Број 3334  петок, 16 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Поместени коцкички во главата на Мел Гибсон

За скандалозното однесување на актерот многумина
велат дека најголем виновник е алкохолот

Валентина Тодоровска

„Мел не е таков, не го познавате доволно“, Вупи Голдберг ја испрати пораката на светот преку медиумите. „Неколку пати беше гостин во мојата куќа и си играше со моите деца. Луѓето имаат сосема погрешно мислење за него“, вели неговата пријателка, обидувајќи се да одбрани од она малку што остана неизвалкано.

На ова нејзино аминување за актерот, кој деновиве го полни жолтиот печат со своето агресивно, речиси невротично однесување, кон сега веќе бившата жена Оксана Григориевна, претходеше коментарот на англиската актерка со аристократски манири Хелена Бонхам Картер, која хуморот на Гибсон го опиша како простачки и суров, што личи на клозетска шолја.

Ваквата преписка „за“ и „против“ Гибсон, црното и белото толкување на ликот и делото се случи и 2006 година кога синоокиот актер во пијана состојба фрлаше дрвја и камења по Евреите, обвинувајќи ги за сите војни на светот.

Што стана со мирниот, стабилниот и питомиот Мел Гибсон? Од што му се поместија коцкичките во главата, па излезе од контрола, ги загуби конците во животот, тонејќи се' подлабоко во проклетството чиј автор е самиот.

Составен дел од животот на Мел се депресиите, а долго време тие биле врзани за егзистенцијата и неговиот страв како ќе истрае финансиски. Кога му се случија парите, не можеше да ја скрие својата зависност од алкохолот иако секогаш велел дека таа течност не може да го контролира умот. Направи неколку ексцеси, се разведе од сопругата Робин Мур, со која има седум деца, и отиде во прегратките на 40-годишната атрактивна Оксана, која му ги разбуди и разгоре најтемните тунели на душата, сето она што Робин успеваше со години да го држи под контрола. Всушност, таа успеа да го скроти и смири својот човек, му беше најголема поддршка, го извлекуваше од кризните периоди во времето кога поради неуспесите и неисполнувањето на работа, паѓаше во депресија и се враќаше на старите пороци - алкохолот и дрогата.

Оние што го познаваат актерот велат дека никогаш не бил особено мирен, непорочен, а најмалку од се' - мил.

„Тоа е карактеристика врзана за слабаците“, вели тој во едно свое интервју дадено за „Венити фер“. „Ако е страшно да имам став и ��а не сакам да ја виткам главата, тогаш ставете ме на крст, запалете ме“....

Мел потекнува од многудетно религиозно семејство кое од државата Њујорк се преселило во Австралија, сакајќи да ги заштити машките деца од војната во Виетнам. Во Сиднеј, Мел одел во католичко училиште за мажи што не го смирило воопшто неговиот карактер - во пубертетот почнал да пие и да пуши марихуана, зависности од кои не се откачил никогаш. Многу сакал да биде новинар, да ја брка вистината како Дон Кихот со ветерниците. Но, сестра му Шејла, уверена дека нејзиниот брат-галеник е убав како актер, го пријавила на аудиција. Дотогаш Мел работел на пакување сокови од портокал и речиси прегорел во кавгата на тема „никој не може да одлучува за неговиот живот“, па дури и да е тоа неговата сестра. И така се појавил на аудиција, и се' до крајот на студирањето бил атипична појава - со долга коса и брада, несериозен и незаинтересиран за предавањата. Потоа, ја избричил брадата и се потстрижил.

Филмското деби му е лошо. Станува збор за „Самер сити“, лош филм со лош актер. Потоа работи уште малку со незначајни продукции. Откако ја запозна Робин Мур, медицинската сестра од соседството, која немала особено мислење за актерите, третирајќи ги како „забегани“, брзо се заљубува, изродија деца, а филмската кариера нагло му тргнува од 1979 година со „Лудиот Макс“, најисплатливиот австралиски филм.

Дојде славата, ама не и парите и Мел си олеснувал на свој начин - со пиење.Веројатно само љубовта на неговата жена Робин била посилна од овој порок зашто набргу дошле и високобуџетните филмови „Побуната на бродот Баунти“, „Текила санрајс“, „Смртоносно оружје“...

Тогаш Мел го доживеа класичното „цепење“ на личноста. Дома добар татко и сопруг, надвор се напиваше до бесвест, губејќи секаква врска со реалност. Се зборуваше дека Мел боледува од биполарно нарушување, болест позната и под името „манична депресија“.

„Мојот најголем грев е што сум многу експлозивен и склон кон ексцеси. Фала му на Господ што научив да се контролирам“, изјавуваше Мел пред неколку години на порталот askmen.com, не знаејќи дека сите зборови му се паметат и запишуваат.

Тие зборови стануваа негов најсилен непријател. Во меѓувреме, јавно прозборе против хомосексуалците, велејќи дека му се гади од нивните гнасотии, па потоа се повлече, го сними „Пасија“ за кој доби привидение во една од своите веќе прославени депресии, да сними филм за последните 12 часа од животот на Исус. Филмот крена лавина реакции, а критиките одеа дотаму што беше обвинет за антисемитизам.

„Силата на Светиот дух е толку силна што некои муслимани додека работеа на филмот се преобратија во христијани. Светиот дух беше со мене додека снимав филм, тој ме водеше, а јас само ги следев упатствата“, изјавува Гибсон.

Кога би почнале да ги набројуваме маните на Гибсон, тоа би била сизифовска работа, а дека има проблематичен карактер, потврдуваат сите што работеле со него.

Оксана во животот на Мел се појави со идеја. Сметаше на својата база, а на неговата надградба очекувајќи дека нејзината скромна пејачко-свиречка кариера ќе стане транспарентна поради врската со овој актер.

Сега на ред беше тој - и' сними спот каде што таа пее и свири на клавир. Се' е црно-бело, а коментарот на Оксана на порталот people.com кој премиерно го пуштија спотот беше: „Тоа е гола интимна песна во која плачам од душа“. Во меѓувреме, им се роди ќеркичка која направи непремостлив ѕид меѓу довчерашните љубовници.

Изворите блиски до актерот зборуваа дека Мел е исплашен и разочаран во Оксана, која го тера да ослаби и без милост му ги троши парите. Сакаше да се врати, а не знаеше дали некој друг го чека.

По скандалозното однесување на овој актер, Холивуд полека но сигурно му ги затвора вратите. Никој не знае што ќе прави скандалозниот актер понатаму. Тагата се' потешко ја потопува во пиење.

Можеби, на крајот, сепак, ќе сфати дека треба да почне да плива сосема сам.


#
Статијата е прочитана 1700 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Без компас
МАНУ финансиски го допре дното
Антикоманијата за банкрот
Мадам Пепи ќе одговара и за перење пари
Дојран очекува туристички бум
Лош почеток на „Охридско“
Музиката на летото
Прилеп очекува 300.000 љубители на пиво и скара
Фармерот Илиевски за полицијата е дилер на дрога
И Јулија Тертила стаса за леење
Минимал-технозвукот е белег на журките
Што треба Трајко да знае (а се прави дека не знае)
Народот навистина навали на стари коли
За Џуд Лоу не е најважна славата
Убавицата го најде својот ѕвер
Кога стравот ќе го опседне умот
Моќта и влијанието е во функциите, а лекот во казните
Време е за одмори!
Стил