Број 3334  петок, 16 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Фармерот Илиевски за полицијата е дилер на дрога

Душко Илиевски зборуваше на митингот на опозицијата. Тој, неговиот татко и брат му се уапсени, бидејќи, според МВР, ја насадиле нивата со марихуана 

БИТОЛА - Водачот на пелагониските фармери на „Сведмилк“, Душко Илиевски, неговиот татко Томе и неговиот брат Цане се приведени од битолската полиција под сомневање дека на фармата лоцирана во индустрискиот дел на градот одгледувале канабис сатива, растение од коешто се произведува опојна дрога марихуана.

Тројцата мажи од семејството Илиевски добија кривична пријава за недозволено производство и пуштање во промет на наркотички дроги и прекурзори.

Настанот се случи вчера напладне кога Илиевски три часа со лисици на рацете го следеше претресот на полицијата на нивата од неговиот татко во Градско Поле. Непосредно по приведувањето, Илиевски се обиде да ги информира новинарите од Битола, но потоа со часови остана недостапен.
Неговиот брат Цане Илиевски, вознемирен од случувањето, раскажува дека Душко бил приведен од дома пред очите на своите деца и поширокото семејство како да е најголемиот криминалец. Потоа Душко заедно со својот татко го следел увидот на полицијата на нивниот семеен имот во Градско Поле. Претресот на инспекторите продолжил со судски налог во нивниот дом.

„Полицијата го зеде брат ми и го однесе на нивата на татко ми. Наводно, имало коноп во нашиот имот. Но, зошто го уапсија Душко, кога нивата е на татко ми. Сега од брат ми сакаат да направат дилер на дрога. Кога ќе прошетате низ Градско Поле во Битола, ќе видите дека на секаде има диворастечки коноп, па никогаш досега не сме чуле за ваква реакција на полицијата“, реагираше братот на Душко, Цане, пред и тој да биде приведен во битолската полиција.

На дел од телевизиските екипи од Битола, кои вчера се обидоа да го снимат настанот, особено претресот на нивата и фармата на Илиевски, полицијата им нареди да ги избришат снимките. „Во објективот на камерата на Телма се најде службено возило на СВР - Битола, а потоа и инспектор облечен во цивил додека на половина километар од местото на настанот се обидував да го снимам Градско Поле преплавено со диворастечка марихуана. Потоа полицијата побара од мене или да им го предадам видеоматеријалот или да го избришам. Така морав и бев принуден да го избришам видеоматеријалот“, рече снимателот на Телма од Битола.

Пред да се одржи прес-конференцијата на битолската полиција за овој случај, на медиумите им беа покажани запленетите стебла марихуана кои на полицијата ќе им послужат како доказ во случајот против Илиевски. „По претходно оперативни сознанија, извршен е претрес на имот лоциран во Градско Поле, при што се приведени три лица. На нивната нива се откриени 207 стебла канабис сатива од кои се произведува марихуана. Трите лица се приведени во полицијата, а стеблата ќе бидат испратени на вештачење“, изјави Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР- Битола.

Опозициската СДСМ гледа во акцијата на полиција обид на власта за пресметување со неистомислениците. Според нив, станува збор за местенка на фармерот кој поради „портокаловата изродба остана без денар во џебот за да го прехрани семејството и се третира како најголем трговец на дрога“.

„Ги повикуваме Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да се освестат и да престанат во партиско-полициски монтирани постапки брутално да се пресметуваат со сопствениот народ“, апелираше вчера опозицијата.

Илиевски, водачот на фармерите на „Сведмилк“ од пред една и пол година, јавно обвинуваше дека е под постојан притисок од полицијата. Откако застана на чело на оштетените фармери на „Сведмилк“, тој доби три прекршочни пријави така што вчерашниот претрес на полицијата во неговиот дом беше втор по ред. Првиот пат, во семејната куќа на Илиевски, полицијата бараше нелегално оружје.

Вториот пат тој беше обвинет за упад во кабинетот на градоначалникот Владимир Талевски со уште дваесетина други фармери за што судот подоцна се изјасни дека делото за кое Илиевски се товари е неосновано. И третиот пат, Илиевски доби прекршочна пријава поради омаловажување и навреда на премиерот Никола Груевски со летоци што самиот ги лепел, наводно, низ битолските улици на кој премиерот бил прикажан како го дегустира јогуртот на „Сведмилк“.

Минатото лето медиумите од Битола известуваат дека стебла од марихуана, кои во делови достигнале висина и до два метра, го обраснаа индустрискиот дел на Битола. Ова растение со чиешто сушење се добива опојна дрога марихуана го има покрај патот што ги поврзува фабриките низ коритото на реката Куределес, па се' до Основното училиште „Коле Камински“ од населбата Карпош. Тогаш од полицијата потврдија дека им е познат случајот оти во Градско Поле на повеќе места никнува див канабис и дека многу лесно се распространува. Но, како што рече полицијата тогаш, од ова ќе побара и ќе го извести Министерството за земјоделство да ги уништи стеблата. Доколку, пак, увидат дека некое лице го собира дивиот канабис, тогаш против него ќе се поднесе и кривична пријава. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 2474 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 16.07.2010 00:17:22
Биди храбар Душко.Кој на друг гроб му копа,самиот во него пропаѓа.Дека ова е местенка,поголема здравје.Многу убаво може да се заклучи од вулгарноста на насловот во бладиниот весник на рекетарот Латас.Првин на човекот му накалемија поседување на нелегално оружје,сега производител на дрога а следното сигурно ке биде гонет за убиство.Што беше тоа диктатура,сакам да одговорат платените пишувачи на коментари.Господ касни но не заборава.
Од: Stole
Датум: 16.07.2010 00:17:28
Мириса на тешка местенка!
Од: Сергеј
Датум: 16.07.2010 00:26:03
Лудило! Па ова растение во моето место (јас живеам на село) толку го има по нивите што многумина го мешаат со копривите! Значи, дојдовме до таму дека, во ова државче можат да те затворат не само за пцуење на премиерот Груевски, ами затоа што во дворот ти порасала - трева! ( http://otpor.log.ph )
Од: PAVLE
Датум: 16.07.2010 00:27:27
Почитувани читатели на утрински и сите добронамерни и цивилизирани граѓани,затворањето на фармерот ИЛИЕВСКИ е уште еден јасен доказ за фашизоидната и хитлеровска и сталинистичка политика што ја води ГРУЕВСКИ.Ваквите налудничави чекори ќе земата уште поголем замав кога НЕГОВИОТ ПАД ќе биде неизбежен.Но,верувајте ми,никој веќе не им се плаши - следна фаза е кога нивните од ДПМНЕ ќе им го завртат грбот и кога тие ќе го забрзаат нивното паѓање.СДСМ не изгуби своевремено од ДПМНЕ,туку изгуби од своите сопствени гласачи и симпатизери,кои разочарани од индолентноста и ноншалантноста на партиските функционери им го завртија грбот.Сега со уште поголема жестина тоа ќе му се случи на ГРУЈО.Се поставува прашањето ,дали и кога воопшто ќе се опорави по овој потоп ДПМНЕ,.............ТЕШКО
Од: Rade.Hollandia
Датум: 16.07.2010 00:56:41
cista klasicna montaza sram da mu je na diktatoro i diktatorkata krujo i jankulovska nemam poveke komentar od mesecinata se vide deka covekot sto mu gi ukradoa parite od mlekoto od strana na lopovskata vlada ne samo na dusko tuku na site farmeri kadese lopovite od rek bitola tamo nema nisto odi i oni se zemale del od ukradenite pari na ova valada trebe narod da im sude isto kako na causesko sto mu romancite presudija prv grujo do nego jankulovska pa posle sve po red do posledniot uligarec vmrovski neka im je na cast.
Од: gimi
Датум: 16.07.2010 02:59:15
Имаше еден добар скеч од К-15 „на прашањето од новинарот што сте Вие терористи - овие му одговараат не ние сме планинари„ Така и Душко не садел „канабис сатива„(марихуана) туку див коноп.
Од: film
Датум: 16.07.2010 03:15:35
Ne mozam da veruvam koja diktatura vi se sproveduva niz nakedonija. Lugje otvarajte oci. Jas veke zazaluvam sto go podrzav vmro minatite izbori. So nesposobna opozicija ova ke si prodolzi. So ovoj slucaj vmro si dade mnogu los avtogol ist kako onoj na Columbia na svetskoto vo SAD '94
