Број 3450  понеделник, 06 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Мислења

За упадот на полицијата

Ѓорѓи Спасов

Во случајот со Рамковски и Владата, би било фер зад маската на нивниот „идеализам“ да се препознаат и нивните себични мотиви

Упадот на полицијата во А1 многу ме потсетува на една анегдота од времето на социјализмот. Според неа, во една работна организација, на која не и' одело баш најдобро, еден ден синдикалците упаднале во канцеларијата на директорот и го фатиле на дело, во интимен однос со неговата секретарка. Веднаш бил свикан состанок и по обемната дискусија за тој неморален чин, било предложено директорот и секретарката да добијат отказ од работа. Арна ама, кога се чинело дека е постигната целосна согласност, се јавил за збор еден од најстарите работници и рекол дека е тој против таа одлука од три причини: прво, рекол тој, тоа што тие го правеле за нас е доказ дека барам двајца се сакаат во нашата организација. Второ, тоа што тие го правеле е доказ и дека барем двајца нешто работат во нашата организација. И трето, тоа е добро, бидејќи треба да се знае кој кого „работи“ во нашата организација.

Во случајот со упадот на полицијата во А1, кај нас се подели јавното мислење на три блока. Едниот блок го оценува упадот на полицијата како сериозно загрозување на демократијата и задушување на слободата на говорот. Другиот блок го толкува упадот на полицијата како „конечна храброст на власта“ за справување со криминалот во земјата. Третиот блок го оценува сето тоа како легитимно, но и несмасно, како полициска акција што треба да добие кодирано име „слон во стаклена градина“. Но, факт е, што би рекол оној мудар синдикалец, дека по упадот на полицијата во А1, станува јасно во нашата заспана средина дека барем некој нешто работи и дека можеби ќе добиеме можност конечно да дознаеме „кој кого работи“.

Проблемот што се појавува во вакви случаи произлегува од високото ниво на нарцисоидност (или самобендисаност) на двата актера, односно на Велија Рамковски, како сопственик на А1, и на Владата на Груевски. Двете страни настојуваат да докажат дека тие извршуваат, пред се', благородна и несебична мисија во име на народот, но дека таа нивна блогородна и несебична мисија недоволно се цени и не наидува на таква поддршка и благодарност од страна на народот каква што тие очекуваат.

Велија Рамковски, како основач и сопственик на А1, веројатно, не може да сфати како овој народ не застанува целосно зад него во вакви случаи кога тој, со формирањето на А1 и на А2, со „Фондацијата Рамковски“ и со печатените медиуми „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“, дава огромен придонес за развој на независното новинарство во Македонија, кога својата енергија ја има вложено за развој на слободната мисла, за развој на демократијата и за просперитетот на целата земја. Од друга страна, пак, Владата на Никола Груевски, веројатно, не може да сфати како некој може да биде против борбата за владеење на правото, како некој може да се обидува да заштитува луѓе за кои „постои основано сомнение“ дека се криминалци, и како некој не може ги сфати нејзините толку благородни цели. На Владата не и' е особено јасно како тоа не може да го сфати опозицијата, која сака да биде власт.

Познатиот филозоф Бертранд Расел дава одговор на овие нивни дилеми. Тој во своето дело „Освојување на среќата“ вели дека луѓето се често несреќни поради туѓата неблагодарност кон нив само поради тоа што не сакаат да си признаат дека „мноштвото дела и на најблагородните луѓе содржат себични мотиви“. Во случајот со Рамковски и Владата, би било фер зад маската на нивниот „идеализам“ да се препознаат и нивните себични мотиви.

Создавањето влијателен медиум (или медиуми, ако сакате) во земјата, Велија Рамковски го препозна не само како средство за зголемување на моќта на граѓаните и на јавноста во однос на власта, туку и како средство за зголемување на својата лична моќ во однос на власта. Па, дури и како средство за освојување на власта. Таа лична моќ, за која и самиот е свесен и за која јавно говори, може да се употребува за различни цели, а меѓу другото, веројатно, и за нелегално и незаконско зголемување на своето материјално богатство преку поддршка, уценување или корумпирање на власта и преку создавање свест за недопирливост и семоќ, која е спротивна на општите залагања за развој на демократијата. Со други зборови, преку создавањето влијателни медиуми, се создаваат претпоставки за општ развој, но истовремено се остваруваат и себичните интереси на нивните газди, како што се стекнувањето привилегиран с��атус, заштита, личен профит, моќ, влијание и се' без што лесно би го изгубиле мотивот за развој на демократијата. Да не е така, Љубисав Иванов-Ѕинго, Борис Стојменов и Бојо Андревски би морале да ги сметаме за чисти хуманитарци.

Од друга страна, пак, на Владата во случајот со А1 не и' лесно да ја убеди јавноста во своите искрени намери за справување со криминалот. Колку и да ја става својата акција во обландата за борба против криминалот, корупцијата и незаконското работење, луѓето лесно ги препознаваат нејзините себични мотиви. Таа со акцијата сака да ги оневозможи своите критичари, да ги замолчи оние што почнаа отворено да говорат за некаков криминал што се правел од владини функционери, да ја застраши слободната мисла, да ја ограничи слободата на говорот и да пренесе порака дека нема да ги толерира отворените поддржувачи на политичката опозиција во земјата. А тоа го препознаа опозиционерите во земјата. Владата не сака да сфати дека „селективната правда“ што таа ја применува е исто така неправда. Луѓето не се глупави за да не сфатат дека досега од Владата настрадаа само нејзините најогорчени критичари - Душко млекарот, претседеталот на Уставниот суд и телевизијата А1. Бранко Црвенковски веќе се смета за цел број еден на власта.

Владата манифестира ниско ниво на издржливост на критика, желба за реваншизам, склоност кон злоупотреба на власта преку користење методи на заплашување и казнување за пример на сопствените критичари. Со други зборови, зад нејзиниот идеал за борба против криминалот во земјата се кријат многу себични интереси како што се оневозможувањето на секоја критика и зачувувањето на власта по секоја цена.

Идеализмот, вели Бертранд Расел, прави едноставните мотиви да носат чудни маски и затоа малку реалистички цинизам нема да им пречи на луѓето од јавноста“. Нормално, ако не постојат и себични мотиви не би било можно да се остваруваат и големите идеали, но препорачливо е тие да се демаскираат постојано во интерес на здравјето на нацијата.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 2174 пати.

Испрати коментар

Од: ceko
Датум: 06.12.2010 13:05:31
A bre upad choveku!!Pa neli programata odeshe bez prekin!Pa neli se izredija site od opozicija,site dlaboko "zagrizheni"vistinski patrioti a povikuvaat na urivanje na vlasta(drzhavata)!!!
Од: p14
Датум: 06.12.2010 14:50:12
Uste eden "komunjarski ekspert" koj znae....za kakov upad zboruvas koga drzavni sluzbenici (inspektori) ne im ovozmozeno da si ja vrsat svojata rabota ...koga so vreki i kutii se vadeni kes i dokumenti...koga so ureden nalog se maltretirani i im se zakanuvale novinarcinja i opozicioni lidercinja.....Kako e mozno da "odednas" se soberat nevini gragani da "protestiraat" protiv brutalnosta na policijata a voedno od opozicijata da vleguvaat i izleguzaat od A1 kako od kafeana.....Ovoj "ekspert " i slicnite si go opteaa svoeto vaseto mislenje ne e vazno nitu imate nekoe vlijanie......
Од: Hari
Датум: 06.12.2010 15:53:44
Ceko i p14, kolku toa imase na mitingot na SDSM, za greota e onaa Vlast koja se brani preku pisuvaci na komentari, duri i Felix posle ona fijasko na DPMNE opd vcera e zanemen, mozda i nestoi seriozno mu se slucilo, pa i na vrapcinjata im e jasno za upoadot vo A1 i obid za zamolcuvanje. Kako Firerot nas sega ce gi zamilci onie 50 000 demonstranti, koi otvoreno zboruvaat protiv Fasizmot vo MKD.
Од: karokan "gambit"
Датум: 06.12.2010 15:57:21
A stp g-dine p14,da ne sakas da izigruvas profesor ili nesto slicno pa bas ti da kazes deka necie mislenje ne e vazno i nema nikakvo vlijanie!!! Mozes li da mi dades odgovor od kakva toa pozicija go nabljuduvas i od kakov aspekt go tvrdis. Potpolno sum ubeden deka toa go cinis samo i samo od cisto partiski pricini (dali pisuvas naracano,dali si clen ili simpatizer na politickata opcija na koja ne i se dopagja (samo del od) tekstot,ne mi e najjasno. Ajde da receme,dali istoto go mislis i za napisanoto za "gazda" Velija,koj na ist nacin e opfaten kako i vlsata?????????????? Spored mene,komentar sto najblisku gi otslikuva rabotite,od tie sto dosega gi imam procitano vo vrska so nastanot.Na kraj na kraistata vo komentarot se potpira,ne samo na svoeto viduvanje,tuku i na osnova na razmisluvanjeto na spomnatiot filozof.Eve ti sansa,za da ne ubedis vo tvoeto tvrdenje,demantiraj go mislenjeto na Rasel ,taka ce padne vo voda i viduvanjeto na avtorot na tekstot!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Миле - Охрид
Датум: 06.12.2010 16:50:30
„Упадот на полицијата во А1 “ е лага која се пласира како аксиома, врз која се гради конструкција од лаги и измислици. Тоа се вика манипулација. Само што ние немаме цицано весла како мали. Знаеме да препознаеме што е што. Фатени сете на дело ( сите заговарачи на идејата за самоукинување на македонскиот народ) додека се обидувавте насилно да ја промените власта. Намерата ви беше прочитана. Да се октроиса нова колаборациона власт која ќе ги прифати грчките шовинистички уцени за промена на нашето име, како сеопфатно решение за сите проблеми во Македонија.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 06.12.2010 18:27:08
Никако да сватат опозициските коментатори да токму газдата на А1 ги превесла ,,уздуж и попреко,, како и независните новинарски одработувачи,а се нели во афектна состојба.Хонорарите што им ги исплаќал биле пари за пакувачи на смоки во неодбранетите фирми.Пакувач на смоки и независен новинар само на А1 се во корелација.
Од: Гуто
Датум: 06.12.2010 21:29:34
Оценка ДЕВЕТКА, професоре, искрено ќе ви дадев и десетка доколку прокометиравте и за третите активисти во отвореното студио - новинарите, партиски функционери, претставници на „невладини“ организации...
Од: Феличита
Датум: 07.12.2010 07:46:04
Премногу гледаш Сител,стана зависник од Латас,ќе ти се налути Бициклата,Среле душо!
Од: m-r
Датум: 07.12.2010 09:05:28
Dobra analiza, profesore. Tipicno socioloska, zafateni poveke aspekti. No, so ogled na ogranicenata golemina na tekstot ispustivte nekolku aspekti. Na primer, deka pokraj tie nekolkumina, javno na odstrel na Vladata bea i Ljube Boskovski (otkako go raskinaa "bratstvoto"), Stojance Angelov (od Dostoinstvo), sudikata Violeta Duma i uste nekolkumina koi ne bea po keif na vlasta. Zatoa, kolku i da se trudi Ministerkata i Premierot i site vladini podrzuvaci da ne ubeduvaat vo legitimnosta na ovaa akcija, ne mozat da pobegnat od somnezot deka toa bese isklucivo nameneto da se zaplasi kritickata, kon niv, A1. Se drugo bese paravan i sporedno vo ovaa akcija.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Купуваш нов акумулатор, а го враќаш стариот
Вардар направи пустош во Полог
Македонија во баражот за СП 2011
Ерупција со Ману Чао
Заборавени училишта
Цените во градинките скокнаа на 2.000 денари
ХЕЦ „Света Петка“ никако да мрдне од првата фаза
Германците му го земаат орденот на Тито
Стил
Заслепени од вистината
„Викиликс“ - тајни и лаги
Карикатура
 

Dutch clear path for Montenegro's EU candidacy
Bulgaria to issue up to €1.2b in sovereign debt
Macedonia makes controversial African and Middle Eastern links