Број 3334  петок, 16 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин








Site Meter

И Јулија Тертила стаса за леење

Се бара леарница за 29 скулптури предвидени да го чуваат мостот „Око“

Деспина Трајковска


Општина Центар на дневен ред за леење ги стави скулптурите што се предвидени да се постават на мостот „Око“ иако е очигледно дека тие ќе можат да го „чуваат“ објектот дури за две години. Тогаш се очекува да биде изграден пешачкиот премин на Вардар, а во меѓувреме ќе треба да стане и „легална“ последната верзија на урбанистичкиот план „Мал ринг“ за да не бидат спорни скулптурите. Независно од тоа, Општината веќе бара леарница за нивно леење.

Општинарите велат дека јавниот повик за избор на леарница се однесува на 28 скулптури иако вкупно 29 се предвидени да се распоредат на „Око“. Всушност, виси леењето на пајонската свештеничка, која е предвидено да биде централната скулптура. Од Општината вчера не знаеја да објаснат зошто и таа не е дел од ��авната набавка.

„Тендерот не се однесува на споменици, туку на уметнички скулптури, вкупно 28. Мотивите ќе бидат тематски ликови, избрани според условите на конкурсот за идејно решение. Скулптурите ќе бидат на историски личности за чие постоење и дејствување на нашите простори постојат потврдени археолошки наоди“, одговорија од Општината.

Избраната леарница ќе има обврска сите скулптури да ги излее во бронза со висина по два метра. На листата за леење се ликови од подалечната македонска историја, благородници, свештеници, кралеви меѓу нив и борецот за права Јулија Тертила, за која генерално пошироката јавност нема сознанија. Распоредени од двете страни на мостот, по 14 скулптури ќе се наоѓаат и ликовите на последниот македонски крал Персеј, на охридскиот архиепископ Прохор Доротеј, на сликарите иконописци Михаил и Евгениј, зографот Јован...

Инаку, неизвесно е дали леењето на оваа тура скулптури ќе се финансира со парите коишто наскоро ќе се префрлат на општинската сметка, трансферирани од Министерството за култура. Имено, нови 6,6 милиони евра Владата ќе и' префрли на Општината за намена „култура“ со што автоматски досега речиси 13 милиони евра државни пари се дадени на општинарите за да се реализира дел од „Скопје 2014“.


#
Статијата е прочитана 2921 пати.

Испрати коментар

Од: Историјо
Датум: 16.07.2010 08:15:04
Колку е богата и голема македонската историја. Тоа е доказ дека и Македонија да не беа неправдите фактички е поголема од соседите. Народот македонски е асимилиран во Грци Бугари....ама тука е.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 16.07.2010 08:34:38
Ova da ne e nekoja poznata peralna na pari...
Од: Manco Capacu
Датум: 16.07.2010 09:28:37
A dali pokraj ova mnogu poznata i " svetski procuena"Julija Tertila ima predvideno i statui za Manco Capacu i Montezuma?. Znaete toa se edni od poslednite kralevi na nas bliskite Inki i Acteki so koi se poizvesno ce jaderlime istata sudbina.
Од: S
Датум: 16.07.2010 09:34:40
Treba sklpturi na Nikola Badev, Vaska Ilieva, Aleksandar Sarievski, Tose Proeski, Kiril Mancevski, itn ...Kulturni, sportski licnosti tie se dusata na ovoj narod i niv gi znaeme
Од: trevor
Датум: 16.07.2010 10:34:26
Sepak mislam deka ke ima 1 skulpturi na albanci i balisti, kako i na borci za covekovi prava od 2001 godina koi sto ke bidat postaveni od okoto prema istocniot del......
Од: viki
Датум: 16.07.2010 10:54:06
neodamna slusnavme deka vo italija kje se prodavaat palati za nadmiruvanje na dolg,grujo neka pobrza so gradenjeto za da mozeme posle da gi prodademe po pola cena za da preziveeme tie sto kje ostaneme da ziveeme vo makedonija,zosto i posle nego nekoj kje prezivee ili toj se vodi od onaa-posle mene potop
Од: od nadvor
Датум: 16.07.2010 11:36:03
Skopje se podnovuva - sekoj na taa rabota ima drugi - svoj - pogled, no da bideme tolerantni... Se prašuvam, što da kaže čovek, koj što poradi loš, ili nikakov pat do negovoto selo ili gradče nema da stigne do bolnica so svoe bolno dete ili bolen člen na familija? Toa e toa najlošoto. Nešto positno: što ke kaže posetitel, koj što ke zaluta vo Skopje malku podaleku od prenakiten centar? Na kraj: čekam, nekoj od redaktori na UV da se pozabavi so pregled na JAVNI (ne vo restorani!) WC vo gradot - kolku gi ima, kaj se naogaat, kakov e ambient i kvalitet na uslugite, dali smrdi, ili mirisa na cveke... Pozdrav
Од: general midi
Датум: 16.07.2010 12:00:49
Selo gori, baba se cesla. Narodot nema leb da jade, ovie zapnale 50 skulpturi na eden most da stavaat. E makedonce, makedonce, koj stigne te raboti...

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Без компас
МАНУ финансиски го допре дното
Поместени коцкички во главата на Мел Гибсон
Антикоманијата за банкрот
Мадам Пепи ќе одговара и за перење пари
Дојран очекува туристички бум
Лош почеток на „Охридско“
Музиката на летото
Прилеп очекува 300.000 љубители на пиво и скара
Фармерот Илиевски за полицијата е дилер на дрога
Минимал-технозвукот е белег на журките
Што треба Трајко да знае (а се прави дека не знае)
Народот навистина навали на стари коли
За Џуд Лоу не е најважна славата
Убавицата го најде својот ѕвер
Кога стравот ќе го опседне умот
Моќта и влијанието е во функциите, а лекот во казните
Време е за одмори!
Стил
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language