Број 3387  вторник, 21 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Македонија

Различни аршини за набавка на вакцините

За една вакцина била избрана најевтината понуда, а за друга најскапата

Јасмина Јовановска



Државата користи различни аршини при набавка на вакцините за редовна имунизација на децата. Иако станува збор за еден тендер и треба да важат исти критериуми, при изборот на различни вакцини биле пресудни различни критериуми, велат добрупатени извори. Така, според нашите соговорници, за едни вакцини важел условот најевтина понуда, а за друга вакцина, најскапата. За некои вакцини не се барало ниту одобрение од Светската здравствена организација (СЗО), на која Министерството за здравство знае честопати да се повикува кога сака да ја убедува јавноста во загарантиран квалитет, посебно на лекови. Како последица на ваквата шареноликост при изборот, на тендерот изгубиле реномирани производители, кои со години ја снабдувале Македонија со вакцини и може да се случи бебињата во земјава да се вакцинираат и со вакцини што се користат првпат на нашето поднебје.

Од Министерството за здравство не сакаат да откријат од кои производители и од кои земји биле избрани годишните количини на вакцините наменети за редовна имунизација на децата. Оттаму објаснуваат дека тендерот не е завршен, односно ја минал само првата фаза, со што е направен избор за 25 вакцини, кој не е конечен, бидејќи до крајот на неделава тече периодот на жалби. Но, од Министерството за здравство нагласуваат дека на тендерот доставиле понуди реномирани производители, кои се регистрирани кај нас и во ЕУ. На прашањето дали се применуваат различни аршини, од Министерството за здравство велат дека сите ги исполнуваат одредбите од Законот за лекови и дека според него, вакцините не треба да имаат одобрение од СЗО, туку да се регистрирани кај нас и во Европското биро.

Тендерот за вакцини чини над еден и пол милион евра, а засега е единствениот што се спроведува толку доцна. Обично оваа набавка е завршена во јуни или во јули, а сега е септември и тендерот се' уште не е завршен.

Од Министерството за здравство уверуваат дека ќе нема криза со вакцините, но при вакцинирањето ќе им се дава приоритет на новороденчињата. Или последните резерви ќе им се даваат на бебињата, а оние деца што треба да примат ревакцинација, може да им се одложи терминот за една до три недели додека не стасаат вакцините. Ова посебно се однесува за вакцината за жолтица Б. Од Министерството велат дека вакцини против хепатит Б има доволно за сите породилишта и редовно се дава прва доза во првите 24 часа. Со втората доза што се прима по еден месец од првата и третата доза што се дава на шест месеци, бебињата ќе бидат вакцинирани по пристигнување на вакцините од тендерот. „Стручно медицински е дозволено доколку втората и третата доза децата ја добијат со минимално задоцнување од две до три недели“, објаснуваат од Министерството.


#
Статијата е прочитана 374 пати.

Испрати коментар

Од: lekar
Датум: 21.09.2010 14:37:33
Ako voopsto nekoj kontrolira neka se objavi kolku padnala stapka na vakcinirani deca, Nemojte pak da bideme iznenadeni. Vakcini nema, personalot e poveke od prepoloven ,kako moze da bide dobro???

Најди! во Утрински
Македонија
Војна за вода во Берово
Во Штип над три илјади дивоградби
Пописот е политика, а не статистика






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe