Број 3334  петок, 16 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Секоја чест за Германија, но и за Уругвај

Германија стана првата репрезентација која ја одбрани светската бронза


„Ех, да е секој меч за трето место ваков како овој“, оправдано напишаа некои медиуми по трилерот меѓу Германија и Уругвај, кој заврши со стативата на брилијантниот Диего Форлан и победа на фудбалерите на Јоаким Лев од 3:2.

Во увертирата на вчерашното големо финале меѓу Шпанија и Холандија, видовме отворена игра на двете страни, многу желба, мотив, шанси, пет гола. Како да се играше за „златната божица“, иако е јасно дека по секој пораз во полуфиналето тешко е да се врати менталната сила за да се одигра на потребното ниво во еден натпревар за трето место. Но, тоа не е случај со Германија и Уругвај. Тие како да играа финале.

На светската сцена повторно брилјираше Диего Форлан и полетниот млад тим на Германија, кој негува победнички менталитет. Ниту кога губеа со 1.2 Германците не помислија да фрлат пешкир во рингот, туку реагираа одлично и со два гола го завртеа резултатот. Таквата борба ги заслужува сите пофалби.

„Бев пресреќен кога ги гледав моите момчиња како се враќаат во игра. Во потполност го заслужија тоа. Нашата цел беше да играме финале на „Сокер Сити“. Затоа исклучително ми е драго што ги видов како повторно се радуваат. За нас овој Мундијал беше извонредно тежок. Многу играчи дојдоа тука без никакво искуство од турнирските играња. Горд сум на односот на фудбалерите, како на теренот така и надвор од него. Покажаа фантастичен карактер и идентитет. По поразот од Шпанија беа скршени, но знаеја дека нема причина за разочарување“, изјави селекторот Лев, чија Германија стана првата репрезентација која ја одбранила бронзата. Тоа е болен факт. „На две светски првенства по ред губиме во полуфиналето. Тоа фрустрира,. Но, на крајот мислам дека цела Германија треба да биде горда на нас, иако знам дека на навивачите им е тешко што не сме во финалето. Успеваме да се вративме по тој пораз од Шпанија и покажавме вистински карактер, а мени ми претставува чест да играм за таква екипа“, изјави Швајнштајгер.

Соиграчот на Швајнштајгер Сами Кедира беше јунак на мечот. Тој го реши натпреварот со голот во 82 минута за 3:2. „Голот им го посветувам на германските фудбалери, сите кои беа овде и кои овозможија да го задржиме нивото на играта од првата до последната битка. ��ие сме млад тим и имаме шанса уште на наредното првенство во Бразил да отидеме чекор подалеку“, изјави сами Кедира, чиј гол беше прв за „Елф“. Неговите игри внимателно ги следеше и Жозе Мурињо, новиот тренер на Реал М, кој побарал од газдата Перез под итно да му го донесе од Штутгарт на „Сантијаго Бернабе“.

Како и да е, Германците, сепак, се Германци, ама пофалби заслужуваат и Уругвајците. Селекторот на Оскар Табарез е во право кога вели дека неговиот тим не бил послаб од Германија и дека незаслужено загубил. „Бевме барем рамноправни, ако не и подобри“, оценува Табарез и додава: „Не требаше да загубиме. Германија е голема фудбалска сила, а очигледно дека сме и ние. Тие не беа ништо подобри од нас. Задоволни сме од она што го покажавме на ова СП. Имаме темел врз кој дополнително ќе учиме и ќе ја градиме репрезентацијата за поголеми успеси“, порача Табарез, кој е пресреќен што во тимот имал играч каков што е Диего Форлан. Напаѓачот на Атлетико Мадрид повторно постигна гол (оној најубавиот за водство од 2:1), но долго ќе го сонува слободниот удар и погодената статива во последната секунда. Каков несреќен крај, на еден среќен Мундијал за Уругвај.

„Без оглед на се, спектакуларно е да се биде меѓу четирите најдобри. Ако некој тоа ни го понудеше пред Мундијалот ќе го прифатевме со двете раце“, кажа Форлан, кој како и Табарез смета дека тимот има добра база. Дел од неа е и уругвајскиот голман Муслера, кој речиси на сите натпревари покажа несигурност и неодлучност. Тој е млад голман, кој дефинитивно мора уште да учи ако сака да стане голем чувар на мрежата.


#
Статијата е прочитана 1026 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 12.07.2010 12:14:59
zasto site sportski novinari se UZASNI pisateli?

Најди! во Утрински
Македонска верзија
ЕДИТОРИЈАЛ
Нина Нинеска-Фиданоска
Си велам
Ерол Ризаов
Поглед
Невена Поповска
Мислења
Гордан Горгиев
ИНТЕРВЈУ
Моќта и влијанието е во функциите, а лекот во казните

Мадам Пепи ќе одговара и за перење пари

„Пиво Фест“
Прилеп очекува 300.000 љубители на пиво и скара