 11:28:05
taka e koga na vlast e desnica ...samo desnica moze da zabrana dvizenje vo suma..pa na zapad se proporacuva dvizenje vo suma na gorestina ............
Од: Диме Битола
Датум: 01.08.2011 12:44:10
Тоа што се купија трите ПП-авиони е добро но и тие се бескорисни ноќе бидејки нема осветлени водени повешини каде што безбедно можат да се полнат со вода и да дејствуваат и ноќе, па се случува да скоро локализирани пожари заради прекинот на гаснењето од воздух преку ноќта истите се распламтат. За набавката на нови ПП-возила па и авион е повеќе од потребно бидејки ниската цивилизациска култура на пироманите и пушачите кои во возење ги фрлаат цигарите по асвалтот или во блиската сува трева не водејки сметка дека позади нив оставаат пекол. Незнам дали ако се земе еден одпушок и се предаде на полицијата постои начин да се казни соодветно „фрлачот“, се разбира дека треба да се наведе времето и регистерската таблица и типот на возилото.

Најди! во Утрински
Хроника
Волковија не сака „сив дом“ во својот атар
Осуденички подметнале пожар
Малолетник со нож ранил врсник

"""