Број 3025  четврток, 02 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Избрани супербрендовите во Македонија

Македонија ги избра своите супербрендови за 2009 година. Дваесет и пет производи и компании, кои се прогласени за супербрендови, завчеравечер ги добија признанијата од меѓународната организација „Супербрендс“, која работи на идентификацијата на водечки брендови на поединечен пазар.

Тоа се: „Акцент медија“, „Алкалоид“, „Бекутан“, „Кафетин“, ТВ Алсат М, „Би- милк“ на ИМБ, „Витаминка“, „Стоби флипс“, „Горска вода“, ДХЛ, „Златен даб“, „Златна книга“, К-15, „Капитал“, „Краш“, „Лек“ , „Мајкрософт Македонија“, „Мекдоналдс“, „Пекабеско“ , „Ронхил“, „Свислион“, „Скопски пазар“, „Т-мобиле“, Сити радио и „Космофон“. Супербрендовите ги избра стручен совет составен од 60-тина претставници на маркетинг агенции, медиуми, академски експерти и компании.

Квалитетот, одговорноста, разликувањето и емотивното влијание се четирите карактеристики, кои ги издвоија овие супербрендови од останатите 800 од кои се правеше изборот.

Во Македонија ова е прв избор на супербренд од меѓународната организација, која работи 16 години во 86 земји. „’Супербрендс‘ е нешто што недостасуваше во Македонија, нешто што на едно место ги обединува најмоќните, најрепрезентативните марки во Македонија“, рече министерот за економија, Фатмир Бесими, на доделувањето на признанијата.

Според Ред Лего од меѓународната организација „Супербрендс“, избраните македонски супербрендови се придружуваат на повеќе од 7.500 брендови низ цел свет. Борут Землјич, директорот за регионот Адријатик од „Супербрендс“, порача дека извонредноста, сјајниот дизајн, автентичните карактеристики и вистинската комуникација ќе бидат основи на водечките трговски марки во иднина. (МИА)


#
Статијата е прочитана 1515 пати.

Испрати коментар

Од: аеродром
Датум: 02.07.2009 09:14:12
Од каде Македонски супер брендови: „Краш“, „Лек“ , „Мајкрософт Македонија“, „Мекдоналдс“, „Пекабеско“ , „Ронхил“, „Свислион“, „Т-мобиле“, и „Космофон“? Зошто се македонски? Затоа што се во Македонија? Глупости невидени.
Од: Испревртена Приказна
Датум: 02.07.2009 10:49:00
@аеродром -И јас се изначудив, Но сега со сигурност знам зошто се „македонци“ Александар, Јустинијан, Браќата Миладиновци, Манаки...
Од: darko
Датум: 02.07.2009 11:58:10
Skopski pazar brand?Moze vo skopje ama vo Kavadarci otvorija eden restorant i ne znaeja da go rabotat a i marketot im e katastrofa
Од: xxl
Датум: 02.07.2009 13:20:48
Nemam nisto protiv Siti Radio, ama zosto ne ja nagradija i Antena 5. Od sekogas se slusa toa radio niz cela makedonija. Siti radio se slusa samo vo Skopje mi se cini. Pozdrav

Најди! во Утрински
Економија
Македонско-кинески бизнис-форум
Владата ќе се задолжува со 175 милиони евра
Инвеститорите повеќе би вложиле во Албанија отколку во Македонија
Благ пораст на девизните резерви
Четири нови нафтени деривати на пазарот
ИК банка ќе ги поддржува малите и средните фирми
Кошничката за јуни - 11.986 ден.
ЕВН ја пушти трафостаницата во Росоман
Во земјава се увезуваат сомнителни брашно и пченица