Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника
Осуденички подметнале пожар

Минатата среда избувнал пожар во таканареченото „Женско одделение“ на Казнено-поправниот дом „Идризово“. Пожарот избувнал во шкафововите на женското затворско одделение и била предизвикана незначителна материјална штета.

Вработените во „Идризово“ извршиле преглед на видеозаписот и било извршено препознавање, односно дека пожарот бил намерно подметнат од осудените лица: С.Џ.(31) од Сараево, БиХ, Т.К.(31) од Велес, З.М.(24) од Битола и Б.Ј.(25) од Гевгелија. Натамошната истрага на вработените од КПУ „Идризово“ покажала дека спомнатите осуденички биле поттикнати од лицата: С.Ч.П. (43) од Охрид, Г.П. (62) од Битола, П.С. (46) од Берковница, Бугарија и В.Н.(42) од Скопје.

Потпалувачките биле поттикнати со добиени ветување дека за возврат ќе добијат опојни дроги, цигари, пари и ќе бидат амнестирани, односно скратување на затворските казни. (Љ.С.)

#
Статијата е прочитана 560 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Волковија не сака „сив дом“ во својот атар
Не палете оган или ќе платите казна од илјадници евра
Малолетник со нож ранил врсник

"""