Број 3450  понеделник, 06 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Цените во градинките скокнаа на 2.000 денари

За новиот месечен трошок родителите се известуваат со соопштенија

Од овој месец новата цена во државните градинки ќе биде 2.000 денари. Градинките со соопштенија ги известуваат родителите дека наместо досегашната цена од околу 1.490 денари, отсега ќе треба да плаќаат 500 денари повеќе.

Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, уште пред еден месец најави дека размислува за покачување на цените во државните градинки, за што рече дека ќе се изјаснат до крајот на годинава.

Новата цена не е за изненадување бидејќи првичните процени беа дека цената на градинките треба да скокне од 1.490 на 2.000 денари. Сепак, таа доаѓа ненајавено, бидејќи претходно никој не ги известил родителите дека од декември ќе мора да го плаќаат престојот на децата по нова цена.

„Сериозно размислуваме за зголемување на партиципацијата, со оглед на тоа што таа не е коригирана во последните седум години. За тоа дали и колку ќе се коригира ќе се знае до крајот на годинава“, изјави Бајрами пред извесно време. Тој смета дека досега градинките ги посетувале децата чии родители имаат добри примања. За семејствата со помали приходи, Бајрами најави дека ќе размислат да ги намалат цените. Тој смета дека покачувањето на цената не значи и дека автоматски ќе се намали опфатот на деца, кој сега изнесува 14 отсто. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 1914 пати.

Испрати коментар

Од: roditel
Датум: 06.12.2010 12:12:42
Ne e tocno deka vo gradinka se prakat deca na roditeli samo so dobri prihodi tuku i deca na roditeli koi primaat 10000 den. i sto poprvo so tie pari .ova ne e fer i ovaa drzava misli samo i kako da zeme od narodot. Ova ne e za dobroto na decata tuku za niv samite ,udiraat tamu kade sto e najtenko se razbira vrz decata.
Од: pero
Датум: 06.12.2010 12:58:22
Pobogatite angaziraat dadilki i neguvatelki doma, ne se zamaraat so gradinki. Za dve deca treba da plakjam 4000 denari, odnosno 1000 plus. KADE DA GI NAJDAM?
Од: mkd
Датум: 06.12.2010 14:05:44
Po mene treba da ima 3 ceni. 1000 denari za roditeli koi ke donesat godisna danocna prijava ili potvrda od rabota i na koja prihodot mesecno im e pod 10.000 denari, 1700 denari za roditeli do 20.000 denari i 2.500 denari za roditeli nad 20.000 denari. Taka kolku tolku ke ima nekoja socijalna pravda.
Од: Мајка
Датум: 06.12.2010 14:56:58
Ама ајде... деца на богати родители... па и да е така, од кај им на нив право така да се однесуваат, значи подобро е за мене ако имам помали примања??? Да не беше ситуацијава за плачење, ќе се смеев. СРАМОТА!!!
Од: duks
Датум: 06.12.2010 15:24:41
uste ne e dojdeno vistinskoto lice na grujo
Од: student
Датум: 06.12.2010 15:26:11
cenite ne se visoki,no primanjata ni se katastrofalni
Од: mm
Датум: 06.12.2010 17:11:25
a dali istovremeno e pokacen i kvalitetot i standardot na uslugite vo gradinkite?! ili koga stanuva zbor za vakvi odluki isklucivo ednostrano se gleda na rabotite...
Од: Irena
Датум: 06.12.2010 19:03:23
Se soglasuvam so prethodno dadeniot komentar. Cenata ne e visoka, primanjata se mizerni. Vladata treba da raboti da go podigne standardot na svoite gragjani, a ne samo sopstveniot. Ziveam vo Ontario, Kanada kade dnevno plakam 1600 denari za gradinka, no uslugata e na mnogu nisko nivo za razlika od taa vo Makedonija. Na onie roditeli koi nemaat visoki primanja drzavata im plaka pogolem del od cenata ili celosno, a roditelot ucestvuva so minimalna suma ili voopsto. Iskreno ne se soglasuvam so ova pravilo, zasto otkako ke gi platam site trosoci , moite neto prihodi se isti kako i na onie na koi drzavata im ja plaka gradinkata. Pozdrav
Од: jovan
Датум: 07.12.2010 09:33:17
Nekoj za 35 evra mesecno plus jadenje da vi go cuva deteto, bidete srekni, bidete presrekni. E sega toa sto ima semejstva na koj i ova ne se vo moznost da go platat, tuka treba drzavata da "donira", da ima nekoe osloboduvanje/namaluvanje itn. Inaku za ovaa cena ni vo Afrika nema da najdete nekoj da vi go cuva deteto.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Купуваш нов акумулатор, а го враќаш стариот
Вардар направи пустош во Полог
Македонија во баражот за СП 2011
Ерупција со Ману Чао
Заборавени училишта
ХЕЦ „Света Петка“ никако да мрдне од првата фаза
Германците му го земаат орденот на Тито
Стил
За упадот на полицијата
Заслепени од вистината
„Викиликс“ - тајни и лаги
Карикатура
 

Dutch clear path for Montenegro's EU candidacy
Bulgaria to issue up to €1.2b in sovereign debt
Macedonia makes controversial African and Middle Eastern links