Број 3450  понеделник, 06 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Купуваш нов акумулатор, а го враќаш стариот

Македонија годишно собира над 300 тони отпадни батерии и акумулатори. Речиси 70 проценти од токсичниот отпад на депониите доаѓа од електронските апарати, кои се извор на отрови

Сања Наумовска

Од почетокот на идната година, отпадните батерии и акумулатори ќе мора да се рециклираат, а не да завршуваат, како досега, на депонија. Ова го предвидуваат законските измени за управување со батерии и акумулатори донесени во октомври, а стапуваат во сила за нецел месец. Тоа значи дека трафиките, продавниците за мобилни телефони или електронски апарати и маркетите или, пак, автосалоните и продавниците за автоделови, каде што може да се набават вакви производи, ќе мора да имаат и соодветно место за одложување на старите и истрошени батерии и акумулатори.

Производителите и увозниците, заедно со трговците, ќе треба да најдат начини да ги стимулираат граѓаните да ги вратат отпадните батерии и акумулатори, кога ќе купуваат нови. Тие самите или преку новоформирани фирми ќе треба да го организираат и транспортот до фабриките за рециклирање.

„Сите фирми кои работат со апарати што користат батерии нема да можат да увезуваат доколку не се регистрирани во системот за собирање и третман на овој вид отпад“, велат во Министерството за екологија. До крајот на 2012 година, предвидува законот, ќе треба да се рециклираат 10 проценти од батериите, до 2016 година процентот треба да се искачи на 25 отсто, а до 2020 година до 45 проценти рециклирани батерии и акумулатори.

Досега, потрошените батерии и акумулатори, измешани со комуналниот смет на депониите низ државава претставуваа сериозна закана за здравјето на луѓето и за животната средина, бидејќи во таква состојба не' трујат со олово, жива, арсен и кадмиум.

„Речиси 70 проценти од токсичниот отпад на депониите доаѓа од електронските апарати, кои се извор на отрови“, велат податоците презентирани од еколошки невладини организации. Македонија годишно собира над 300 тони отпадни батерии и акумулатори.

Несоодветно третирани, опасните материи истекуваат во почвата и подземните води. Поради тоа, овој отпад мора да се рециклира и на тој начин да се ограничи неговото влијание врз околината, тврдат во Министерството за животна средина. Со Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, кој е усогласен со европските директиви, се предвидуваат нови обврски за производителите на електронски уреди и акумулатори, но и за граѓаните.

Истрошените батерии, акумулатори и различни електронски направи од 1 јануари задолжително ќе мора да се рециклираат, а не да завршуваат на депонија заедно со комуналниот отпад. Приватни фирми, а не комуналните претпријатија, според новиот закон, ќе треба да организираат собирање, транспорт и рециклирање на опасниот отпад.

Во Македонија, информираат од Министерството за животна средина, постојат повеќе капацитети што се занимаваат со преработка на стари акумулатори. Овој отпад има и висока откупна цена, па речиси и не се појавува на депониите. Се преработуваат околу 70 проценти од старите акумулатори, со тенденција тој процент да се зголемува. Во процесот на рециклирање, од старите акумулатори се вадат оловото и пластиката и се произведуваат нови.

Повеќе проблематични се ситните батерии кои граѓаните масовно ги исфрлаат заедно со ѓубрето, а се многу опасни. Се употребуваат во секојдневјето за телефони, далечински управувачи, електронски апарати. Поради недоволната информираност, но и поради отсуството на регулатива, за нив се' уште граѓаните не размислуваат како за опасност. Но, тие, велат во Екологија, содржат кадмиум, жива и други опасни материи кои сериозно ја загадуваат животната средина. Поради тоа, сите учесници во синџирот на увоз и продажба од идната година ќе мора и да најдат еколошки начини да се справат со отпадот. Во спротивно, Законот предвидува казни од 1.000 до 35.000 евра.

„Во нашата земја и во соседството нема производители на батерии, кои би биле заинтересирани и за откуп и рециклирање стари и истрошени батерии. Тоа значи дека увозниците ќе мора, покрај собирањето, да организираат и транспорт до европските држави каде што има вакви капацитети, кои би ги преработувале батериите. Тоа ќе им биде нова обврска со која ќе мораат да се соочат“, велат во Министерството. Оттаму нагласуваат дека со примената на законските одредби во практиката, конечно, ќе имаат увид колкави количини батерии се внесуваат во државата, а колку се повлекуваат за рециклирање. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 3831 пати.

Испрати коментар

Од: Vesna
Датум: 06.12.2010 12:13:33
a kade da se frlaar. ima li nekade posebno mesto za takov otpad. znam deka se opasni no neznam kade se frlaat
Од: Trpce
Датум: 06.12.2010 13:42:44
a ako ti go ukrale akomulatorot ??? ... prvo mora da kupish star (kraden)
Од: забеган.
Датум: 06.12.2010 13:48:29
А владата што да праи само да зема??????????.
Од: Marko
Датум: 06.12.2010 14:42:37
Не го разбирам баш авторот. Еднаш вели „Досега, потрошените батерии и акумулатори, измешани со комуналниот смет на депониите низ државава претставуваа сериозна закана за здравјето на луѓето„, а подоле вели „Овој отпад (м.з. старите акумулатори) има и висока откупна цена, па речиси и не се појавува на депониите.„ Значи за акумулаторите нема проблем ?! А како било кој ќе ги натера граѓаните да вратат стари батерии, за да купат нови? Од каде ќе знаат продавачите дали купувате нови батерии за да замените стари батерии или за нов уред ? Не е само да се напише Закон, треба да се мисли и како ќе се спроведува. Немало комуналните служби да бидат одговорни за батериите !? Па кој ќе ги проверува кесите со ѓубре од граѓаните ??? Трговецот кој што продава батерии ??? Прав новинар кје се осврне на вакви работи, па можеби ќе предизвика размислување кај законодавецот.
Од: Taka e i vo dugi zaamji
Датум: 06.12.2010 16:56:45
Vo mnogu zemji nikoj ne moze da kupi nov akumulator dokolku ne go predade stariot!
Од: petar
Датум: 06.12.2010 19:36:42
Dobro utro,zapadnite drzavi ova go pravat pred 50 god.Starteri,alternatori,staro za novo.Dobro sto se probudivte,bole ikad nego nikogas.Poz.
Од: todor
Датум: 06.12.2010 21:27:13
pa eve ima fabrika za akomulatori vo probistip edna i edinstvena vo makedonija i kolku so znam otkupuvaat stari akomulatori gi pretopuvaat i pravat novi

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Вардар направи пустош во Полог
Македонија во баражот за СП 2011
Ерупција со Ману Чао
Заборавени училишта
Цените во градинките скокнаа на 2.000 денари
ХЕЦ „Света Петка“ никако да мрдне од првата фаза
Германците му го земаат орденот на Тито
Стил
За упадот на полицијата
Заслепени од вистината
„Викиликс“ - тајни и лаги
Карикатура
 

Dutch clear path for Montenegro's EU candidacy
Bulgaria to issue up to €1.2b in sovereign debt
Macedonia makes controversial African and Middle Eastern links