Од: dedo dimo
Датум: 16.07.2010 06:09:56
Luge ,moj zavet e rabotete chesno i poshteno i nikoj togash nema da ve bara ali ako gi pustite prstite podolgi na nechesen nachin da se bogatite ,pomislete shto ve cheka . Vo Malezija i Singapur e kazna na SMRT ,nema milost za luge koj pustat mladi zivoti i pustat Familii.Toa treba da go napravat zakon i vo Makedonija a ne samo za zanimavanje so droga tuki i za potkupuvanje KORUPCIJA ).Treba da postanite chesni luge.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 16.07.2010 06:31:27
Ако ова не успее, дали че го прогласат за велепредавник? Или ќе измислат нешто друго? А дали презумција на невиност за него не важи затоа што ја критикува власта која го ограби.И што мислат овие партизираниве, се гради држава со двојни аршини?Па така ако продолжат - држава нема да имаме.
Од: bitolaman
Датум: 16.07.2010 07:18:00
Ako policijata bide realna i so ist arshin gleda prema site gragjani,togas ocekuvam da barem stotina gazdi na nivi od gradsko pole vo bitola denes bidat pritvoreni kako siromaviot Dusko.Kanabisot go ima ama bash vo sekoja niva vo ova pole i toa ne e voopshto tajna.no....tuka se raboti za drugo....osveta brate....ne smee nikoj da mu se sprotistavuva na fasistickiot rezim na grujo. Se sekavate li na onie stari amerikanski filmovi koga policijata mu podmetnuvase droga na tie sto ne se lojalni na aktuelnata garnitura? Rezil neviden.golema sramota za ovie nfasisti.Sreka sto mu se gleda krajot.
Од: goko
Датум: 16.07.2010 08:06:43
Znachi nema nikakva krivica(iako e taka dodeka ne se dokaze).Tochno e deka na mnogu mesta sama raste.No tochno e deka tamu nekoj ja odgleduval shto se gleda i od postaveniot sistem za navodnuvanje so prskalki.Nivata e nivna.Mozebi ne e Dushko,mozebi e bratmu koj nema kravi i ne zboruvashe na mitingot na SDSM.Mozebi e nekoj drug ako nivata e izdadena pod naem.Zatoa da ostavime da zavrshi istragata.
Од: Крт
Датум: 16.07.2010 08:39:00
До Gjimi- Која дрога ти ја употрбуваш кога тресеш зелени. Нели гледаш дека од авион се гледа ,,намештаљка,,. Ајде освести се и влези рамките на реалниот живот.Со оваа влада сите сме како дрогирани и на крајот некој ќе го ,,испуши,, како што вели твојот омилен Латас. Сепак те поздравувам!
Од: "Srecna Nova 2010"
Датум: 16.07.2010 08:47:55
Klasicna montaza od ovaa diktatorska vlast. sega vece nikoj koj ne ja simpatiziraa ovaa vlast ne e siguren za svojata bezbednost i kakvi se mestenki ce mu se napravat. Vo taja nasoka se i onie fasizoidnio zakoni na Jankulovska za sledenje i prisluskuvanje na sekogo niz drzavata bez nikakvi odobrenija i ogranicuvanja. Pa na ovie od DPMNE Berie i Josif Visarionovic Dzugasvili- Stalin mozat da mu bidat samo ciraci. " Sracna Nova 2010" Se prasuvam , sto parvi ovaa zaspana opozicija?
Од: mene 1
Датум: 16.07.2010 09:16:33
Gimi sto zboruvas covece.Pa ti ne si normalen.Toa rastenije moze da se najde duri i vo osnovnoto uciliste Kole Kaninski zatoa sto raste divo i kade ke stigne.Go zapustija covekot od dobro situiran covek go napravija bez skrsen dinar a sega duri i diler na droga.Gospod da cuva i da brani.Pravite dileri niz Bitola setaat kako pasi,cel grad gi znae samo policijata ne, a vamu Dusko da ti bil "glavniot "diler.Se nadevam deka gospod gleda i slusa i deka eden den ke naplati za ova.Ova gi nadminuva site granici.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 16.07.2010 09:19:29
