Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Македонија

Војна за вода во Берово

Голема нетрпеливост меѓу градоначалникот и Советот на Општината

Иван Бојаџиски



БЕРОВО - Новоизградената пречис��ителна станица со која 14.000 жители од Берово ќе ги остават проблемите со водата за пиење во минатото, денеска се очекува да биде пуштена во работа. Ова, всушност, е финале на голем проект финансиран од швајцарската влада со 10,1 милион евра, од Министерството за животна средина со 600.000 евра и од Општина Берово со 400.00 евра.

Сепак, свечениот чин ќе биде во сенка на анимозитетот кој подолго време постои меѓу градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ и општинскиот Совет, кој го контролира опозицијата. Проблемот доби на тежина откако Советот го одби предлогот на градоначалникот за зголемување на цената на водата за 30 проценти. Градоначалникот Драги Наџински ги обвинува советниците од опозицијата дека намерно ја минираат иднината на скапиот проект.

„Зголемувањето на цената на водата е услов што произлегува од проектот, бидејќи без тоа системот не ќе може да биде самоодржлив. Одбивањето на моето барање за цената ќе создаде големи тешкотии во натамошното одржување на пречистителната станица. Со сегашната цена од 28 денари за кубен метар потрошена вода ЈПКР ’Услуга‘ не може финансиски да го покрива своето работење, што ќе биде на штета на градот и на општината. Советниците од опозицијата по ова прашање настапуваат популистички, сметајќи дека кај граѓаните ќе ќарат некој политички поен. Но, тие не разбираат дека со своите одлуки се против интересите на жителите за чие добро мораме сите заедно да работиме. Имам впечаток како на нив да не им е до овој проект“, изјави Наџински.

За опозицијата во Берово тврдењата на градоначалникот се далеку од вистината. Потсетуваат дека договорот за изградба на пречистителна станица со швајцарската влада бил потпишан во 2006 година кога СДСМ ја имала власта во општината. „Само овој факт говори дека реализацијата на пречистителната станица ја сметавме и ја сметаме за приоритетно прашање за Берово и за општината. Но, не го поддржуваме партизирањето што го практикува градоначалникот, тоа што за 15 месеци во јавното претпријатие вработи 13 сопартијци. Со проектот на швајцарската влада ‘Услуга‘ треба да има максимално 75 вработени, но таму дури 98 лица се во редовен работен однос и уште 12 со договор на дело. Во самиот проект децидно се наведува дека за потребите на пречистителната станица треба да се примат двајца нови работници, а другите да се од вработените во ‘Услуга‘ каде што има превработеност. Наџински не го почитува тоа. Со вработување партиски војници финансиски го оптовари јавното претпријатие, па бара цехот да го плаќаат сите жители на општината. Во околности кога дури 63,4 проценти од вкупната реализација на јавното претпријатие одат на плати и тоа без парите што им се исплатуваат на лицата со договор на дело. Јасно е дека ‘Услуга‘ нема финансиски капацитет, но за тоа не се виновни советниците, туку градоначалникот“, нагласува Антонио Двојаковски, лидер на беровските социјалдемократи.

Градоначалникот Наџински тврди дека во услови кога опозициските советници немале слух, тој прифатил, со ребаланс на буџетот, секој месец од општинската каса да се издвојуваат по 300.000 денари за субвенционирање на пречистителната станица, се' до донесување одлука за зголемување на цената на водата. Двојаковски, пак, укажува дека одлуката преку ребаланс да се издвојуваат средства за финансиска одржливост на новиот проект ја донел општинскиот Совет.

„Со ваква одлука уште еднаш, како одговорни луѓе, докажавме дека наша цел се приоритетните потреби на општината и нејзините граѓани, а не потребите на градоначалникот и на неговата партија“, вели Двојаковски.


#
Статијата е прочитана 1316 пати.

Испрати коментар

Од: gem
Датум: 21.09.2010 14:52:33
насловот е буквално слика за состојбата во Берово досега градоначалникот сеуште не тепал за вода но кај и да е може да се случи таква тепачка за 18 месеци како е на власт успеа да предизвика неколку тепачки во кој тој ја имаше главната улога
Од: беровец
Датум: 21.09.2010 16:21:49
Наџински го имаше советот во општината, зошто тогаш не ја свати важноста на проектот, тогаш брзаше да ги заврши дваесетината ветени нови вработувања на партиски војници во јавното претпријатие. Нека излезе сега и им објасни на своите сограѓани дека има потреба од покачувањ на цената на водата . Уште колку ли партиски вработувања има во план.......Го испартизира проектот без потреба.
Од: berovka
Датум: 22.09.2010 09:54:59
коментар на мојот сограганин...не знам што поразбира тој непартиско вработување? Дали тоа значи дека нема да биде партиско ако актуелниот градоначалник продолжи да вработува од партискиот штаб на СДСМ од Берово? Ако е тоа за вас не партиско во ред.Но факт мн познат за беровксата јавност е дека вработените таму се 99% од СДСМ. Па драг согранину, после 20 г време е за промена во Берово па со тоа и нови вработувња во ЈКПР Услуга.Таа дискриминација на привелегирани категорија на луге во Берово што владееше 20 г време и да си замине од сцена, т.е полека си заминува...
Од: Што чека?
Датум: 22.09.2010 10:54:45
Што чека градоначалникот на Берово?Веќе три дена нема никого истепано! Да не чека Гоца да му испрати некого од Шестата управа да му помогне?

Најди! во Утрински
Македонија
Различни аршини за набавка на вакцините
Во Штип над три илјади дивоградби
Пописот е политика, а не статистика



"""



Contributors to WAZ.EUobserver
Railway joint venture to make train travel in Balkans faster
Ivo Sanader – Croatia's ex-prime minister gone missing