Број 3334  петок, 16 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Народот навистина навали на стари коли

Заклучно со јули, во земјава се увезени 30.000 половни автомобили и само 4.000 нови, а буџетот инкасирал најмалку 20 млн. евра

Соња Маџовска

Народот навистина навали на половните автомобили. Не стивнува интересот за нив, напротив, постојано се зголемува, па дури ни увозниците не очекувале дека ќе имаат толку многу работа. А тие велат дека допрва ќе расте препродажбата, бидејќи во овој период на летните месеци се враќаат и голем број наши иселеници, кои доаѓаат со старите автомобили во земјава, а тие им ги продаваат најчесто на своите најблиски.

Податоците од Царинската управа се фрапантни. Од почетокот на годинава, па до 12 јули, во земјава се увезени 30.000 половни автомобили, а нови само 4.116 автомобили. Ако се земе периодот од 13 март, кога се намалија акцизите и царината, а и Владата ја зголеми границата за увоз на стари возила, па се' до 13 јули, во земјава влегле речиси 26.000 половни возила, и само 1.500 нови.
Врвот е достигнат во јуни и во јули, кога се влезени 10.000 стари возила. Лани за цела години биле увезени само 13.500 половни возила.

„Опел корса“ е убедливо на прво место како најбаран стар автомобил.

Според увозниците, помалите, но и постарите автомобили, кои имаат зафатнина до 2.000 кубни сантиметри, а за кои не се плаќа акциза, имаат најпримамливи цени. А ако е уште дизел, тогаш веднаш има купец, велат увозниците. „Најбарани половни автомобили се оние од 1995 година и 1996 година. За овие возила кои чинат во просек од 2.000 до 3.000 евра, има пари нашиот народ. На пример, ’опел корса‘ од 1995 година, во странство се купува по цена од 800 до 1.000 евра, а дополнителните трошоци што се плаќаат во земјава чинат уште 700 евра. За овој автомобил особено се заинтересирани и младите возачи, кои штотуку положиле. Има голем интерес и за „голф“ и за „фолксваген“, вели еден од увозниците на стари автомобили.

И граѓаните и увозниците тријат раце од раздвижувањето на пазарот со стари возила, но и Царината, односно буџетот се офајдил од наплатата на царина, ДДВ и акцизата, при што се инкасирани околу 20 милиони евра од почетокот на годинава. Ако се земе најнискиот просек на цена на еден автомобил до 3.000 кубици, за кој не се плаќа акциза, а царината е 1 отсто, и плус уште 18 отсто ДДВ, а бидејќи над 90 отсто од увезените автомобили се такви, Царината само во овие четири месеци наплатила околу 15 милиони евра, и тоа само од половните автомобили. Тоа значи дека просечните вкупни давачка по возило изнесуваат од 600 до 700 евра.

Навалицата за старите автомобили како да покажа и колку е низок стандардот на македонските граѓани, бидејќи очигледно е дека со плата од 200 до 300 евра малкумина се одлучуваат да купат нов автомобил. Увозниците велат дека оние што возат автомобили стари и по 15 години, ги продаваат, додаваат уште една-две илјади евра и го заменуваат за некоја година поново од она што го имале претходно.

Инаку, сепак, излегува дека пропадна главната цел на носењето на мерките за увоз на стари автомобили, бидејќи се покажа дека е многу мал интересот за пререгистрација на бугарските автомобили. Сопствениците на возилата со бугарски регистарски таблички ги враќаат најчесто при техничкиот преглед. Затоа, тие велат дека ќе продолжат да ги возат овие возила се' додека им дозволува Законот, а тоа е до септември годинава. По овој период, ќе мора да ја напуштат земјава, а до нивното следно влегување во Македонија ќе мора да поминат најмалку шест месеци.