Чудна вутра е ова побрљавкава!Зарем полицијата не знае дека расте к’о див коноп?!Најлесна е за „одржување“,не и треба полевање,не и треба одгледување,доволно е да падне семето на земја...Најчесто е самоникната!Самото тоа што полето е преплавено со билката ја докажува леснотијата со која таа расте!Зарем полицијата навистина не знае дека тоа е Коноп?!Билката е Индустриска и служи за добивање ткаенини,вреќи,јажиња...!Служела долги години и како сточна храна!Индискиот (вообичаено женска билка) служи најчесто како опијат,но марихуаната има и лековити својства!Cannabis sativa е најкарактеристична за Европа!Cannabis indica е донесена од Индија и најчесто се употребува како онаа познатата озлогласена Ганџа!Сè друго е бедна „Барокна“копија!Изјавата на портпаролот на полицијата беше: „непозната растителна материја“!Местенка,или не?Очекувам,по ова,портоколадните навивачи да ме распнат како наркос!Напред Холандија...Напреед портокалови момчиња! ...Тууу...за малку,па дури и прво место ќе освоеа! :Þ
Од: db
Датум: 16.07.2010 09:29:28
GOTOVI SE - Shtom stignaa da go priveduvaat Dushko, se fakaat za slamka. IZBORI VO NEOMVRI. Pobeda za Makedonija. ajde so zdravje "patriotcinja sitni dushi zelni za kradeni pari" ....
Од: tihi
Датум: 16.07.2010 10:43:29
Ne se sekirajte , Brance ke go spasi.Isto kako Bucko Zaev i.t.n. i.t.n....Bre kutrite se nevini gi apsat.Od kal da si ,SDSM li si , nevin si.
Од: Monah Spiridon
Датум: 16.07.2010 10:45:38
Dusko i pokraj site maltretiranja i tormozi od najmakedonskata vlast i partija, treba i da se gordees so nesto.Sega plukacite i prostacite od MMRTO ke se naflat na tebe.Istrpi kako i do sega. Na nikogo svekata ne mu gorela do noviot den, pa nema ni na niv. I, vtora rabota, nekolku dena i Branko Crvenkovski ke ostane po strana... Kapa, Dusko na ovie kreteni mozes da im kupes ama pamet-nikako!
Од: od nadvor
Датум: 16.07.2010 10:46:06
Ako e vistina toa, što pišuva vo textot- deka rastenieto go ima nasekade vo terenot, togaš e najgolema sramota, što vaka e okriven nevin čovek!!! Izgleda e seto ova napraveno vo duhot na pogovorka: "koj saka kuče da go tepa, stapot ke si go najde". Golema podrška do g. Duško i negova familija! Se nadevam, deka ima pokraj sebe sogragjani i prijateli, što neke dopuštat da nastrada - oti mi se čini, vo ovoj slučaj sé e možno.
Од: nenad
Датум: 16.07.2010 10:50:38
Mestenka, uzas od ovaa vlada. Da sakal covekot da odgleduva treva, pa ke go pravel toa na nekoe poskrieno mesto a ne taka acik, vo svoja niva na otvoreno pole. Kako jas pred zgrada da nasadam i da mislam deka nema da me fatat. Narodot ne e glupav, se ni e jasno!
Од: AGTIS
Датум: 16.07.2010 11:14:21
Ете, три пати пробувате да го затворите човекот и пак пробувате со местенка, која нема да помине. Не знам зошто не му ја минирате куќата на човекот, не го дигнете во воздух - заедно со семејството (за предупоредување на другите) и после тоа да кажете дека чувал распрскувачки материјали или дека бомба од НАТО, случајно паднала на неговата куќа? Ајде полицијо: Малку иновативност!!!
Од: terezija
Датум: 16.07.2010 11:20:00
Dve raboti bi POTENCIRAL ; 1) Nema pobolno i ponizuvachko, kako chlen na ova Opshtestvo, od soznanieto na (ni)KAKVO nivo spadna OVAA VLADA za koja nema da krijam deka beskompromisno ja kritikuvam, kako i nivnite prethodnici svoevremeno - ne bez prichini... 2) Nishto pomalku ne $ zameruvam na OPOZICIJATA (SDSM-konkretno) koja go ZLOUPOTREBUVA stocharot Dushko - odnosno negovata momentalna pozicija vo poslednite zbidnuvanja (politichki)... Ostavete go chovekot so svoite maki i problemi i ne ja iskoristuvajte "negovata polit.naivnost" ako ne ste vo sostojba da mu pruzite konkretna pomosh - makar i vo svojstvo na pravni soveti...?! P.S./ Rachunajki se sebesi za DOBRONAMEREN i KOREKTEN "KRITIZER" nikogash ne bi si dozvolil da se najdam vo uloga na nechija "masha" ili bilokakva naprava za manipuliranje i "tugjo"prepucavanje... Sepak site sme samo obichni lugje, a sindromot Leh Valensa itekako (ne sekomu) godi!?
