Број 3450  понеделник, 06 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
3450

Директорите се спасија од кривични пријави за компјутерите

Највисоката казна што ќе мора да ја плати училиштето за некористење компјутери е три илјади евра

Жаклина Ѓорѓевиќ


Шеестината кривични пријави што беа поднесени против директори на училишта поради огромните штети и кражби на компјутери се повлечени. Директорот на Државниот просветен инспекторат, Џорџе Арсов, вели дека со разни образложенија судовите ги отфрлиле кривичните пријави за директорите. Но, тие сега се соочуваат со мандатни казни за некористење на училишните компјутери, што според Арсов ќе им бидат изрекувани на директорите на самото место. Просветните инспектори моментно ги чешлаат училиштата и проверуваат дали се користат компјутери во наставата. Од она што инспекторите успеале да го проверат, се тврди дека компјутерите што беа донирани како дел од проектот „Компјутер за секое дете“ се користат во барем шеесетина од вкупно 94 средни училишта.

„Во почетокот имавме четириесетина пријави за директори на училишта каде што имаше големи штети на компјутери. Оваа бројка подоцна порасна на шеесетина, но сите тие беа отфрлени од судовите. Во минатото имаше многу лоша практика од децата да се земаат по 500 денари за да се надоместат штетите и да се санираат компјутерите. Што значи дека неработењето на директорот треба да го покријат учениците, а тоа нема логика“, ни изјави Арсов, кој смета дека целата одговорност за компјутерите треба да ја понесат директорите. „И тогаш и сега сметам дека одговорноста за компјутерите е на директорите. Искуството покажа дека навистина е така. Значи, таму кај што директорот е домаќин и ја знае работата, нема проблем, но таму кај што му е натурено и залутал на местото директор, има проблем“ нагласува Арсов.

Инспекторите досега ги проверуваа средните училишта за тоа дали донираните компјутери се во функција. Нивната анализа покажала дека во повеќето училишта компјутерите се употребуваат во настава, во десетина треба да се интервенира и да се подобри квалитетот на Интернетот или да се дополнат со компјутери, додека во исто толку компјутерите не се во функција од разни причини. Ваков е случајот со неколку средни училишта во Скопје, Гостивар, Тетово, Струга и Охрид. Во наредниот период ќе се скенираат и основните училишта.

Главниот инспектор Арсов тврди дека сега казните за некористење на училишните компјутери ќе бидат мандатни и на самото место ќе им се изрекуваат на директорите. Највисоката казна што ќе мора да ја плати училиштето е три илјади евра, а илјада евра ќе заработи наставник што нема електронски да ја реализира наставата.

Во средното училиште „Јосип Броз Тито“, кое беше посочено од Арсов дека имало милионски суми на штети, велат дека штетата е делумно санирана. Според извештаите што ги објавија медиумите за лани, ова средно училиште важи за рекордер според штетите на компјутерите, што се проценети на 2,5 милиони денари.

„Штетата ја саниравме со наши средства и со спонзорства, но не со пари од учениците“, тврди директорката Снежана Мироновска. Таа вели дека сега се води поголема грижа за компјутерите, кои од годинава ги осигурале.

Надоместени се штетите и во средното училиште „Цветан Димов“, каде што, исто така, биле украдени делови од компјутерите.


#
Статијата е прочитана 855 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 02.12.2010 13:49:41
Прво владата направи бизнис со набавка на неквалитетни компјутери,сега е на ред да си ги собира парите со казни од директорите и учителите.Проектот компјутер за секое дете во суштина бил монитор за секој ученик.Кога ќе се вклучеле повекето монитори,приклучени на еден компјутер тие веднаш блокирале.Но ова сигурно од владата не сакат да го сватат.Тие секогаш се во право.А дали компјутерите не се потрошен материјал.По изјавите на владата тие треба да бидат вечни.Дали ние нашите персонални компјутери за одредено време не ги менуваме.Но многу убаво тоа си го разбираме нели сме земја на инворматичари.А како што имам чуено во училиштата,предложени од министерството компјутерите ги одржувале приучени лица со несодветно образование.
Од: mene
Датум: 02.12.2010 21:04:29
Odlicno, gospodine Arsov, taka "se tera" vladina politika.Za sekoj nedovolno osmislen proekt od Vladata mora da ima vinovnik, a toa ne smee da bide Vladata,najnormalno.Zatoa "udrete" po direktorite ("samo" seesetina ti bile), profesorite,ucitelite,sluzitelite.Takvite samobendisani birokrati kako Vas i pravat lavovska usluga na opozicijata.Ste podnele 60 krivicni prijavi i sudot nitu edna ne vi prifatil !? Vo normalnite drzavi Vasata smena bi bila prasanje na casovi .

Најди! во Утрински
Македонска верзија

Поглед
Жаклина Ѓорѓевиќ
Мислења
Ѓорѓи Спасов
Мислења
Ивор Мицковски
Меридијани
Сајмон Честерман

„Таксират“
Ерупција со Ману Чао

 


Bulgarian agency chief fools anti-fraud service
Romanians bring internal squabbles to the EU
Former Croatian defence minister jailed for corruption