Снешко за пример
Нерасчистени од снегот останаа речиси сите сервисни и станбени улици, но и површини пред многу станбени објекти и дуќани. Оправдувањето дека беа празнични денови не важи ниту за општините ниту за граѓаните. Овој Снешко, кој покрај капа и шал добил и метла, е доказ како може да се искористи слободното време и да се исчисти снегот пред куќата и истовремено да се ужива во забавата и за најмладите и за повозрасните. (Сн.К.) |