Број 3334  петок, 16 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Поглед

Лош почеток на „Охридско“

Невена Поповска

„Охридско лето“ се отвори со концерт на Рускиот национален оркестар и Симон Трпчески, под диригентство на Михаил Плетњов и со настапот на реномирани актерски имиња кои настапија со монолози од своите претстави, во режија на Иван Поповски и Зоја Бузалковска. За жал, многумина од публиката не сфатија дека по концертот следува драмски дел и речиси половина од публиката си замина од Античкиот театар.

Една колешка, понесена од атмосферата, повика: „Седете бре луѓе, ќе има и претстава!“ Но, присутните очигледно или беа неинформирани за содржината на програмата или едноставно немаа повеќе трпение.

Поповски и Бузалковска во целост ја раскажаа приказната за „Охридско лето“. Но, приказната на фестивалот, годинава, за жал, нема среќен почеток.

Непосредно пред стартот на најстарата музичко-сценска манифестација беше сменет од функцијата директорот на фестивалот, Тони Симоноски, поради „евидентни злоупотреби на функцијата и големи пропусти во програмата и во организацијата на ланското издание“. Доколку имало пропусти, а за волја на вистината имаше откажувања на настапите, Симоноски требаше да биде сменет веднаш по завршувањето на минатогодишниот фестивал, а не во пресрет на јубилејот. Но, не остана на тоа. Само неколку дена пред отворањето на фестивалот, во јавноста како бомба одекна веста за апсењето на рускиот пијанист и диригент Михаил Плетњов, кој беше уапсен во Тајланд под тешко обвинение за педофилија. Плетњов тврди дека „целата работа е недоразбирање“. Но, тоа што недостасуваше во публиката во Античкиот театар голем дел од претставниците на културниот живот и дипломатскиот кор во земјава говори дека публиката одлучи поинаку.

Наспроти тоа, Античкиот театар во Охрид во понеделникот вечерта беше исполнет до последното место.


#
Статијата е прочитана 1752 пати.

Испрати коментар

Од: МУзиКА
Датум: 16.07.2010 07:23:36
(за тие што не бевме присутни на Отворањето): Што конкретно остави лош впечаток , за да се каже дека почетокот бил лош: дали Рускиот национален оркестар, дали Симон, дали Плетњов, што? Дали затоа што во публиката не седеле дипломатите и амбасадорите, или затоа што некој бил сменет пред фестивалот, музиката беше полоша?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Без компас
МАНУ финансиски го допре дното
Поместени коцкички во главата на Мел Гибсон
Антикоманијата за банкрот
Мадам Пепи ќе одговара и за перење пари
Дојран очекува туристички бум
Музиката на летото
Прилеп очекува 300.000 љубители на пиво и скара
Фармерот Илиевски за полицијата е дилер на дрога
И Јулија Тертила стаса за леење
Минимал-технозвукот е белег на журките
Што треба Трајко да знае (а се прави дека не знае)
Народот навистина навали на стари коли
За Џуд Лоу не е најважна славата
Убавицата г�� најде својот ѕвер
Кога стравот ќе го опседне умот
Моќта и влијанието е во функциите, а лекот во казните
Време е за одмори!
Стил