Владимир Путин
Распеаниот премиер ги воодушеви присутните
Премиерот на Русија, Владимир Путин, во петокот вечер, во Санкт Петербург, на добротворната забава наменета за собирање средства за децата болни од рак, ги покажа своите гласовни и свирачки способности.
„И јас, како и многумина, сакам да пеам и да свирам. Но, не сум многу вешт во тоа, па вечерва ќе мора да ме истрпите“, рече Путин пред да ја почне својата уметничка егзибиција.
Во многубројната публика забележително беа воодушевени филмските ѕвезди Кевин Костнер, Шерон Стоун, Голди Хон, Курт Расел, Моника Белучи и Мики Рурк, кои своето одобрување го потврдија со громогласен аплауз.
Путин ја испеа „Блубери Хил“, што го предизвика Жерар Депардје да прочита стихови од Сергеј Есенин, а Шерон Стоун и Пол Енка изведоа интересен танц. |