Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Потрагата по оружје продолжи во тетовско Ново Село

Запленети оружје и муниција, уапсено едно лице, кое
веројатно било поврзано со ликвидираната група кај Радуша

Гојко Ефтоски


НОВО СЕЛО - Татко со тројцата синови се приведени по завчерашната полициска акција во тетовско Ново Село, при што беше запленето поголемо количество оружје. Откако таткото признал дека самиот го набавил оружјето, синовите биле ослободени, а нему му е одреден притвор. Според МВР, постоеле индиции дека уапсениот Демир Мифтари (59) бил поврзан со еден од убиените во акцијата во Радуша, но случајот допрва ќе се расчистува.

Полициската акција во Ново Село внесе немир, вознемиреност и загриженост во селото, иако вчера на прв поглед се' беше мирно. Акцијата во четвртокот вечерта по претресот во куќата и во шталата, заврши со приведување на сопственикот Демир Мифтари (59) и на неговите три сина. Селаните тврдат дека полицијата влегла во населбата непосредно по погребот на Шабан Зенуни од соседното Мерово, кој беше убиен во полициската акција кај Радуша. „Уште кога заминувавме на погребот во Мерово ни беше сомнително зошто полицијата не не' пушташе да одиме“, ни рече жител на Ново Село. Револтот меѓу селаните е видлив на секој чекор.

„Пред акцијата, полицијата требаше да побара мислење од претседателот на Месната заедница и да го праша дали има оружје во селото. Јас знам дека по војната од 2001 година, оружјето е предадено“, вели еден од селаните.

Сепак, во двете куќи на семејството Мифтари полицијата пронашла три автоматски пушки, два пиштола, три револвери, но и тромблонски мини, бомби и поголемо количество друго оружје. При спроведувањето на акцијата немало инциденти и пукотници. Така било и при приведувањето на таткото и на неговите тројца синови, кои беа ослободени веднаш по распитот. Дознаваме дека во полицискиот распит таткото признал дека дел од оружјето пред 3-4 години му ги дал негов роднина, а останатиот дека е остаток од конфликтот во 2001 година, додека автоматската пушка ја набавил во Швајцарија. Тој не сакал да каже зошто го чувал оружјето, но во МВР се сомневаат дека бил поврзан со еден од убиените шверцери кај Радуша.

Градоначалникот на Општина Желино, Фатмир Изаири, вели дека над Рогле, кое е речиси споено со Ново Село, „веќе две-три недели има специјални полициски единици“.

„Не сум информиран ниту консултиран за нивниот престој. Никаква информација нема ниту во полициската станица Групчин, која реонски ги покрива двете села. Мислам дека локалната власт е запоставена“, смета Изаири. Тој апелираше до жителите во Општината за смиреност.


#
Статијата е прочитана 1594 пати.

Испрати коментар

Од: vasco beleski
Датум: 15.05.2010 00:41:00
otkoga policija go zapira pijan vozac i mu ja odzeme vozackata mu veli vozacot na policaecot pa so ne mi kazavte majkata deka ke pravite kontrola nemase da pominam ovde...taka i gorenavdeniot gradonacalnik da go mu kazele deka ke pravat kontrola prosto covek da ne veruvas so kakvi luge si imame rabota ......
Од: Штипјанче
Датум: 15.05.2010 01:15:48
Секоја чест за МВР, на ова не гледам како на црна точка напротив ова не е нешто ново што се случува бидејќи најголемо количество на оружје во РМ се шверцуваше во пеиодот од 1997г само што тогаш никој не се замараше полицијата спиеше и сите си мислевме дека ни цвета државата за да во 2001 се изненадиме од затекнатата состојба. Денес барем некој ги апси криминалците.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 15.05.2010 09:23:18
Од изјавата на градоначалникот се добива впечаток да територијата на општина Желино како да е територија на друга држава па треба да се побара дозвола за влез во неа,ако не добијат нема влегување.И кој гарантира ако некој од општината добие известување за намерите на полицијата,дека тој нема да го извести субјектот да ,,фати магла,, сосе оружјето.
Од: Nevidena nebuloza i bezobrazluk
Датум: 15.05.2010 11:11:30
Do koga albancite ce se pravat neudreni i ce go zamajuvaat makedonskiot narod. Aje ve molam, koga vo Delcevo ce odi policijata da gi lovi drvokradcite, znaci treba da go izvesti gradonacalnikot i onie sumarite, koi vo sprega so kradcite ja dogovaraat secata na sumata. Kakvi nebulozi. Znaete, goga britanskata polic ija vo Severna Irska gi apsi pripadnicite na IRA treba da go obavesti mesnoto naselenie.
Од: "vodolija"
Датум: 15.05.2010 11:43:05
Kompletno politicko ludilo, prisutno kaj Jankulovska, Gruevski i Ivanov !! Dodeka gragjanite zemjodelci od jugo-istocniot del na drzavata se trudat od zemjisteto da izvadat sto pogolema lokicina zemjodelski proizvodi, Policijata vo severo-zapadniot del na drzavata setrudat og zemjata ,od kombinja ,od kuki da izvadat sto pogolema kolicina na oruzje i raznovidna municija. Gragjani se lisuvaat od sloboda i masovno ubivaat, a bezbednosnata situacija vo drzavata, za ovie trojca gorenavedeni bila pod kontrola!!?? Gospod da im se cudi na pametot.!? Vaka bese bezbednosnata situacija i pred 2001g. pred pocetokot na gragjanskata vojna. Pa kakva signalizacija treba da im se dade na ovie trojca funkcioneri ,deka povtorno ke izbuvne gragjanska vojna!? Dali toa treba da im bide ukazano so tapani i zurli.!!?? Gragjani razbudetese, ZOSTO ovie trojca nema da ja branat drzavata !!??

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Кога млекото станува урда
„Мериот“ ќе гради хотел во центарот на Скопје
Кутиите кај Шврговски
Економската криза го намали бројот на филмовите
Акробации на плажа
Започна филмскиот спектакл во Кан
Плашете се за својата безбедност!
Квотите за малцинствата се враќаат во игра
Во Стразбур зборуваат за „техничка грешка“
Тајландските војници се судрија со црвенокошулашите
На студии во „малиот Париз“
Антонио, quo vadis?
Матурски фустан преку „Фејсбук“
Скапо е да се биде прва дама
Посовршена монетарна унија
Ердоган првпат ја посети Грција
Инвестициите бегаат од Македонија
Мохамед се откажа од „Херодс“
Тенис за деца кај „Еди Вега“