Од: Стојко
Датум: 16.07.2010 11:29:38
Како може еден возрасен човек кој никогаш досега немал допир со дрога, и кој и е многу добро познат на јавноста, одеднаш да биде лишен од слобода како дилер? Ако се земе во обѕир дека истиот тој човек е политички активен и се бори за своите демократски права, тогаш работата е многу јасна. Треба веднаш да се поднесе тужба пред Судот за човекови права во Стразбур. Нели Милошовски го стави прашањето за човековите права како приоритетно за Македонското претседателство на Советот на Европа!
Од: zagrizen
Датум: 16.07.2010 12:22:33
gimi ako imas pamet procitaj gi komentarive i zasramise ostanuvas vuk samotjak i posleden drzac zaedno so tvojot idol srpskiot patrot latas zvani lale
Од: sto e mnogu, mnogu e
Датум: 16.07.2010 12:31:28
Navistina, ne samo sto novinarite blagovremeno ukazaja deka div konop rasti niz pelagonija vo Gradsko pole, toa moze sekoj i malku pameten da go vidi. Znaci, toj div konop RASTI NASEKADE, a ne e zasaden vo nivata na Dusko. Ova sto go pravi policijata e da se zamolci nasiot soselanec.Zosto mu go zede policijata videomaterijalot na snimatelot na Telma? Toa go napravi, zatoa sto kje otpadnese adutot deka Dusko sadi marihuana. NEVIDENA MESTENKA.
Од: igor-skopje
Датум: 16.07.2010 13:26:17
Dusko Ilievski e herojot na naseto (ne) vreme koj ke ostane zapameten vo novata istorija na RM !
Од: veles
Датум: 16.07.2010 13:32:38
FARMEROT na koj jazik e ovoj zbor na Angliski ili na nas literaturen pa nemoj taka gdine za sto go zavrsi fakultetot zar ovakvi krupni greski i ti i izdavacot na vesnikot da ne vidi sto ke izleze vo slednoto izdanie.SRAMOTA.
Од: Goce
Датум: 16.07.2010 13:40:31
Izdrzi Dusko site sme so tebe! A ovie BAGRAVA sto se na vlast ima da gi napolnat zatvorite! I toa za dolgo vreme!
Од: mihajlo
Датум: 16.07.2010 13:52:27
Totalen raskol na narodecot sto ostana kako Makedonce napravija ovie dve partii.Bidejci ne sum optereten so politikanstvo sakam samo da kazam do kade otidoa rabotive.Zedov da gi citam komentarive vo dvata vesnika: Vecet i Utrunski vesnik.Neka zeme sekoj i neka napravi rezime.Konstatacijata e sledna.Pobrzo ce staneme sojuznici so Severnokorejci ili Kubanci otkolku so nasiot partiski"nepprijatel". Znaci ovie dve partii uspeaja da go skaraat narodot.Aferim.Narocno ne sakam da dadam svoj komentar,bidejci sum razocaran vo MAKEDONECOT.
Од: Trpe od Gradcko
Датум: 16.07.2010 14:20:44
Samo napred Dusko protiv ovoj diktatorski rezim. Zasto policijata ne dozvolila na pola kilometar da dokaze deka ima divorastecki konop. Ocigledna mestenka pa sega ako ne si so VMRO-DPMNE sekoj graganin e na potencijalna meta. Sramota Gruevski.....
Од: niko do tihi
Датум: 16.07.2010 14:26:49
......Тихи, ќе ти намини Прле па мисли му ја....Душко е маж и ова ќе го издржи,а ти гледај за себе...
Од: Robi
Датум: 16.07.2010 15:54:36
Душко е нашиот ЛЕХ ВАЛЕНСА!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Без компас
МАНУ финансиски го допре дното
Поместени коцкички во главата на Мел Гибсон
Антикоманијата за банкрот
Мадам Пепи ќе одговара и за перење пари
Дојран очекува туристички бум
Лош почеток на „Охридско“
Музиката на летото
Прилеп очекува 300.000 љубители на пиво и скара
И Јулија Тертила стаса за леење
Минимал-технозвукот е белег на журките
Што треба Трајко да знае (а се прави дека не знае)
Народот навистина навали на стари коли
За Џуд Лоу не е најважна славата
Убавицата го најде својот ѕвер
Кога стравот ќе го опседне умот
Моќта и влијанието е во функциите, а лекот во казните
Време е за одмори!
Стил