Кавадарци ќе добие бунар на желби
КАВАДАРЦИ - Бунар што во минатото се наоѓал во дворот на поранешниот ресторан „Југославија“, пронајдоа градежни работници при активности за реконструкција на плоштадот во Кавадарци. Од општината велат дека не планирале, но од стариот објект ќе направат атракција. Бунарот ќе биде наречен Бунар на желби. Ќе биде дограден за да ја добие потребната форма, а заради безбедност на граѓаните, ќе биде покриен со метална решетка. Инаку, изградбата на новиот плоштад треба да заврши до 15 јули кога Кавадарци е домаќин на европското кошаркарско првенство за девојки до 20 години. (Д.Р.) |