Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Мислења

Антонио, quo vadis?

Ѓорѓи Мисајловски

Дали докторираше министерот Милошоски? Последниот дипломатски гаф го враќа во средношколските денови кога се учи за функционирањето на ЕУ

Во последните 18 години Република Македонија имала осуммина министри за надворешни работи. Поточно, за 14 години, од 1992 до 2006 година, имала седуммина министри за надворешни работи, значи по две години во просек, а од 2006 година до денес министер е Антонио Милошоски, кој е апсолутен рекордер според бројот на поминати министерски денови се' уште во зградата на Владата на поранешна социјалистичка Република Македонија, на улица „Дамјан Груев“ број 6. Новата ќе биде готова во 2012 година кога по некои записи на исчезнатите Маи, на планетава Земја не и' се пишува добро.

Повеќе пати ги коментирав потезите на министерот за надворешни работи со најдолг континуиран стаж, почнувајќи од сцената во Баеришер Хоф во Минхен кога младиот министер на своето прво учество на Конференција за безбедност не можеше да ја стигне канцеларката Меркел. Тогаш беше само два три месеци министер. Не беше се' изгубено. Но, потоа следат деманти. Единствено позитивно е што, во меѓувреме, министерот магистрираше (меѓународна политика или односи). А ако си веќе магистер, доктор не ти гине. Но, дали докторираше како министер? Последниот дипломатски гаф го враќа во гимназиските денови кога се учи за функционирањето на ЕУ.

Небулозноста на последниот дипломатски гаф на министерот Милошоски, наједноставно ќе го илустрирам на примерот со Полска, која заедно со уште девет држави, во 2004 година беше примена ��о ЕУ. Кога министрите на Полска би размислувале на начин на кој ламентира Милошоски, Полска никогаш не би била членка на ЕУ. Имено, во интеграцискиот процес на Полска има точно девет клучни настани за кои одлуките го донесувале гремиумите на ЕУ во време кога претседавале многу држави, благодарение на ротирачкиот редослед утврден уште во 1958 година. Да наведам само три датуми: 31 март 1998 година, Полска ги почнува преговорите со ЕК (претседава Велика Британија), декември 2002 година, Полска ги завршува преговорите со ЕК (претседава Данска). На 16 април 2003 година во Атина е потпишана Спогодбата за приклучување кон ЕУ (претседава Грција). Конечно, на 1 мај 2004 година Полска е примена во ЕУ (претседава Ирска). Иста логика може да се примени и на другите девет држави примени во 2004 година и на двете последно примени членки во ЕУ во 2007, Романија и Бугарија. Не влегувам, од разбирливи причини, во анализа кои од овие држави во определен период биле евроскептици кога е во прашање проширувањето, а, сепак, за време на нивно претседателство ЕУ се проширила за 12 нови членки за само три години. Важи и обратната верзија.

Пр��тседавањето со ЕУ е техника гарнирана со соодветна сценографија, секогаш инспирирана од идејата „Европа - еден дом“. Државите што беа масовно примени во ЕУ во 2004 година не можеа да сметаат, а, секако, не им паѓаше напамет да навредат држави што ќе претседаваат и во чие време тие би добиле датум за почеток на преговори или датум на прием, макар што некои држави кандидати имаа видлива поддршка од некои тогашни членки на ЕУ. Тоа мораа сами да си го одработат. Изјавата на Милошоски не само што не е дипломатска туку таа е во колизија со европските стандарди и европската политика на отворени врата. Таа ги става во непријатна ситуација не само Унгарија и Полска туку и Шпанија и Белгија. Изјавата ги става во непријатна ситуација и државите за време на чие претседателство се случиле значајни настани за РМ (добивање кандидатски статус, декември 2005, претседавала В. Британија), или визната либерализација од 1 јануари 2009, претседавала Словенија). Ваквата изјава ги става во дилема и нашите значајни партнери вон ЕУ, кои токму со ЕУ имаат партнерски односи (САД, Кина, Русија).

Република Македонија веќе пет години има кандидатски статус (декември 2005, претседаваше В. Британија). По логиката на министерот Милошоски, оваа држава ни е клучен партнер во ЕУ, што, секако, е погрешно. РМ наместо да ги исполнува стандардните критериуми, добива нови. МНР и Владата треба тука да се концентрираат, а не алиби за очекуван дебакл (недобивање датум за преговори) да бараат во недоволното ангажирање на државите што претседаваат или да прејудуцираат поголема активност на државите што ќе претседаваат во идниот период. Тоа е криење зад внатрешната страна на ветрот (М. Павиќ), а не европска политика.

Во изминатиот период од редовите на ДПМНЕ се сменија неколкумина министри. Еден, не. Тоа е Антонио Милошоски. Ако е тоа така, тогаш може да се повлече знак на еднаквост меѓу Владата и ресорниот министер за надворешна политика кога е во прашање европската перспектива. Ако со непромислени изјави се деградира постигнатото, ако сме во дефицит во остварувањето на реформите, односно стандардите, ако сме станале дипломатска провинција со тенденција на дипломатска изолација, ако сите држави на Балканот речиси не стигнаа, а некои се предалеку, тогаш и Владата и МНР имаат ист став, кој декларитвно е за ЕУ, а во практика не се применува. Ако Владата и МНР, со амин на претседателот на државата се согласуваат и со кадрите кои дипломатски ја претставуваат РМ, тогаш се на иста линија, а тоа е неуспех. Не помага трчање во Брисел, тапкање по рамо и давање оптимистички изјави. Не помага повикување на некаков посебен сензибилитет на некои држави што претседаваат со ЕУ, како спасоносен еликсир.