За разлика од увозниците на стари коли, во убавите салони за нови автомобили никој не влегува. Автоувозниците велат дека е катастрофална состојбата на автомобилскиот пазар. „Се внесоа многу стари половни автомобили, кои воопшто не се еколошки. Кај нас се увезуваат со стандард Еуро 1, најевтините, а во Европа се воведува стандардот Еуро 5. Ситуацијата е многу тешка, продажбата на нови автомобили е падната за 35 отсто. Гледаме колку да помине годинава, а очекуваме да се стабилизира пазарот дури в година. Оваа состојба ја компензираме со тоа што работиме и хомологација и сервис за старите возила, а верувајте имаме многу работа во тој дел“, велат од „Аутомакедонија“. Оттаму објаснуваат дека има и намалување на цените, но не големо, туку повеќе автоувозниците на нови возила се ориентирани кон промотивни кампањи, акции, а нудат и пакети со различна дополнителна опрема, но во рамките на пакетите што ги даваат производителите. Увозниците велат дека годинава дополнително влијае и економската состојба во земјава врз намалувањето на продажбата на нови автомобили, како и тоа што банките многу тешко одобруваат кредити. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 4596 пати.

Испрати коментар

Од: Продавам
Датум: 16.07.2010 00:08:07
Голф караван 2000 поволно. пројдени 150 000 км. Мора да го увезетре сами. Ако никој не го сака оди во старо железо. До сега бил без проблеми и ќе биде во наредните 5 г.
Од: Manastirec
Датум: 16.07.2010 00:24:48
И било каква споредба со Европа е излишна. Со нашиот газер стандард и газер коли ќе возиме. Но, фактите говорат: либерализацијата на увозот на половни автомомобили е вистински погодок. А тоа еко 4,5,6... Шведска, Швајцарија... баталете, се се тоа приказни за мали деца. Бериќатверсан и на толку, со кое нашите граѓани дојдоа до посолидни (се подразбира и половни) автомобили. Јасно е, ни од далеку не можеме да му конкурираме на западниот пазар со плати каде-каде помали, па следствено на тоа и автомобилите ќе бидат постари и понесоодветни. Таа е и толку силата бре луѓе. А кој има можност ем за нов ем за скап автомобил - широко му пое. Никој ни го пречи ни му брани. Но маката е зошто и од шо мака голф 2,3 да може да се вози во Европа а кај нас да има рампа за него. Нонсенс и последица без причина. Повторувам: сакаш ново, имаш пари за него, бујрум - никој не ти брани. Но не го брани ни забранувај тоа (половното) што е дозволено во таа иста Европа а кон која толку силно и толку долго тежнеем
Од: todor
Датум: 16.07.2010 01:39:39
ako ako nekoj mora i gjubreto da go cisti
Од: Nekoj
Датум: 16.07.2010 07:51:40
Nema den a da ne se trubi po vesnicive kolku bila nevrabotenosta, kako drzavata e tapa, vlasta e tapa itn.E dobro, pa od kaj bre pari barem i za edna kola od 2000 evra?namesto da se potrudat da razrabotat nesto,mala firma, da investiraat vo znaenje, so razni kursevi itn se kupuvaat koli za "vidi me mene".E se dodeka e taka, ke ostaneme na dnoto, i ke kukame cel zivot kako nema pari, ama ima za edna kolicka, itn.So evropa ne mozeme da se sporeduvame vo "koli", kako sto e slucaj kaj nas, ama za nauka skoluvanje itn, nikoj ne ni brani, toa e klucot na uspehot na zemji kako Germanija, Avstrija, Slovenija, Ceska, Irska itn.
Од: mende
Датум: 16.07.2010 08:46:23
ovaa godina uvezovme dovolno polovni avtomobili a bogami i gubre, za 2-3 godini ke vovedeme nekojsi standardi taka da polovinata od tie ke otidat vo otpad. I sega i togas ke si ima nekoj kar od ovaa rabota. Dosega narodot jadel po 100 samari, a ovaa godina 50 samari zatoa e i sreken zos jade 50 samari bez da znae zasto :).
