Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Магазин

Неделен хороскоп


 

ОВЕН

Ќе бидете во ситуација да прославите нешто. Целата недела ви поминува во знакот на радосните новости што укажуваат на позитивен исход од прилично важен договор. Преземате одговорност на своја кожа, тргнувате во акција. Работите својствено на сопствената природа, жестоко и одлучно. Окупирани сте од политички проблеми. Можни се повреди на главата и на синусите. Избегнувајте ладен воздух и несовесни постапки. Страсната врска доживува колуминација. Од партнерот зависат резултатите на некои ваши бизнис-замисли.



БИК

Пред вас се наоѓа напорна работна седмица, но засега без никаков видлив напредок. Бидејќи сакате материјални докази за она што го работите, ќе бидете малку незадоволни. Доколку сакате да испливате од проблемите и да влијаете на финансиската состојба, треба да се организирате што е можно побрзо. Бидејќи пред вас се појавија мноштво обврски на кои тешко можете да одговорите, тоа се одразува и на вашето физичко здравје. Белите дробови се најкритичната точка. Ја зацврстувате врската со партнерот. Мала доза на толеранција не би била на одмет.



БЛИЗНАЦИ

Донесувате одлука што ќе влијае на идната насока од вашиот живот. Внатрешната хармонија дава посебен шарм. Зачувајте ја. На повидок е нов работен проект. Ќе кренете раце од многу нешта, особено ако се занимавате со бизнис. Помошта стигнува ненадејно. Пополека се закрепнувате од преголемиот стрес. Сфаќате дека залудно се нервиравте. Позитивно гледате на нештата. Се наоѓате во фаза на промена. Недоразбирањата со партнерот се нормална работа, бидејќи врската веќе одамна е монотона. Се тешите, мислејќи дека овој пат не сте кривецот.



РАК

Романтичните настани можат да ја надминат секојдневната монотонија. Препуштете им се на желбите. Ќе бидете во ситуација да реагирате многу емотивно. Мудроста е таа што најдобро ќе ви оди од рака во периодот што доаѓа. Повлекувате исправни потези кога станува збор за бизнис. Со минимален напор остварувате значајни бенефиции. Доколку претерувате со нездравата исхрана, ќе се појават посериозни проблеми. Цел се жлездите со внатрешно лачење, а тука се и проблемите со дебелината. Нова врска неочекувано влегува во вашиот живот.



ЛАВ

Морате нешто да жртвувате. Ќе бидете во ситуација кога жалењето ќе биде единственото нешто на кое можете да се потпрете. Па кога е веќе така, не вреди да се нервирате. Работата се одвива според веќе утврдена шема, па нема потреба од загрижување. Запливувате во помирни води. Се наоѓате во фаза на закрепнување, па го анализирате животот многу подобро. Размислувате за идните активности, како би се чувствувале поздрави и посреќни. Љубовта е вашата главна движечка сила. Воспоставувате внатрешна рамнотежа.



ДЕВИЦА

Морате да тргнете во одлучна акција. Одговорни сте за сопствената судбина, но и за судбината на многумина. Затоа внимавајте. Работата се забрза, па почувствувате дополнителни грижи. Почнавте со грешки за кои не сте биле ни свесни, па сега морате да страдате. Можност се гинеколошки проблеми и несакани ефекти на уринарниот тракт. Не е предоцна да преземете конкретна акција. На љубовен план настапува затишје. На партнерот немате што да му кажете, но тоа не значи дека сте задоволни од емотивната ситуација. Солуција – отворен разговор.



ТЕРЕЗИЈА

Тешко функционирате поради работниот хаос со кој сте опкружени. Во обврските внесувате премногу емоции. Се наоѓате во ситуација кога ништо не ви се работи. Здравствената ситуација не е сјајна. Проблемите настапуваат поради преголемите амбиции и емотивноста. Морате да бидете свесни за своите слабости, па потоа да ги анализирате другите. Неудобноста е резултат на временските осцилации. Оваа недела светла точка во вашиот живот е љубовта. Ве очекуваат многу пријатни и незаборавни мигови со љубената личност или симпатија.



СКОРПИЈА

Влегувате во нов, поволен животен период. Оваа недела ќе ви биде во знакот на пријатните случувања и почетоци. Задоволни сте со постигнатите резултати, особено чувствувате материјална сатисфакција што ја добивате од претпоставените. Ве очекува славење. Бидете внимателни кога консумирате алкохол или цигари, може да имате проблеми. Минете подолг период на воздух, бидејќи вашите бели дробови ви се слаба точка. Нови почетоци за воспоставување врска. Сфаќате дека односот со партнерот има потреба од промена.



СТРЕЛЕЦ

Функционирате мудро и чесно. Ќе бидете во ситуација да се занимавате со филозофски проблеми и да повлекувате мудри потези. Оваа недела ве очекува многу работа, но поради зголемената енергија, успешно ќе ја завршите. Финансиската ситуација се подобрува. Можни се ревматски нарушувања или фрактури на коските. Внимавајте доколку сакате да избегнете каква било опасност. Уживате во прегратките на љубената личност. Мноштвото пријатни моменти ќе го направат поминатото време незаборавно. Не зборувајте премногу.



ЈАРЕЦ

Запливавте во помирни води. Работите се одвиваат рутински, што и не е толку лошо. Проблемот ќе настапи, ако се пролонгира оваа состојба. Ќе ви биде досадно. Фантастичен работен период, посебно ако се занимавате со комуникации или работите со хартија. Ќе остварите многу повеќе од замисленото. Многу поволна недела. Полни сте со енергија. Доколку сакате да ја задржите формата, занимавајте се со спорт и со повеќе движење. Чувствувате физичка привлечност кон партнерот. Следува богат сексуален живот.



ВОДОЛИЈА

Иако немате причина за депресија, така се чувствувате. Недостасува стимуланс отстрана за да се поткренете од мртвата точка во која свесно или несвесно се наоѓате. Можен е состанок со јавноста и евидентен успех, посебно ако се занимавате со јавна работа. Проблемите во желудникот се резултат на неконтролираната исхрана. Морате да бидете умерени кога се во прашање јадењето и пиењето. Период на депресија. Ќе успеете да седите на повеќе столови истовремено, а никој да незабележи. Всушност, себеси се лажете.



РИБИ

Експлозија на емоции. На многу припадници од овој хиперактивен знак ќе им се случуваат работи поради кои не ќе можат да останат рамнодушни. Што и да правите, имате чувство дека грешите. Морате да се жртвувате, а тоа ни малку не го сакате. Малку сте себични, барем кога во прашање е работата. Не сте реални. Доколку сте биле болни, ги елиминирате проблемите и влегувате во подобар период. Можеби дел од проблемите се плод на вашата имагинација? Уживајте во топлата семејна атмосфера, тоа ќе ви донесе дополнителен стимул.




#
Статијата е прочитана 322 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Магазин
Имам план да престанам да планирам
Лејди Гага - најпосакувана партнерка за дует
Ивце Пивце е поуспешен од Ивица Маринковиќ
Изнасилен сензационализам
На светските избори не помагаат стриковци и вујковци!