Што сакаше да постигне министерот Милошоски со последната изјава. Дали е тоа единствено алиби за неуспешната европска агенда во време на неговата институционална доминација во надворешната политика или, пак, се крие спорот за името. Во двата случаја министерот греши. На решавањето на спорот со Грција не може да влијае директно ниту една држава што претседава со ЕУ. Тоа не е нејзина работа. Ниту, пак, една држава што претседава со ЕУ, сама може да избори РМ да добие датум. Владата мора да ги гледа одвоено двата проблема. Проблемот со името е билатерален и не треба да се поврзува со приемот во ЕУ и почетокот на преговорите. Теоретски, може да се случи токму за време на претседавање на Грција со ЕУ (првата половина на 2014 година) РМ да добие датум за прием. Министерот Милошоски имаше шанса да даде изјава и во таа смисла.Тоа би влијаело релаксирачки и во решавањето на спорот за името. Билатерални проблеми се решаваат со преговори и јасна позиција. Приемот во ЕУ, односно започнување преговори со ЕУ е чист внатрешен проблем на институцијата чие име е Владата на РМ. Се поставува јасно прашање - дали Владата сака да го реши билатералниот спор и дали сака да ги забрза евроинтеграциите? Во двете дилеми не помагаат изјави од типот на последната на актуелниот министер за надворешни работи, Милошоски.

(Aвторот е кариерен дипломат)


#
Статијата е прочитана 1891 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 15.05.2010 00:43:16
Каде оди Милошовски?Разбира се,таму каде што одел на времето Протогер?А во денешно време на др Милошовски,советник му е фнукот на Протогер.
Од: Ljubotan -Trade name!
Датум: 15.05.2010 01:57:45
@ Gjorgji! Dragi moj Gjorgji! Imas Golem I Q ,Moram da priznam genetski po;majka i tatko! Ama i IQ ima svoi predispozicii! Vasiot visok IQ e za prilagodnost! Vo celava tvoja storija [ Dobro se poznavame pa odim na Ti} ne e nisto drugo tuku: Administrativna Analiza! Dali si cul, za Geopoliticka Strategija Vo NATO? Za:: Bugarija,Romanija,Hungarija, Ceho-Slovakija ,Polska.Estonija,Litvija i Latvija.Eee Moj Gjorgji tuka e problemot. Site tie se vo NATO i EU .ne po kvalitet tuku po Geo. Politicka Strategija,nasproti Rusija. Bugarija e vo Eu,a ne Hrvatska??? ,Kakva kozerija! NYU, Columbija ,Sorbona University i Peace Corps ,,Korpus Mira" USA,mnogu me naucija
Од: nekoj
Датум: 15.05.2010 09:47:56
Ljubotan, Bugarija nemase vojna vo 90-te, niti Romanija. So Ceska, Slovacka, Polska mozes samo da sonuvas da se sporeduvas. Nie sme posebna prikazna-balkanska, so najkorav balkanski mentalitet, spored koj, se nekoj drug ti e kriv .. DRzavata e kako firma, zamisli sto ke stane so taa firma ako celo vreme se ponasas kako da nekoj drug treba da dojde i da ti ja sredi rabotata, a celo vreme siot menagment ti e katastrofa? Pa bankrot se razbira..
Од: kole
Датум: 15.05.2010 14:36:57
Ke doktorira na Pravniot vo Kicevo..... ama duri e na vlast VMRO-DPMNEeeeeeeeeee........
Од: Do Ljuboten
Датум: 16.05.2010 09:56:10
Ljubotene dragi Ljubotene!Od tvoeto pisuvanje se doadja do zakljucok deka dobro gi poznavas mnostvoto na licni karakteristiki i obelezja na g-dinot Gjordji, duri iu IQ , i genetskiot kod, bidejci samiot se povikuvas na niv.. Mozebi mu znaes i drugi uste poskieni i pointimni karakteristiki. No i so tvoeto izlaganje za geopolistickata strategija , za NATO za Bug. Ceska Slovacka svativ deka seto ona tvoe povikuvanje na zvucnite iminja na prestiznite univerziteti e lista farsa . Mozebi gi imas videno na slika ili projdeno pokraj niv, no toa ne e dovolno da se povikuvas na niv vo iznesuvanje na takvi smesni tvrdenja.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Кога млекото станува урда
„Мериот“ ќе гради хотел во центарот на Скопје
Потрагата по оружје продолжи во тетовско Ново Село
Кутиите кај Шврговски
Економската криза го намали бројот на филмовите
Акробации на плажа
Започна филмскиот спектакл во Кан
Плашете се за својата безбедност!
Квотите за малцинствата се враќаат во игра
Во Стразбур зборуваат за „техничка грешка“
Тајландските војници се судрија со црвенокошулашите
На студии во „малиот Париз“
Матурски фустан преку „Фејсбук“
Скапо е да се биде прва дама
Посовршена монетарна унија
Ердоган првпат ја посети Грција
Инвестициите бегаат од Македонија
Мохамед се откажа од „Херодс“
Тенис за деца кај „Еди Вега“