Од: sakav da kupam nova kola
Датум: 16.07.2010 09:30:36
no dilerite ne gi spustaat cenite na realno nivo, da kazeme fiat panda vo romanija e pomalku od 5.000 evra a vo makedonija 7.500, plus kredit ke dojde 10.000 evra, bez da se ispotat dilerot i bankata ke zarabotat pari kolku sto e fabrickata cena na voziloto, doeka fabrikata nema da zaraboti ni 1/5 od fabrickata cena. Si kupiv Lancia Delta 1.6, za 2.300 evra, voopsto ne se cenkav kolata e grom recisi nova za 5 pati podobra od Pandata. Kakov uvoz na gjubre od Evropa, ne tropajte gluposti, ima strasno dobri koli i pak ke kazam sekoj saka da kupi nova kola no da bide realna cena, mislam vo denesno vreme lesno se stignuva do informacii bidete realni toa e vo interes na site...
Од: samoil
Датум: 16.07.2010 09:33:58
Do Todor Sigurno ti doma imash se novo staro po edna dve godini,ako neshto imash primer pet godini ushte denes frli go za toa sto spored tebe e gjubre a ti sigurno ne sakash da ziveesh vo gjubre. Izlezi od taa administrativna rabota i ke go razberesh zivotot i nacinot na zarabotka na plata i pari
Од: Струмица
Датум: 16.07.2010 12:50:20
Ми требаат податоци од лицето кое го продава Голфот караван 2000 со поминати 150 000 километри (каде вели дека ако никој не го сака ќе оди за старо железо).Ве молам контактирајте ме!
Од: Lisamada
Датум: 16.07.2010 15:51:26
Mislam deka matematikata so koja Vladata vleze vo ovoj proekt do nekade i se isplatese. Megjutoa ovoj proekt pokaza nesto sosema drugo, a toa e deka duri sega uvidovme deka gragjanite na Makedonija raspolagaat so odredeno kolicestvo na pari koi za zal preku ovoj pogresen proekt ostanaa vo strnstvo. Samo kako ilustracija, pisuvate deka do sega se uvezeni 30.000 koli od koi najmnogu Opel Astra koja cini nekade od 800 - 1000 EVRA. Da pretpostavime deka sredna cena za vozilata e 1000 EVRA x 30.000 vozila = 30.000.000 EVRA Tocno taka 30 milioni evra makedonskite gragjani odnesoa i ostavija vo stranstvo. Ako tuka gi dodademe i trosocite koi gi imale za prestoj, transport, izvozni spedicii, deklaracii, prevodi i slicno, togas ovaa cifra sigurno iznesuva nekade okolu 40 milioni EVRA. Zalno e sto ovie pari nikoj vo Makedonija neznae kako da gi izvlece od gragjanite.
Од: kameob
Датум: 16.07.2010 16:23:24
Kolite proizvedeni vo vtorata polovina na 90-te se so mnogu podobar kvalitet okolku onie proizvedeni vo kriznite 2005-09 godini, koga se stedelo na materijal. Primerot so Toyota. Jas naprimeir vozam Akura Integra 97 godina so pominati 147,000 milji (Akura e luksuzna klasa avtomobili na Honda). Toj tip na koli ima vrven kvalitet i so odlicen dizajn i motori a vozenjeto e kako kolata da e kupna vcera (nema nikakvi tresenje ili ckripenje od vnatre ili odnadvor). kaj Akura Integra 1997 ima samo odrzuvanje (promena na maslo itn) Ford Focus 2005 ima odrzuvanje i popravki). Slicno e naprimer so Korsata vo odnos na drugite vozila (Reno ili Ciroen) vo Evropa.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Без компас
МАНУ финансиски го допре дното
Поместени коцкички во главата на Мел Гибсон
Антикоманијата за банкрот
Мадам Пепи ќе одговара и за перење пари
Дојран очекува туристички бум
Лош почеток на „Охридско“
Музиката на летото
Прилеп очекува 300.000 љубители на пиво и скара
Фармерот Илиевски за полицијата е дилер на дрога
И Јулија Тертила стаса за леење
Минимал-технозвукот е белег на журките
Што треба Трајко да знае (а се прави дека не знае)
За Џуд Лоу не е најважна славата
Убавицата го најде својот ѕвер
Кога стравот ќе го опседне умот
Моќта и влијанието е во функциите, а лекот во казните
Време е за одмори!
Стил